И синко со тт беше еден ден, ама константно без симнување, до 38.7-8 најмногу,се пожали и на мешето, и беше со само една течна столица. Среќа што прифаќа електролити, вода и само цедени сокови. На дежурен ни рекоа, вирус, кај матичната вчера и грлото црвенко, па заработи Амоксиклав. Додуша кашла син ми.
и моите и двете беа со вироза цела недела ама поминавме без аб фала богу.Јака калшица имаа и обилен секрет.Големата првиот ден од шлајм и повраќаше што досега не се десило.Подобри се сега
Јас два пати ја бањам ( Среда и Недела без промашување) комплет, а освен ако дента не е многу какана ретко и го мијам дундето( немаме проблем со вцрвенување, чешање, ..) Освен на лето кога се тушира секој ден.
Е тоа е проблем кој ме мачи многу. Ти ја знаеш состојбата на синко, страв и на една обична кивавица, не сакам да давам аб, ама од пусти страв од полошо, си викам нека испие една доза. Не сум во состојба да ризикувам.
Мајки син ми пие многу сок. За да не давам купечки му цедам портокал и го разредувам со вода. Значи цедам на цедалка, не во соковник. Колку количински е во ред да се пие? Друго, син ми има буквално брз метаболизам, 4-5 столици има, нормално. По секое јадење кака. Во ред е ова за мало дете? Вака е од кога е роден. Матичната вели нормално е.
Форсирај повеќе вода. Мислам дека во текот на цел ден е доволно 3-4 портокали. Разредувај се повеќе и повеќе да биде на вода. За метаболизмот, нормално е. Има и возрасни што одат по голема нужда после секој оброк. Без гајле.
Ана толку се, од еден портокал едно шише правам. Повеќе од 3-4 не пие. Ова ми е поздрава варијанта отколку купечки сок.
И ќерка ми пие многу сок. И цадам портокал и со вода го мешам. Педијатар ми советуваше да сварам цвекло и да и давам од водата да пие.Јас и ставам по малку боров сируп и така си го пие. Исто варам шипинки и аронија,па ги гмечам и преку цедалка го цедам сокчето,па и тука боров сируп додавам како засладувач. Ова се некои од комбинациите кои ги препорачувам а кои се собри за крвта и имунитетот. Матичниот педијатар ми ги препорача.
@referentka извини што прашувам што е боров сируп и од која возраст се дава? Свекрва ми прави од млади шишарки од бор со шеќер на пареа и таа го вика боров мед и не знам дали е исто, затоа прашувам. Имам и не знам од кога може да се дава.
@JuLleE И ние сме љубители на сок...2 портокали во денот обавезно и тоа како што велиш фазла од пола вода ставам...исто цедам...за среќа и јогурт пиеме многу...млекото додека бевме болни го откажавме, со јогурт го заменивме...2 шишиња јогурт и 2 шишиња сок во денот...вода ретко пиеме. 1л и нешто течност ни се збира во денот. Сме немале никаков проблем со заби досега, а башка и + 1 портокал или мандарини така си јади.
Го купувам/порачувам од Берово. Не е баш густо како мед. Се прави од борови шишарки кои стојат во мед незнам колку време. Јас од полни две почнав. Во надеж и обиди да го задржам или подигнам имунитетот на детето употребувам боров мед,свежо цедени сокови....
@referentka фала многу за одговорот .Вашиот е со мед , а нашиот со шеќер, ама тоа е тоа течно е и нашето Ние мачиме мака со кашлица и сакав за кашлица да го дадам бидејќи помага многу, ама мали сме уште 16+.
Боров сируп или сируп од борови иглици не се прави со мед туку со шеќер. Се варат иглиците во растопен шеќер (не знам за шишарките) многу часови на мнооогу тивко. Смесата се згуснува ама не како мед. Се дава за кашлица и навистина е ефикасен.
Фала многу , боров мед имаме пробано нема алергиска реакција. Ќе почекаме уште малку за овој со шеќерот
Мамици, би требало ли да ме загрижува што малата веќе 8 месеци е постојано 18кг. ни грам нема ставено на себе. Има 3 годинки и 8 месеци, јаде супер, и количински и разновидно, редовни оброци, физички е активна колку што дозволуваат временските услови (летото беше постојано во покрет, сега е повеќе дома)... Во висина си расте нормално, и дека не качува на килограми се послабо изгледа. Тоа што послабо изгледа не ме загрижува, напротив ми се допаѓа оти претходно беше бајаги буцка, ама си велам дали е нормално 8 месеци ни грам да не се поправи?
Нормално е. Мојов на 6 и пол години цела година нема мрднато од 18 кг. Секој месец го мерам, а во висина оди побрзо. А јаде повеќе од мене. Кога ќе стагнира во висина, ќе добие на тежина.
Колку за утеха, мојот е 4 години, а сеуште мислам дека нема ни 18 кг. А јаде, уста не затвара, ама и газот исто.