Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    И неодењето на работа не е воопшто лесно, цел ден дома со дете мене лично ми е претешко. Кога е болна јас ја чувам и веќе до ручек сум исцрпена. Кога одам на работа уморот е друг, доаѓам дома уморна но имам повеќе трпение за неа. Се си има своја тежина и секое жалење за мене е легитимно. Се надевам ќе најдеш нешто соодветно што ќе ти одговара, а верувај многу побрзо ќе се адаптираш отколку што мислиш. :)
     
    На Giiirl23, јolene, Ceneva и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.043
    Допаѓања:
    22.111
    Пол:
    Женски
    На тема работа само едно имам да кажам. Периодов одам на работа за да се одморам - толку. :)
     
    На misli_si, Dpokahontas, Suze18992 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.927
    Допаѓања:
    6.536
    И ја сестро, и ја. Понеделник ми е омилен ден :D
     
    На Suze18992, Giiirl23, Ceneva и 5 други им се допаѓа ова.
  4. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    12.237
    Пол:
    Женски
    Јас прогласувам цуцла тргање за успешно. Денес не се ни спомна, ни побара. Пред спиење шмучка малку со устата, ама ќе го заборави и тоа.
    Искрено, полесно отколку што си мислев дека ќе биде.
    Е сега шо ни се одмаздува со однесувањето е друга тема. Не прегоре. Не можеме повеќе и двајцата.
     
    На misli_si, Thinkerbell., Ceneva и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.043
    Допаѓања:
    22.111
    Пол:
    Женски
    Бравооо! Ајде сега побрзо да оздрави и правец во градинка. :D
     
    На Ceneva и јolene им се допаѓа ова.
  6. AlmaOculta

    AlmaOculta Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
    Читајќи ја jolene, ме мотивира и јас да се обидам да му ја тргнам конечно цуцлата. Има точно две години, но сфатив дека на секое цифкање, жалење или плачење јас му ја подавам и со тоа се смирува. Сфатив дека нема да знае да се избори ниту да искаже емоција ако продолжи така.. Покрај тоа што ќе му се искриват сите заби.
    Вечераше и му реков на маж ми, донеси ми ја но ќе се обидам да не му ја дадам. Си легнавме и почнав да му раскажувам приказна за мечето, зајчето... И си заспа. Шлапаше со устата но заспа. Во текот на ноќта закенка два пати ама презаспа. Се размислив, можеби сум можела и порано да ја тргнам, но таквото кенкање во текот на ноќта јас одма му давав цуце... Ете го и сабајле весел не го ни побара. Но, ми ги најде сокриените и мислам дека сите три одма ги пикна во уста. Со три цуциња беше... Пак се вративме на почеток. Но го пратив во градинка, таму се без цуциња цел ден. Кога ќе заврши веќе не му давам. Стварно се надевам дека лесно ќе помине, бидејќи мислам дека мене ми е повеќе навика да му ја давам него ли на него да ја бара. Кога ги листам и сликите што го имам сликано скоро секаде е со цуце. Сметам дека е доста. Допрва ќе го развива говорот, колку и да е тешко ќе издржиме за нивно добро е!
     
    На misli_si и јolene им се допаѓа ова.
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.043
    Допаѓања:
    22.111
    Пол:
    Женски
    Ако детето само не бара тоа е супер и тогаш немој да му нудиш. Кога му ја тргнав цуцлата на син ми на вториот ден ги фрлив сите цуцли што ги имав дома. Едно за да не случајно види некоја и побара, зошто он си бараше ако ја види, а друго за да не попуштам ако многу негодува. Син ми ептен тешко се одвикна, буквално страдаше по цуцлата, дури можам да кажам дека беше потешко отколку од доење. Он беше поголем, 2г и 5м и мислам дека и тоа има влијание. Супер што се без цуцли во градинка, тоа е некое правило или? Зошто кај син ми скоро сите деца беа, а некои и сеуште се со цуцли.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AlmaOculta

    AlmaOculta Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
    Уште прв ден кога тргна, јас го пратив со цуцла ми ја вратија на врата и рекоа дека нема цуцли во градинка, за да ги заштитат да не си ги зимаат едно од други и така дупло да се заразуваат. Плус малку се во група, така испадна во неговата иако е државна градинка, 15 деца се вкупно. Кое иде, кое не иде, околу 7-8 деца се максимум. И во градинка воопшто не барал. Но забележав дека почна манипулативно дома да плаче за да му ја дадам и ми беше мислам дека на мене слабост. На крај си викам, па ако може да издржи во градинка и да спие и да не ја бара па може и дома. И еве вчера успеа, сабајле ми ги најде. Мислам дека поголем страв ми се создава на мене, него ли на малото и неговата зависност спрема цуцла. Дури и вчера кога го заспивав бев со страв, леле само да не ја побара, само да не ја побара.. Но во право си, ќе ги фрлам денес за да не попуштам. Последно беше летото реков ова се последни две цуцли што купувам и ако ги изгуби веќе не давам пари. И така беше. Истите цуцли се од тогаш, ама а една снема кај мене се јавува паника леле што ќе правиме сега... Си ја сфаќам грешката и морам без разлика дали сакам да го отргнам од цуцли
     
    На Bella_Stella и Carolin. им се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.043
    Допаѓања:
    22.111
    Пол:
    Женски
    Браво за градинката! И син ми се околу 15 деца во група, ама цуцли си користат и имав проблем со тоа да бара таму зошто гледа други деца. Дома не бара ама таму да и дома кажува кој цуцал. Не му е заборавена и мислам да му дадам ќе си почне пак да си цуца без проблем. Ама најпаметно е еднаш кога ќе ја тргнеш сите цуцли одма во ѓубре и крај на приказната. Инаку знам дека ти е тешко, за многу работи нас потешко ни паѓа отколку на нив уствари. Ама ќе ти помине. За три дена ќе биде како никогаш да не користел.
     
    На AlmaOculta му/ѝ се допаѓа ова.
  10. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    12.237
    Пол:
    Женски
    Мене па Бела ме охрабри, иако кај нас беше тема веќе некое време. Ние пробавме во октомври, ама многу бевме изморени и се откажавме.
    Во градинка она како што е политика би требало да даваат само за спиење, освен на бебињата што се на адаптација..она и дома само за спиење си ја носеше.
    Е арно ама во градинката ја научија и да се утешува со цуцла и автоматски и дома повеќе ја бараше. Наместо да се исплаче, она цувла и ќе седне и ќе се фаќа за косата да се смирува. Мене ми беше језиво така. После како почна болна и да нараснува уште повеќе ја бараше, па ја криев на високо и само за спиење ја давав.
    Кај нас ескалира сега кога бевме во мк и кога беше болна. Тогаш нон стоп ја цуцаше и ја бараше, не можевме и додуша не сакавме да и ја земеме оти беше стрес за сите.
    Дури и во болница сите доктори и рекоа како ти не ли си голема за цуцла:?:. Овде никогаш никој не рекол така, ама до 3 г ја толерираат сите. Е сега проблемот настана кога се вративме и видов дека едната единица се накривила нанапред. Јасно беше дека мора да ја тргнеме, ама како сега на болно дете баш и цуцла да му земеш.
    И еден ден така почна да прави глупости, што ништо не ја смируваше и ни беше јасно дека оди на подобро веќе. Маж ми се изнервира и ја казни дека нема цуцла веќе.
    Да беше до мене, јас ќе почекав уште некој ден, ама нема еднаш се рече и крај.
    На вториот ден така плачеше и заспа плачејќи, спиеше 3 саати и на полноќ пак стана и продолжи да плаче..
    Нареден ден почна и да збори зарипнато и да кашла пак и се, ама сега е добра.
    Не ја ни спомна. Секој ден дневната дремка ја заспива побрзо и полесно. Е за навечер глупостите си траат. Пак ме изнервираа. И двајцата.
    Кај она отспа и знам дека апред 10пм нема да запие, он уште пред 8 ја избања, па и коса измиле оти сакала и во 8ипол во кревет. Ќе спиеле.
    Ахам. Секако.
    Тоа глуписти, скокање, па смени ми пелена мочкана е. Па тргна да бега. На крај веќе цел ден што ме малтретира и викам ќе те оставам на тераса на ладно и темно и ќе седам тука да одморам од тебе. Е па идеата и се виде супер, па морав на тераса да ја носам на темно и ладно :x. Па во вреќа за спиење, чадам од сите страни ја однесов..па на терасата со балансер со вреќа ќе се возела :@.
    А надвор 0 степени.
    Абе така свикав и теков да спие сама и да не ја гледам. Отидов да се туширам, дојде во купатило да провери дали коса мијам :devil:.
    Невозможна е, толку е напорна станата шо нема до кај.
    Ја зеде и ја успа на крај. И успиена се караше сакала и ќебе врз вреќата. А вреќа не облекла од октомври навака. Од кај сега и дојде и тоа на памет. Оти розова била. Абе седи и гледај.
    Цел ден само расфрла и не собира ништо по неа. Се запенив од објаснување, те гледа и те провоцира намерно, чека да се изнервирам. А јас во пмс многу тешко е. Цел ден се дерам како ненормална. Пола ден гола беше, се бркаме да се облече. Абе ќотек..ќотек од рајот излегол и страв да ти има :smoke:. Страшно.
     
    На Carolin., AlmaOculta и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    8.973
    Пол:
    Женски
    @јolene , не сум само јас што помислува 47282 пати на ден на ќотек. :D
    Ама стварно се невозможни веќе, ок може и ние си ги правиме невозможни.
    Во група кај нас од 2-3 години, гледам по слики од помалите деца неколку постојано со цуцла во уста, така да не е забрането. Мојава и никогаш немала цуцла, претпоставувам и не му ги зема таму на децата.
    Е пред некој ден во чаршија се сретнавме со другарче 3+ години е веќе, од групата исто. Во градинка не сум го видела со цуцла, по чаршија имаше. Дали е рано или доцна за тргање не коментирам. Во мојата замисла за детево многу поразлично карактерно требаше да испадне ама ништо од замислата.
     
    На јolene и Carolin. им се допаѓа ова.
  12. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.128
    Допаѓања:
    8.658
    Пол:
    Женски
    Тема цуцла, и јас никако да му ја тргнам. Чекав по операција. И кога имав супер прилика, тој оп се разболе. И ми беше жал. Сега пак одолговлекувам да не ја стресирам свекрвата да го слуша кај што плаче (!тазе оперирана е ) , зошто знам дека ке има многу плачки. Премногу си ја сака цуцлата инаку. Како си ја бара со таков тон да се наежиш од страв дури.
    @јolene инаку денес и мене синко ме полуде и ми се крена косата и го плеснав. Ми е криво многу ама и не ми е. Помешани емоции имам. Ама да ти кажам немаше ефект што го плеснав.
    Ситуацијата беше следна....
    Ја фрли топлинката директ во огледало, среќа не го скрши да се испосечи. Само му реков срамота тоа не е убаво. И отиде во кујна го фати таблетот и го акна од земја оти не сакал тој да јаде. Е тука ми се споија жичките, исто и јас во пмс сум и го фатив и плеснав по бутот. И го однесов во соба и го оставив на кревет да седи. Почна да плаче зошто го оставив сам и по некоја минута дојде мама узми ме и устани, хочу у нашу собу. Ајде попуштив и го земав и само што влеговме в соба се смири.
    Плескањето не придонесе ништо зошто не изреагира, ниту заплака. Ама што го казнив во соба да седи сам и те како го допре. И после седна и ми вели нечу да једем. Не мораш му реков и почна да срка од манџата (facepalm)
    Буквално крајот не можам да му го најдам, ниту па нзс на постапките негови ама тоа е.
    И после јадење следеше лекција пак за тоа фрлање... Често се дешава. И се е околу јадење, ко на сила да го терам :drunk:.
    А секогаш се седнува и ако не сака му велам не мораш, јади кога сакаш. Ама ете имаме испади да фрла зошто не му се јаде. И храна фрла, или чинија, или што ќе му дојде под рака. Ми личи ко да му смета што ние седиме јадеме, а тој не сака. Ама тоа не може тој како мисли, и не мислам тука да му попуштам.
    Не тестираат само така... Ама и ние живи луѓе сме и ние имаме некој граници.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.043
    Допаѓања:
    22.111
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе одложуваш за цуцлата толку потешко правиш да му биде. На свекрва ти нема да и е стрес ако плаче по неа, повеќе на тебе ќе ти биде ама и тоа ќе помине. Не си барај изговори, тргни ја што поскоро за негово добро. Ќе си најдеш начин. Мене устата пена ми фати дека бебињата цуцаат цуцла за да пораснат, дека он е голем батко. Пак плачеше не дека не, ама тоа траеше само три дена и после се помири. Ско чекаш сам да ја остави тоа може да не се случи и до 5-6 г. Девојчето на другарка цуцаше до 4+ што е апсолутно погрешно според мене од многу причини. Ти си знаеш ама јас на твое место би ја тргнала уште одма.
    За фрлање на јадење имам 0 толеранција и тоа е нешто што е апсолутно недозволено. Пробува да фрла и син ми кога не е гладен, ама инстантно го станувам од столот и оброкот е завршен. Ако не сака да јаде тогаш ќе јаде покасно, молби за јадење нема кај нас. И тврдам дека е контрапродуктивно да молиш дете да јаде.
     
    На AlmaOculta, јolene и Carolin. им се допаѓа ова.
  14. Suze18992

    Suze18992 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    1.630
    Пол:
    Женски
    За цуцла, кај мене девојчето се шеташе цело време со шишето со вода заради цуцлата, лани летото на две ипол години морав да и ја откачам преку ноќ буквално затоа што приметив дека и се менува вилицата... За чудо некое не беше тешко со многу плачки и кога ќе ја побараше и кажував дека ја однесов на малите мечиња во зоолошка да пијат млеко, а она е веќе голема девојка го прифати тоа.
    За пелените о лани во Јуни имавме неколку неуспешни обиди и двајцата ми мочкаа по куќа за во август кога двајцата мочаа на ламинат и им дадов они да чистат кај девојчето запали и од тогаш и мочка и кака у нокшир, не викам не имаше и грешки некој период кога ќе се заборави.
    Машкото е посебна приказна не можам ни да го седнам на нокшир , а камоли да заврши работа му купив и жапче му викам еве ти тука ќе мочкаш голем си веќе, ама никако да запали. Има периоди кога ќе каже мама чиш ама да го соблечеш нема да мочка.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dpokahontas

    Dpokahontas Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Имам детенце 2 години и 4 месеци, во последно време многу бара во раце да се носи. И дома а особено надвор. А веќе е голем да се носи цело време во раце. Дома кога е и скока и оди и од кревет скока, ама на пример да треба одиме од дневна во кујна ќе побара в раце да го кренам и да го носам во кујна. Не секогаш ама голем дел од времето е така. А надвор скоро воопшто да не оди сам. Многу се нервирам и цело време му зборвам дека треба сам да оди ама без успех. Ве молам ако некоја имала сличен проблем да ми даде совет, како го решила. Навистина многу се нервирам дека не можам надвор во парк да го прошетам цела зима ја преседовме дома.
     
  16. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    20.732
    Пол:
    Женски

    Пробај со мали чекори на пример одете со количка/точак/туркало што и да корстите до парк па таму да трчка и да игра на кај дома пак ке го возиш. Така на пример недела две, после пробај еден ден да одите пеш. Ги фаќа некој период таков со носење ке му помине.
     
  17. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.128
    Допаѓања:
    8.658
    Пол:
    Женски
    За јадење не молам ни јас. Ми помина таа фаза кога молев. Седнуваме ако не сака го оставам кога сака. Ама ете има некој период и фрла. Обично не реагирам ама вчера ми ја претече чашата на толеранција.
    А за цуцла во право си. Морам да ја сечам :?:
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    3.495
    Пол:
    Женски
    Право да ти кажам не ми пречи преку ден да не спие ако не сака, бар навечер имаме повеќе време со мм за нас. Е сега ако спие преку ден и покасно заспива навечер ми е помачно. Ама гледаме да е се потсредено, сите избањати, и се успиваме и после тоа бар пола саат, саат да имам за мене/ нас.

    @јolene Браво за цуцлата. Стварно е секое чудо 3 дена.

    @Bella_Stella И кај нас во градинка рекоа нема цуцли. Посебно од септември како тргнаа во поголемата група. Мојата додуша преку ден никогаш не цуцаше, само за спиење. Ама олеснување беше што во градинка немаа.
     
    На Bella_Stella и јolene им се допаѓа ова.
  19. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    168
    Пробав да ве исчитам во последните страни и гледам дека кај сите е со плачки и нервози по цел ден. Си плачам буквално секој ден, психички паѓам веќе, па малку се тешам дека не е кризно само кај нас. Туку, дајте му совет што да правам со успивањето. 2ипол години е, отсекогаш е тешка за успивање, се уште се нишкаме:@ (пробано на спална, не постојат шанси), и ај што се нишкаме ама веќе месец време кога одиме да се успиваме преку ден нејќе очи да затвори за жива глава. Ѝ паѓаат очите почнува да заспива и ги отвара најшироко што може. Само велам затвори ги очите - ќе каже Не и готово. После вришти до вечер не може да издрже без спиење и денот е претворен во пекол. Има ли некој совет, ќе полудам?
     
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.043
    Допаѓања:
    22.111
    Пол:
    Женски
    Син ми е уште во јасли, во истата група кај што тргна на година ипол, а таму има и помали од него, па и поголеми што се со цуцли. Од овој септември ќе оди во поголема група, за таму ми кажаа дека не сакаат ни пелени ни цуцли воспитувачките.