Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.763
    Допаѓања:
    20.745
    Пол:
    Женски

    Имам другарка што така измислува приказни кога треба нешто да направи или кога ме треба. И викав браво колку ете може без плачки да го поминат денот и се фаќав на моменти како се осеќам криво, тоа ми е тешко и толки немам енергија да го подлажнувам.
    Ама затоа вчера ми излезе едно видео за тоа што се случува кога децата од дома не знаат што значи "НЕ" и "НЕ МОЖЕ", што се случува во нивното главче кога некој надвор/градинка/игротека ке им го каже тоа. Тоа се деца без да знаат дека има поставени граници во животов за одредени работи.


    Браво за тие без тантруми јас ги имам 537733 на ден. Од јутра до сутра. Ете прееска плачеше до сома зошо не можеме аквариум еден со риби од кафич да го однесеме дома, уште го збори така жално...
     
    На 1209, јolene и Ceneva им се допаѓа ова.
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.424
    Допаѓања:
    25.092
    Пол:
    Женски
    Има различни деца, различни карактери, кај мене 2те се машки и скроз различни карактери се. Првото имаше тантруми ама дааалеку полесни беа спрема овие кај второво дете, многу беше полесен за се..ова е потежок карактер и со ништо не се лажи и то е :D
    Мене најмногу ме нервира што се му зема на брат му, што се сака негово, што нема мир детево големо, секој ден по 10 пати се караат и мират и се сакаат :D :D
     
    На Grogu, 1209, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.345
    Допаѓања:
    47.467
    Пол:
    Женски
    Моето искрено нема многу тантруми, предходно беа ептен ретки, сега се зачестени, ама јас онака плачење брзинско не го сметам за тантрум оти тоа често се случува.
    Ама ете деновиве барем еднаш на ден има фул блун тантрум што може да трае и по 40 мин.
    Пример сега пред спиење имаше зошто не сакав да стојам надвор на ладно он да ме заклучува.
    Липање, зајдување и повторување до бескрај тоа што го сака, буквално целиот стана црвен во фацата и апсолутно не допирав до него само го гушкав и се тргнав кога ме удри, ама траеше добри 40мин ако не е и повеќе, вчера беше за тоа што не му дозволив да јаде гумени бомбони во парк и го зедов дома, плачеше цел пат и онака хистерично, ама вакви тантруми има ретко, но колку и да се ретки се ептен интензивни и исцрпувачки, ама никогаш не сум попуштила и не сум му одвлекувала внимание.
    Обично наеднаш ќе се смири и тоа е тоа после сосем ок.
    Има граници кои и јас ги попуштам ама не, обично е не кај мене.
    А за многу малце работи е не оти генерално сум искулирана за повеќето ситуации.
    Е сега периодов е доста тежок кај нас оти го нема мм, пак ќе кажам знам што му е, фрустриран е и тажен и буквално плаче за се, веќе ушите ме болат и пробувам да бидам 90% мека си него и дозволувам повеќе од реало што дозволував.

    Ама со другарка ми вчера зборевме дека и она со првото дете не знаела ни што е тантрум, 6г е сега и баш вчера беше муабетот кога рече јас не знаев дека златно дете сум имала, ама затоа второто кое е 2, е тајфун.
    Вели како прв пат да сум мајка оти стварно не знам често како да се справам и реагирам.
    Значи може да има деца што имаат благи тантруми, ама дека погрешно е што дозволуваш да има мало сутра, напротив.
     
    На јolene, Grogu и Carolin. им се допаѓа ова.