Приказни не читаме зашо нема крај и завршува со тантруми, а јас немам нерви. Пред да мие заби листаме книга, у кревет веќе не.
Ние овој го имаме, и топ е ама гледам му качиле и цена. https://www.encimenci.com.mk/trotinet-sema-pro-5-vo-1-green-qplay-st00405
На крај на зимава не заредија болести, глава не можеме да дигнеме. Цела недела си беше супер, синоќе во спиење одеднаш дигна температура. Денес цел ден качува на многу кратки интервали, дури и пред да поминат 4 часа он веќе има качено доволно за лек. Вака дали еднаш до сега качувал, не знам што може да е ова. Други симптоми се секрет во носе ама позадински негде, тече само проѕирна водичка. Некој имал ли вакво искуство?
Малата од Н.Г до Божиќ беше само со висока тт, друго ништо. Парацетамол и ибупрофен наизменично давав и електролити
Да не ве фатил вирусот од зимава покасно. Мојот така беше од 29декемрви до 7јануари, ништо друго освен темп и тоа најчесто навечер. Само форсирав течности ништо повеќе
Ви кажуваат ли децата што прават во градинка? Се прави муабет, се ќе кажи, за како поминува во градинка одма игнорира.
Зависи како е расположена, кога кажува, кога ќе се потсети на нешто од пред недели што се случило. 3 години е моево.
Мајки малата само што наполни 2 години. Се разбираме во зборење веќе врзува неколку зборчиња не оди уште во градинка здравје април планираме. Периодов е неподносливо дома, кенкање за се и сешто, не сака да јаде, ме влече само за рака по нејзино да биде. Само криенка да се игра..надвор трча не ме рецка...не сакам да викам ама такба нервоза ме фаќа немам зборови...дали е ова тоа тодлерстбо колку трае како се справувате вие? Дали градинка му е лекот
Еден период не кажуваше ништо, па наеднаш почна да кажува се, ама баш се. Кој јадел, кој не јадел, кој со кого си играл/не си играл, дали цртале, лепеле или пееле и најбитното која учителка има нови нокти ставено Уште на врата кога ја земам почнува, како песничка да рецитира.
Прво само кажуваше дека јадела, и толку. Па почна да кажува се, кој јадел, кој со што играл, како ги карале и казнувале. Па прозборев во градинка за казнувањето, и сега пак ништо не кажува. Се си мислам може ги карале таму што зборат, не знам. Едит. Баш на прашањето како помина не одговараше мислам. Ама што ручкаше, со кого си играше, одма раскажува. Ручкав ориз, Ана не сакаше, Лука ја удри Ана, Ана плачеше, Лука седеше во ходник не беше умен... on and on Само промптот да го погодиш и низ игра може, или пред спиење
Кај нас за време на бањање и пред спиење најмногу кажува. В кола уште како лента што јадела. Ама за време на бањање седи во кадичка со играчки и почнува, овој ја зеде играчката, тој истури млеко, овој вака, оној така.