Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.429
    Допаѓања:
    25.106
    Пол:
    Женски
    Моиве спијат сами во детска веќе 2 недели цели, јас уште не верувам :D
    Немислев дека ќе биди оклу лесно. Искрено ко преродени сме со мм :rofl: само што јас си ја имам несоницата и ќе ми треба време за да си го вратам сонот.
    Се случува да приплакува в сон малово ама одиме таму го презаспиваме, 2 3 пати така во овие 2 недели.
    В градинка оди и таму ништо не зборувал, ништо :!: да се чуди чоек, дури и кога в кола до дома не зборува ништо :tmi: не плачи ама знај да заплачи некош, ама мора да оди и тоа е. Денес цел ден надвор без дремка заспа во 9 и пол. Тантрумите секојдневие.
     
    На Carolin., Ceneva, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.358
    Допаѓања:
    47.512
    Пол:
    Женски
    Женска, а да му исфрлиш дремка?
    Ќе има период кога ќе биде хаос ама потоа верувај дека нема шанси да издржи до толку касно да не спие.
    Инаку екстремното понашање е резултат на недоволно наспиеност. Мојов сум го приметила дека така во круг кога ќе се зареди да не спие повеќе од 10 саати е многу, ама многу тежок за справување, а кога е наспиен е друго дете.
    И јас сум дома со него знаеш, плус без мм, тешко е на оваа возраст да анимираш постојано, ама јас ќе ти ја споделам мојата рутина па може ќе ти помогне.
    Се будиме сабајле околу 8-9, директ заедно во вц на миење и сега се учиме да седи на шоља и така заедно седеме.
    Па одиме да правиме доручек, често прави со мене, а ако не планирам да прави, одвечер редам некоја игра пример хероите ќе ги наредам на маса демек го чекааат, ќе направам штала за животните итн, тоа му е многу интересно кога ќе стане и одма да има игра.
    Потоа се гониме еден саат да се облечеме оти тоа е најтешкиот дел и одиме надвор.
    Секој ден одиме во парк, школски дворови, некогаш се шетаме до едно место во природа, се возме со точак, тротинет, земаме колички во парк си игра со децата( секогаш носам по 3-4) да има за другарите.
    Обавезно сме надвор до ручек, значи добри 3-4 саата. некогаш и повеќе.
    Ручек најчесто е нешто брзинско, полуспремно или купено, немам време за се, а бидејќи он е пребирлив, гледам ручекот да ми одзема најмалце време.
    Е тука често пошто е изморен а дремка нема, пуштам цртан и го легнувам да одмара додека готвам.
    Откако ќе јадеме си играме нешто по дома, борење му е омилено или цртаме, некои глупости играме, некои денови околу 5-6 се качува кај баба му да поиграат ама тоа е најчесто пола саат:D додека ставам кафе или измијам садови и он се враќа и свечено најавува дека завршиле гостите.
    Околу 6-7 се тушираме или бањаме зависност од денот и ако се бања го оставам така доста време да се шлапа.
    После тоа се спремаме за спиење и најчесто заспива со раскажување приказна, читање или гледање некој стар дизни цртан и обично заспива за 15 мин макс, ако е станат рано, изморен и без дремка, заспива без борби.

    Е сега он не останува заспиен оти станува обавезно до 12 уште 2 пати и го презаспивам, ама тоа трае кратко, обично станува за млеко и ќе почнам некој приказна он веќе е заспиен.
    Јас после него чистам, средувам и спремам за утре ако треба нешто и седнувам да цртам и гледам серија докај 1 кога легнувам и така.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    20.784
    Пол:
    Женски

    Мојов таков беше кога тргна и зареди тогаш цели 5 недели, ама првите 3 седеше дури замислен дома :rofl:
     
  4. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.149
    Допаѓања:
    8.717
    Пол:
    Женски
    Фала на советот. Ама кај нас е проблемот сега исфрлањето на цуцлата. И сега се мачи без неа. Му се спие се гледа ама не знае како без неа. Денес бараше на лулка и заспа по 15 мин. Вечерта кога почна да му се спие пак побара да го лулам. И кога почна да му паѓа главата во соба и таман завлече, маж ми влезе и се размрда и пак 11 не најде. Не е спремен тој да му се исфрли дремката. Туку да најдеме начин да заспива без цуцлата.
    Пробав да ја заменам со некое мече ама не прифаќа. Приказни песни раскажувам пеам по цели два саати,без глас останав ми се чини и пак ништо. Пред тоа си имаше добра рутина 10 навечер ми заспивапе, 8 станат. Два саати обавезно спиеше преку ден. Сега се се измести. Ама не се откажувам. Ама никогаш не верував дека цуцлата толку може да ни го изремети мирот и редот. И дека тој толку зависен бил од неа.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.358
    Допаѓања:
    47.512
    Пол:
    Женски
    Да верувам дека проблемот е цуцлата, мада не знам совет за неа да дадам, моево цуцла одвај до 6м ако цуцаше и тоа ретко, не ја сакаше и скроз без проблем ја тргнав, ама и никогаш не заспивал со неа, ама градата му беше цуцла така да.
    Не знам тогаш ќе помине вајда за некое време, мада може и 10 реално му е доцна, скоро ти и да немаш време за ништо после тоа.
    Јас вака што заспива рано се препородив, искрено дремката на пладне ич не ми фали да ја има, барем знам дека ќе заспие рано без мака, онака со дремка макар и пола саат беше хорори.