Нели е голем за јасли? Кај нас сите 2023та родени веќе се или прва мала или втора мала, зависи како имало место. Или група од 2-3 години, некои и во групата 3-4 години. Инаку за памперс нема ограничување. Се обидуваат да ги одвикнат во зависност од тоа кое дете и како покажува интерес.
Не знам како се вика групата, ама он си е во истата занимална кај што почна, со истите негувателки и со истите деца со кои што почна на година и 5 месеци, сега има неполни 3. Од Септември ќе оди кај нови воспитувачки, во друг дел од градинката и таму веќе ќе имаат активности. Кај вас како е?
Јасли се во принцип од 9 месеци до 2 години, т.е годината кога полни 2 преминува од септември во прва мала. Во јасли се баш во бебешки креветчиња, немаат некоја програма и активности освен нели ако негователките не се ангажирани и да им прават активности. Гледам на ФБ на страната од нашиве градинки и во јасли има екстремно ангажирани воспитувачки кои смислуваат чуда за деца од неполни 2 години. Е сега зависи кога е родено детето, некое со неполни 2, некое со 2,5 преминува во прва мала. Таму не се во бебешки креветчиња, имаат активности, програма, теми за учење. Ги учат да јадат сами, одвикнуваат од пелени итн.
И јас одам на работа да се одморам,после второво едвај чекав денот кога треба да се вратам,нити одмор искористив,сега користам денови кома ми треба ако се болни.
Треба да се скријат цуцлите не може да јадеш чоколадо а да не му дадеш на дете. Исто е и со цуцлите. Ако ја види тешко дека нема да мораш да му ја дадеш. А ќе има периоди кога ќе ја бара и под дрво и под камен што се вика. Тој дел е најтешкиот. Мојата не зборуваше уште убаво и не можеше да каже само кај е викаше ама се претури. Секоја вечер на различно место ја бараше. Дури и под кревет во канта за ѓубре и не ја најде. Кај нас 3 месеци траеше потрагата не три дена
Син ми 3 дена бараше и плачеше, па се помири и еден период воопшто не ја спомнуваше. Ама после мотивиран од градинка пак почна да си ја спомнува и чат пат да бара. Секое дете различно очигледно, ама тежок процес е дефинитивно и родителите треба да пресечат. Ако се чека дете само да фрли цуцла, процентот ма такви деца е многу мал и тешко дека ќе се случи.
Мојава 1 година цуцла не беше видела, сите ги фрлив, и некни ја глеам игра со цуцла во устата . Нашла некоја изгубена по дома од пред 1 година и право да цуцла . Значи ја нема заборавено. Директ у канта отиде. Се случуваше и на бебињата шо ќе ги сретневме да им ги краде од уста.
Здеаво женски, ве читам за цуцлите а мене ми е тема што ми се врти низ глава некое време Мојата женска е 12 месеци, така да по возраст не е за групава ама зашто тука го правите муабетот сакав да прашам за мислење. Ми се наврте некое време да пробам да и ја тргнам цуцлата, ја користи исклучиво само за спиење (и дремка и ноќе), и кога се буди ноќе и ја давам зашто одма ја смирува (ретко се буди пу пу пу). Пробав една вечер, успешно ја заспав без неа, ама после се разбуди и не успеав да ја презаспијам и се откажав, плус вадеше заб во тој период и многу почесто со плачење се будеше. Според ваше мислење и искуство имам ли шанси на оваа возраст или да си почекам. Знам дека викаат или пред 9 месеци или после 2, 2ипол години, ама ете нешто мисла ми е
На оваа возраст мислам дека многу полесно ќе и ја тргнеш отколку покасно. Да се прашувам јас секако ќе сум ја тргнела барем накај година дена, само да знаев дека на скоро 2 ипол ќе биде толку тешко.
Здраво. Да ве прашам, дали на бебе од 11м давате лоратадин? Нас матичен ни препиша ама сегде читам дека под 2г не се дава. И на самото пакување пишува
Јас се решив денес сечам цуцла. Посакајте ми среќа во процесот кој има да биде со премногу плачки. Ете го си ја зема цуцлата и од сабајле му е во уста и не сака да јаде. Тоа не го правеше, ама вчера и денес да. Така да радикално ќе биде од вечерва. Лошите навики дефинитивно се сечат од корен.
А каков совет ќе ми дадете за како? Прво денски, па ноќе, или наеднаш, или? Проблемот моментално ми е што после 8 скок МНОГУ тешко ми заспива денски, ептен е борба, а не знам и без цуцла што би било Да спомнам и дека само заспива со неа, откако ќе заспие и ја вадам. Е навечер се случува да и ја оставам ако заспијам и јас со неа, ама најчесто и сама ја плука
Моето искуство беше што пробав да му ја тргнам накај 15м кога беше и не успеав. Многу плачеше по неа и мислам дека полошо направив. На крај попуштив и му ја вратив. Сега е две години точно. Еве трета вечер како е без цуцла. Стравот беше повеќе во мене, или он беше спремен не знам. Но еве трета вечер како не ја бара, заспа без проблем. Ме фати за рака и за 10 мин заспа без плачки, втората вечер стана сред ноќ, плачеше по цуцлата, му понудив вода не сакаше и го оставив. Поплаче 5-10 секунди си заспа. Третава вечер цела ја преспа без проблем. Во споредба на тоа кога ја тргнав на 15 месеци и сега е небо и земја. Сега буквално без проблем ја остави..
Леле шо убаво така.... Камо таква среќа да имам и јас, ама не верувам. Денеска денската дремка ја заспа без цуцла ама си ја бараше, потплакуваше. И спиеше само еден саат и ко стана одма плачка на носот и бара цуцла. Му реков дека мачето ја земало. Ќе видиме вечерва како ќе биде. Ама имам некое претчувство дека ќе биде многу весело.
Мајка и јас исто се плашев и испадна дека до мене е паниката и стравот а не до малото. Ама еве уште шлапа со устата од навика.. се надевам и тоа ќе му помине
Не знам. Ама како иди време за спиење така паника ме фаќа, како ќе биде, како ќе заспие и милион прашања во глава. Ама толку назад нема. Доста беше.
Јас не се плашам до толку од како ќе биде, туку дали стварно би било полесно сега, или малку понатаму. Затоа што читам дека демек сега од 1 до 2 години стварале поголема зависност кон такви работи и затоа се порорачувало покасно, кога малку повеќе ќе разбираат. Затоа што сега џабе би и објаснувала „што и се случило на цуцлата што ја нема“, нема ништо да ме разбере
Иста бев мајка, но мора да заврши некогаш. Мислам дека колку порано толку подобро. И да помине со плачење подобро ќе биде порано него ли покасно