Може не е права тема, каде да најдам некои цртани на македонски, да не се престимулирачки, а малку подолги? Или класичните долгометражни од Дизни претпоставувам ги нема на македонски? Пример фрозен, има една чаша со Елза и многу ја сака, поима нема дека е цртан. Па си мислев понекогаш кога сме сите болни како сега да седнеме да изгледаме нешто. Биби боби не ми се свиѓаат за јас да ги гледам со неа
И ние болни со синко, тој петокот се разбуди со треска и тт во 6ч, ајде дома, на 2 сати креваше тт, цел ден и цела ноќ петокот, изгоре до 40 одеше, никако да спушти, дури и аналгин 4тина апче му дадов по совет од матичната и не и не, по сат и пол чепче му ставив па дури тогаш спушти ноќта во 3ч. Петокот одма му направи к слика и кажа дека е бактериски и одма му даде антибиотик кој го почна одма вечерта во 8ч, саботата не креваше веќе така многу, до 38 одеше и толку беше, имаше и мрсули, чат пат кашлање, без апетит и така...мене од него ме фати само без тт сум и така...ама издржа поќе од 1 месец в градинка така да супер е. Утре ќе си оди пак во градинка.
И ние на анг ги гледаме Дизни класиците и секогаш му раскажувам. Веќе многу зборови знае со значење и превод. Прееска разговор додека го гледавме новиот дикументарец за диносаурусите на Нетфликс: излегува еден дино така страшен и он вика вов скери и на мене вика кога нешто ќе те исплаши тоа е скери на англиски, викам од каде бе мама знаеш дека е така, па од мене, сам си научив Мене не ми смета да се на анг, го спремам за преселба.
Ауу не ли е тоа страшно малку за 3 годишни? Ние гледаме animal babies и прескокнувам некои сцени.. вчера го гледавме spirit филмот со коњот па го раскажуваше на играчките.. смешки Сега со сипаници е и баш се осеќав виновно дека секој ден гледаме ТВ
Па моево обожава такви страшни моменти, духови, диносауруси, хаха, дури сака и да глумиме тоа и многу е среќен кога ќе види дух на цртан. Он си го избра документарецот оти многу сака диносауруси и секоја вечер гледавме по една епизода и стварно беше многу фокусиран и цело време прашува. Може е, ама зависи од детето вајда, вака не дава знаци на страв, ниту буден ниту на спиење.
Мојот од англиски знае да брои со помош, азбуката ја пееме заедно, некои песнички ги знае како на пр, хеад шолдерс нис едн тоус, ици бици пајдер џони џони јес папа, хикори дикори дак. И најважното од брат му што го научи Ватафак Денес се врати в градинка, така натажен одеше ама не се расплака. Без мечето отиде, не рече да го носи и јас не му го дадов, оти стално си носи мечиња од дома..негователката рече можи само за спиење да го бара, ќе му најдите нешто му реков таму ќе му дајте, оти и таа вели поубо да не носат ништо, оти ако му паднело плачел одма, плус нон стоп в раце го држел.
Мислам генерација се нашите. Зошто виновно? Не се мали, имаат веќе оформен говор. Јас сметам дека ако имал исполнет ден, ништо страшно не е ако гледа малку ТВ. Јас пуштам околу половина час, заедно гледаме, прашува тој, прашувам јас, ако сметам дека нешто нема да му биде јасно објаснувам. Па на крај му раскажува на татко му што гледал.
Да да обично пола саат гледаме, ама сега во карантин заради сипаниците надминуваме и саат.. ама тоа е, уште неколку дена па ќе можам да го изнесам надвор
Не е многу во такви ситуации. А мислам дека премногу на кантар ставаме се на денешно време. И од тие такви грижи на совест не уживаме доволно во тоа што стварно треба. Јас гледам заедно со синко и мене лично ми е убаво. Ем малку одморам. Ем тој си прашува и развива машта. После си игра тоа што гледал и е многу посамостален. Кај нас тв нема негативен ефект, а имам видено и тоа кај друго дете. Сепак секој си го гледа детето и прави проценка колку и дали треба да му се вклучи тв.
Не се опседнувајте со непотребни работи кога децата се болни. И јас сум голем противник на тв и дозволувам само кога морам, ама кога е болен зошто би имала грижа на совест, не разбирам? Моментално е многу болен и гледа тв некогаш и по три пати дневно по 30-40 мин. Тоа моментално му е утеха, а мене ми олеснува за да успеам да направам ручек, да земам здив, да дадам терапија итн. Премногу се потпираме на што требало и како требало, без да сме рационални некогаш. Пуштете душа, еден е животот. Не знам дали омекнав зошто ми е претешко што го гледам ваков деновиве, ама не планирам да сум Хитлер бар дур е болен.
Точно. Браво за кажаното. Премногу се оптеретуваме со се што читаме на интернет, а кога гледаш деца сам и одиш на работа е ПРЕТЕШКО. Тешко е и дома кога си и со едно, а не зборам за понатаму едноставнп ти треба дел во денов за себе па макар и он 30мин ТВ да изгледа пошо и ние сме луѓе а не машини.
Е па да ви кажам од искуство, со второ дете се е полесно, апсолутно никаква вина за ништо не осеќам, додека за првото така се стресирав, ова требало, она требало, прави диу игри, секој ден анимиран беше, исто се развива и второво неанимиран од мене, истите работи ги прави ама сам, со гледање од брат му. Опуштена јас на макс, еднино болестите, настинките исто ме нервираат
Дајте некој совет како да го здебелам. Очајна сум веќе со таа килажа. Таман прифатив дека е ситен и едвај качи 12кг, се разболе ептен и многу ослабе, душата ме боли. Сабајлево го мерам 11.3кг.. Не му се намали апетитот драстично сега дур е болен, ама овој пат температурата го уништи. Од минатиот петок е со температура, веќе ептен ретко качува ама сепак.. Он е дете што јаде, во последно време почна да пребира ама сепак јаде да речам солидно. Што да му дадам за да зголемам апетит, знам дека не е најважна тежината ама ете го ќе полни 3 за еден месец, а личи на 2..
И мојот е исто, сите се чудат кога кажам 3 полни има, 2 му даваат. Стигна до 14 кг сега едвај ама и низок е. А јаде, доволно и се, не бира си јаде 3 главни оброци дневно. Е сеа не грицка ништо измеѓу, само овошје, ама па не мислам дека поради здравата храна е толку слаб. Се нервирам и јас многу посебно кога траеше лани фазата на постојани вируси од 11кг не можеше да мрдне. И јас и мм сме биле такс па во основно сме качиле нагло килажа, а за висина јас сум ниска се надевам нема да е на мене. Нема многу што да направиме мислам ама ако најдеш чааре пиши
Мојов е 12.6 кг, 3г 3м е, јас не најдов чаре за апетит и да го здебелам а пробав разноразни сирупи. Исто е најситно машко во градинка ама и најмал по возраст. Се нервирам ама нема шо да се направи многу. Форсирај протеини јх сега како ќе оздрави и ќе си надокнади килажа изгубена. Многу тешко се враќа апетитот кај мојов после разболување, последниов пат една недела на воздух живееше и после уште 2,3 недели ми требаа да почне да јаде пак асално. Ова како поддршка само, многу е нервозно кога не јадат ама нема ништо посебно за апетит шо помага...
За апетит GALENIKA Бевиплекс Б. Проверено работи, а имав голем проблем со мојот нејадач на таа возрадт. Пробани се еден куп сирупи, дури и најскапите, кои изгледа се само извикани.
Па и син ми не е многу висок, 90цм негде има, малку е потешко да го измериш не застанува. Под просек е и во килажа и во висина за возраста. Он од болест никогаш вака нема ослабемо, до душа и никогаш вака се нема разболено. Ова ни е најтешката болест откако е роден. Јас се нервирам што син ми нема некој посебен проблем со апетитот, стрвно дете си е кога е здрав. Ама вагата многу тешко мрда. Кога имаше 12кг некако бев конечно ок и прифатив дека си е со таква конституција, ситничко е, ама важно си е здрав. Сега кога се разболе и ослабе толку многу ич не ми е сеедно. 700гр на неговата килажа се многу. Како пердув да држам во раце, струкчето татко му со една рака му го фаќа, подочњаци почнаа да му се познаваат. Знам дека ќе пркне кога ќе оздрави, ама тешко ми е ваков да го гледам и сакам магично стапче да си ги врати поскоро бар тие 700гр. После колку време видовте ефект? Тешко дека ќе го натерам да пие нешто што не е вода, јогурт или сок што он го сака. Ептен има одбивност за непознати течности. Сирупите со триста молби и уцени ги давам.
Кај нас не помогна ни ова. Не знам што се немам пробано. Јас не најдов начин да се разјаде. Се сме со милби со закани, и цртани на крај. И пак како врапче. Јас не знам од каде има 12 кг и 300-400