Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.043
    Допаѓања:
    22.111
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум користела гаќички од причина што ми се непрактични за во зима, треба да го соблекувам цел за да сменам пелена. Нема он проблем со протекување, никогаш немал. Ама мислев откако ќе тргнеме пелена воопшто да не ставам ни за надвор ни ноќе. За спиење мислев да му облекувам од оние гаќички што не протекуваат, а кога е буден обични гаќички.
    Син ми не го ограничувам вака, не можам и не сакам. Он пред да заспие во кревет 3-4 пати бара вода, не е дека му се пие него така си го одложува спиењето. Пелената сабајле е ептен малку мочкана, а некогаш кога ќе успеам да го седнам пред спиење на нокшир не е ни ич.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    8.973
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella , што читам искуства викаат бар час пред спиење да не пие ништо.
    Е сега по 2-3 голтки пред спиење, не е исто со пример 200мл вода/млеко што и да е.

    Инаку не ми текнало на тие гаќи за одвикнување што ги викаат на кој принцип се, воопшто не пропуштаат надвор ништо? Само внатре може дете да осети кога е влажно/се помочкало?

    За ќерка точно 3 години е. Денови уназад станува сува ретко кога еднаш помочкана. Ама се почесто е сува. Така да мислам дека е веќе време да се пробаме и преку ден без памперси.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    20.732
    Пол:
    Женски
    Ако еднаш решите да извадите пампера не враќајте за никаде. Ке шетате две три недели со 3 пара резерва алишта во ранче ама и тоа поминува.
    Јас никогаш не облеков од тие гаќи за одвикнување, пошо ми немаше логика штом не пропуштаат нема да знам а он ке е помочан, не ни знам всушност како функционираат.
    Час до два пред спиење гледајте да намалите внес на течнсти, или по некоја голтка. Прес спиење обавезно мочкање, јас му велев " сега легнуваме, ако ноќеска ти се мочка обавезно да и кажеш на мама" ни еднаш ноќе не згреши од првиот ден стана со сува пелена и трчаше на кај шоља. Преку ден имав повеќе мака кога ке се заиграше и заборавеше па ке се измочка, за какање еднаш пушти во гаќи и тоа беше тоа, на почетокот и за какање викаше "мотааам" ама кажуваше битно. За месец дена одприлика почнав слободно да шетам без да го препрашувам сто пати зошо сам си кажуваше.

    Е имаше моменти кога се бунтуваше за во градинка и мочаше во гаќи пред градинка точно на истото место секој ден мислејќи ке го вратам дома, и на тоа финтата му ја сватив па мочавме обавезно од кола само што ке го извадев. После зеде во градинка да им се моча со полн ранец алишта го праќав ама и тоа 3 дена траеше, од инат не од друго.
    Има девојче што оди со него, во градинка носи памперс дома не, тоа не ми е јасно како го изведуваат. Штом дома ви кажува и таму ке каже ама родителите се тие на крај што одлучуваат.
    Само упорно и без нервози за 3 дена је сватат ко за се останато.
     
    На DaftyCrafty, јolene, warrior и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.043
    Допаѓања:
    22.111
    Пол:
    Женски
    Не знам искрено на кој принцип функционираат, нека каже некој што има користено. Син ми мислам дека не е спремен, уште не му смета полна пелена и едвај се убедуваме да го пресоблечам, уште знае откако ќе заврши работа да каже сакам нокшир, ама тоа е обично пред спиење за да го пролонгира спиењето. А јасно му е што и како функционира, ама ете. Мене овој период не ми се почнува со одвикнување, здравје да се потстопли ќе ги тргнеме. Така и ми беше замислено околу 3, 3 ипол да го решиме тоа.
     
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.339
    Допаѓања:
    47.438
    Пол:
    Женски
    И мене не ми беше искрено во план, а го гледам дека не е многу спремен реално, се случувало да биде цел ден без пелена ама пак барал, вака два дена по ред се немаше десено, па си викав може тоа е тоа, ама ете денес се уби од плачење пелена да ставам и ја ставив. Така да ќе
    речам за сега ќе експериментираме, ќе сфатам кога е спремен веројатно ќе има повеќе знаци.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.378
    Допаѓања:
    12.057
    Пол:
    Женски
    Совет од мајка што избрза одвикнување, да не влегувам во детали, само ќе ви кажам да не форсирате.
    Не е нешто што се учи и успева ако вие сте намислиле, или воспитувачките инсистирале уште од јасли да го ставате детето на нокшир.
    Треба и на детето да му 'кликне' моментот, а тоа не се изнудува. Дознав на потешкиот начин. :D
     
    На lackygirl, 1209, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    1.347
    Пол:
    Женски
    Јас мислам баш тоа што едвај го убедуваш да го пресоблечеш ти е знакот дека е спремен. Исто беше и син ми, ми се темнеше кога ќе дојде време за менување. После ќе се чувствува самостојно демек голем е сам се качува на шоља, сам пушта вода и ќе се преродиш. А не му сметаше и на мојот мочана и какана пелена ич.
     
  8. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    902
    Според мене знак дека треба да се фрли памперс е ако некое време навечер памперсот е сув и ако кажува пред да се помочка во памперс дека му се мочка тогаш е време за тргање на памперс, кај нас беа овие знаци и лесно поминавме за неколку дена научи да се мочка и кака и не згреши ниту еднаш после тоа.
     
    На Bella_Stella, 1209 и warrior им се допаѓа ова.
  9. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    И мојот од кога седна дома со пауза од градинка, ќе седне на каучот и тин мамо тин, цртан у превод. Некогаш го пренасочувам и ќе седнам и јас да се играм со него ама некогаш не се издржува. Сепак гледам ако пуштам да пуштам некој наш цртан со говор и посмирен да е. Тина и Тони сам ги бара, има еден со една мечка без говор на фарма и серијата филмови на англиски The Little Bear и Oblutak на хрватски.
    Инаку имаме коцки магнетни, обични, животни и човечиња и со нив нај се игра исто и со колички и кујна.
    Исто и нему му излегуват две петки ама немаме мака со јадење иако претпочита да јаде дадо *(чоколадо) кок (сок). Гледам главните оброци да му се поздрави оти ако не јаде само ужинки сака после.
    Инаку мајки дали сува пелена преку вечер значи дека е спремен да тргнеме пелената? Два дена по ред му е сува насабајле. Знае шо е кака ама некогаш кажува некогаш ќе каже кака и нема да има. Чекам да се потстопли да пробам после 2риот роденден за еден месец.
     
    На јolene, Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.043
    Допаѓања:
    22.111
    Пол:
    Женски
    Тогаш не го брзај, остави го сам да си одлучи. Вие мислам и онака сте дома и тоа е каде каде полесно. Син ми оди во градинка и јас ќе морам да земам некој ден од одмор за да го реализирам одвикнувањето.


    Од тоа тоа што сум читала еден од знаците на спремност е да му смета нечиста пелена, иако во пракса нели не е секогаш така. Син ми не сака на адаптер, не сака ни на нокшир. Кажува во градинка кој седел на нокшир, сѐ си знае, ама едноставно не сака. Јас нема да чекам нешто премногу. Опремена сум со гаќички со превозни средства, мислам дека ќе ми помогнат во одвикнувањето зошто му се најголема љубов. Одамна е нокширот присутен околу нас и нудам ако сака, ама 90% одбива или ќе седне и одма станува. Мнооогу ретко да заврши работа во него. Знам дека периодот од годината не треба да ми е пресуден, ама со оглед на тоа дека не гледам некој особен интерес кај него, ќе си почекам до пролет.
     
    На lady1987, 1209, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    8.973
    Пол:
    Женски
    Често ме советуваа на одмор кога сме да биде нели гола цело време и да се одвикне.
    Некако како многу лош совет ми личеше. Едно што не седиме цел ден на плажа или не одиме во камп/шатор за да е надвор постојано, друго како би личело на туѓи соби и кревети некој после нас да ја најде собата со извинете на израз ама смрдеа на мочкано насекаде.

    Што вика Бела, баш дома седење и тука да се одвикне.
    Инаку во градинка кај нас ги седнуваат ама не ги принудуваат со сила дека мора да седат, додека дете само не изрази желба.
    Знам за друга градинка каде што по секоја цена седеле и по пола час и повеќе децата додека не се помочкаат во нокшир што малку ми личи тирански однос.
     
    На Carolin., 1209, Fenix05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    12.237
    Пол:
    Женски
    Ден два, цуцла не се даде за заспивање, чинам потешко од вчера заспа.
    Мене многу тешко ми падна плачењето, оти уствари јас и ја дадов ко бебе на месец ипол, и сите тешки моменти со неа се смируваше и сега јас и ја земам утехата, асоцијација за заспивање, оти одеднаш не е добра повеќе за неа. Како да разбере мало дете дека не може повеќе, кога не знае без неа.
    Толку без врска се осеќам. Мислам знам дека е за нејзино добро. Јасно ми е. Се осеќам вака оти воопшто сум дала на прво место.
    Кај мене надвор пак снег прогноза и во минус да оди.
    Е аман зимово крај нема. Од ноември ко почна со минусите, на прсти се бројат деновите кај што помеко да излеземе беше. Ние и на 5-6 степени сме надвор, не дека барам којзнае колку. Ама аман кога ќе стане 10+ степени барем.
     
    На misli_si, Carolin., 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.339
    Допаѓања:
    47.438
    Пол:
    Женски
    Јас пак овде се утепав од снег барање, саглам зима немам видено, дождови не убија. Мислам ние секако и на дожд сме надвор, ама сакам малце снег.
    За цуцлата знам дека многу ти е мака, јас уште го дојам пред спиење ради ова, знам дека е доста и дека и да е треба да сечам ама како?
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.043
    Допаѓања:
    22.111
    Пол:
    Женски
    Глупости, нека проба некој да го натера син ми да седи пола саат на нокшир, орден ќе му дадам. Таков инат и таква сила има кога не сака нешто, чудо едно е. Кај него воспитачките не форсираат, ама некни баш ми кажа едната дека во таа група кај што ќе оди од Септември сакаат да е без пелени. Таман го имаме периодот пролет/лето да се одвикне. Јас планирам да земам 2-3 дена одмор, споени со викенд и да се посветам на тоа максимално и сметам дека ќе успеам.
    Немој така да гледаш на работите зошто секогаш за нешто ќе ти биде криво. Тажно е претажно за гледање кога тагуваат и по ци*е и по цуцла, ама тоа е процес што скоро сите го поминуваат. Од секогаш сум им завидувала на мајки чии деца сами се одбиле од доење и сами фрлиле цуцла. Што дадов не се каам воопшто, во многу ситуации ми била од огромна корист, ако не била добра немало да се измисли и да се користи со децении. За тоа што му ја земав ми беше криво, особено на почетокот. Ама знаев дека колку повеќе пролонгирам, толку потешко ќе му биде на него и затоа пресеков. Имаше 2г и 5м кога прекина да користи и дури мислам дека порано да ја тргнев ќе беше многу попаметно, ама не најдов простор зошто пред да наполни 2 го одбив од доење и не сакав да дојдат премногу шокови. Издржи уште некој ден, знам дека срце ти се кине ама за нејзино добро е.
     
    На lackygirl, Carolin., јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. misli_si

    misli_si Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2020
    Пораки:
    571
    Допаѓања:
    425
    Пол:
    Женски
    Велат 3 дена и ќе заборави ама не е така. Мојата во октомври и ја земав иако само за спиење ја користеше и од тогаш сме изреметени и со спиење и со се. Нема врска кој и ја дал, ете кај нас нас мм ама мораше да се тргне оти и ги притискаше забите говорот и доцнеше и сл. Спиењето и по 4 месеци не и е регулирано ама веќе нема назад. Кога ќе видам некои деца по 5 години уште со цуцла ич не мине криво што и ја земав оти само потешко ќе беше. 1 г и 11 м имаше тогаш
     
    На Carolin. и јolene им се допаѓа ова.
  16. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    1.771
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми од 2 години и 3 месеци е со измислено другарче и нема простор за грижа, баш значи развиена имагинација.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.421
    Допаѓања:
    25.083
    Пол:
    Женски
    Сношти прва ноќ во детска со брат му заедно двајцата. Освен што станував 3 пати за да ги покривам друго се беше во ред. Повеќе проблем ми направи големиот (со мене спиеше до сега 7 год) плачеше, мн тажно, мн емотивно се помина, ама со зборување се убедивме и прв заспа, цела ноќ како топ спиеше, малово потешко заспа бидејќи дента беше кај мајка ми и спиел 2часа, па така прв пат сами со мм в спална без креветче после 7 год. Уште не ми се верува дека имам простор во спалната за движење :D
    Малово па ќефој беше дека креветчето в детска, си легна сам, си ги легна мечињата до него, на перничиња, па ги покри :rofl: :rofl:

    За пелени абер нема, кажува ако е какан ама не му смета многу :lol: здравје летово ќе биди и тоа и да завршам со пелени :party:
     
    На Bella_Stella, јolene и Carolin. им се допаѓа ова.
  18. lady1987

    lady1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    130
    Здраво ќе може да те замолам да споделиш инфо од каде ги купи гаќичките со превозни средства?
     
  19. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.128
    Допаѓања:
    8.658
    Пол:
    Женски
    Седнување на нокшир.... Хаха тоа е поим... А не да седи пола саат. Тоа нема да се случи никогаш. Значи моево точно знае кога му се кака, моча ама не сака да чуе ни за нокшир, ни за шоља. Во шоља имало дупка и не сака и крај на приказната.
    Нокшир имаме и обичен и како шоља. Ниту еден не прифати.
    Тој само ќе каже идем да каким. Чучнува и си завршува работа во пелена. Значи точно знае кога му се кака.
    Имам пробано да го седнам гологаз...само што ќе го допре нокширот одма скока како на оган да седнал (facepalm)
    И не форсирам. Планирам малку да се затопи да раскренам теписи и да извадам пелените. Ќе биде пресоблекување, ама си велам кога ќе осети како е да си мокар ќе почне да кажува.
    Ќе дојде и тој ден. Никој не останал со пелена :lol:
     
  20. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    20.732
    Пол:
    Женски
    Дали им ставате крема за лице и каква? Го мачкам со веледа после бањање ама образиве црвени му се и суви од ветар не знам што да земам да му ставам.. прееска невен од мм му мачнав ептен црвен е денска дека повеќе надвор бевме и го фати ветар