За вечерно спиење и син ми генерално не прави проблем. Ако негодува најчесто пали ако му речам ајде добра ноќ отидов јас и тргнувам накај спална, а татко му ќе му рече одам и јас со мама и он се залетува демек не може јас одам. Во кревет генерално муабетите траат исто пола саат, со исклучоци кога траат подолго или пократко како вечерва, заспа за 15-20 мин. За јадењето јаде сам 90%, некогаш поретко има ситуации кога сака пример да му го поделам парчето леб со некој намаз на залчиња или да му давам од некоја манџа, ама тоа се брои на прсти и не можам да си поврзам во кој момент го прави зошто е баш ретко. Многу е важно и дали е доволно гладен и дали му е оброкот по ќееф. Ако е нешто што си го обожава јаде како да не видел храна. Јас не молам за јадење. Го ставам во столче, и ако е гладен јаде. Ако гледам дека поочнува да си игра со храната тоа ми е знак дека не му се јаде и го прашувам дали ќе јаде или да го симнам од столче. Договорени сме дека кога не е гладен не мора да јаде со сите, ама кога ќе огладне да ми каже и така и прави. Во градинка јаде сам.
Прочитав дел за заспивање и приказни па да ви кажам јас раатот си го видов со ова. Устата пена ми фаќаше а мозокот ми пресуши од измислување што да раскажувам па и со сто прашања ме прекинува, ужас. Има едно мече со песнички и приказни снимено и тој раскажува. Го пуштаме него и нели тој пак прашува ама јас викам не знам мечето си раскажува не му одговара, виде невиде се одвикна од прашања сега ќути и слуша и на втората приказна најчесто спие. Пробајте мош и кај вас ќе помогне во заспивање
Го знам ова мече и ок ми е за некогаш да го употребуваме, ама за цело време шо знам.. Колку и да е напорно некогаш, раскажувањето приказни и прашањата се нормална и пожелна работа и ќе траат уште некоја година, после ние ќе сакаме ама ќе нема…
@Anturium ,ќерка ми како од ѓавол бега од ова, до толку не го сака. А и ние со преубава намера си го купивме, бар за заспивање. За заспивање нема некој патерн. Знае и по пола час и плус да збеснува по кревети. Знае да легне и да заспие за секунда. Некогаш гушка мече, некогаш со мене и така. Битно успивање трае од неколку минути до 1+ час. Зависи како сме расположени.
Да и јас прво вака размислувам и ми беше океј, воодушевен бев на неговата фантазија. Ама траеше и траеше и траеше, кога почна мене да ме исцрпува психички ова сфатив дека мора нешто да сменам, јас не бев ок. Сега вака за заспивање ми е ок, во текот на денот прашања има еден тон и си разговараме убаво. Пред заспивање немав веќе енергија ова да го правам и ме фрустрираше многу.
Прв пат го однесов пред недела дена. Совет од стоматолог добив дека прв преглед се прави кога ќе излезат сите 20 заби. Препорака за доктор немам, не сум од Скопје.
Мајки помош. Синчето ми е 2 год и 3 месеци. Во спиење има страшни агресивни напади и плачење.Неможеме да го смирими по пола саат.Удира вришти,се фрла назад. Тоа трае неколку месеџи,ама послениов пњриод е многу изразено. Инаку се работи за здраво дете,многу темпераметно.Секое искуство ке ми помогне.Дали да го носам негде на преглед...
Најверојатно е ноќен терор, имаа и моите, помалата - поизразени, баш така, повеќе од пола саат плачење викање и никаква перцепција за околината, најчесто од ненаспаност..
Супер саати сон има не е од тоа. Веројатно е фаза на ноќни терори и мојот ги имаше тој период ама не траеја толку долго
Тоа се вика ноќен терор. Не можеш ништо да направиш само да внимаваш да не се повреди при врескањето и трескањето или да падне од кревет. Тргни се околу и чекај. Не е свесен тогаш. Многу е важно да не палиш светло да не се обидеш да го фаќаш гушкаш оти само повеќе го плашиш не те препознава тогаш и да не го будиш со сила. Очите им се отворени како стаклени изгледаат ама не се будни. Дај му нешто да јаде јас млеко и давав или вода играчка некоја плишана и внимавај претходно да не заспан гладен или преку ден да не престимулиран, преморен или премногу да гледа телевизија. Им се будат некои сетила и имаат сонови а не се зрели да се носат со тоа и затоа така прават. Трае околу пола саат мах потоа продолжуваат да спијат и сабајле ко ништо да не било. Прогуглај ноќен терор може ќе најдеш и подобри совети
Како што ти кажаа и другите, ноќен терор е тоа. Ги има и син ми, сега веќе поретко, одамна немал. Тригери се ненаспаност, глад, престимулираност од екрани, нетипична возбуда во текот на денот. Кај син ми се случуваа скоро секогаш во исто/слично време од ноќта. На почеток дур да сфатам и да се едуцирам што е му нудевмда го гушнам или вода да пие, ама не сакаше ништо. После почнав да го оставам, ако дозволи го гушкам, ако не седам до него пазам да не се повреди и чекам да му помине. Кога ќе заврши си легнува и како ништо да не било.
@Bella_Stella Моево па нешто сака во раце да спие, исто со гушкањево и некогаш во сред ноќ ќе се разбуди и мама држи ме како бебеце да спијам и се корни од плачење, не знам фаза ли е, некој приблем ли е? Не знам што е, ама ме замислува во последно време. Инаку за раскажувањето приказни како за нас да читам Исто јас заспивам и мешам глупости и не знам што раскажувам, а он се дере мама не спиј, мамаа не така, не рекла така, не беше приказната така
Еве го сега се напна, не знам колку пати заспав дур раскажував од што ептен ми се спие. Вика “мамаа зашо ти не сакаш да ми кажеш приказнаа” ама нервозно не ни знам кога заспал, се разбудив спиеше. За будењето во сред ноќ секако е некоја фаза, или пак сонува нешто. Ќе се среди.
И мојот бара последниот месец да го гушам и лулам како бебе. Фаза е. Си бараат топлина. Јас одма го земам кај нас во кревет и си продолжува во секунда. Или ќе стане и ќе рече мама мама пробуди се, очу код тебе, направи ми место. И се вртка мести, Мама грли ме и заспива брзо. А знае и да вришти и плаче. Или да зборува во сонот и точно повторува тоа што се дешавало преку денот. Мојот многу преживува во сон и затоа не спие мирно и убаво. И покрај него и јас додека мм хрчи и му љубоморам и сакам да го турнам од кревет
Мојот бара да му пеам , секоја вечер пеам дури ме фаќа смеа Уште ако престанам кога ќе почне мама пеј мама пеј хахахахаха Сопругот вика ако продолжам вака у Звезде Гранда ќе ме пријател хаххахахахах. И многу сака да се гали сега ајде мама оооо да правиме
Јас од првиот ден пеам се до денес. Тоа ни е ритуал за заспивање. Во последно бара приказни ама потоа пак мора песна. Катастрофа пеам ама пеам
Моево 2 годишно не заспива со приказна ама заспива со набројување на сите луѓе кои ги познаваме и нема крај само "Дуг? Дуг? Дуг?" (Друг) Па исмислувам имиња зошто ако кажам малце се лути па после 5 мали патчиња да ја пеам а тој да вика квак квак квак ама место 5 имаме 15 патчиња и така
Го поминавме ова. Јас: Х ајде да спиеш. И тато спиел, и баба таа, и баба другата. И дедо тој и другиот дедо. И цела потесна и поширока фамилија, другарчиња од градинка... До бескрај мислам имиња редев.