Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.326
    Допаѓања:
    8.977
    Пол:
    Женски
    @1209 , ми доаѓа да се спукам кога ќе ми рече некоја од бабиве, за 2 минути заспа, а со мене е борба од цел час за заспивање. Или за било што мене нерви ми кини таму бубалче.

    За пелени да гледам Слипи имаат 7ка, ама ако зачекаш во Зегин тестери провери како би ви одговарале оти се помал калап. Бејбилино има 7ка. Памперс Премиум видов исто.
     
    На јolene и 1209 им се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.136
    Допаѓања:
    8.684
    Пол:
    Женски
    И втора вечер без цуцла. Заспавме конечно. Ама беше тешко. Триста муабети се направија. Зборуваше за цуцлата пола саат. Како мацата му ја изела цицлата. А цуцла не се јаде туку помфрит, ќебапче.
    Душа мајкина. Тагува ама не плачеше денес. Ама како си ја спомнува моју цуцлу маца је појела.
    Срцето ме боли ама за негово добро е.
    Одма и повеќе јаде од кога ја нема цуцлата. Така да ич не ми е мака за чекоров. Сега уште мирна ноќ како сношти ќе бидам благодарна.
    Добра ви ноќ мамасити. И јас се одјавувам
     
    На LizzyGrant, јolene, Giiirl23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.