штом излеле првото запче треба да се почне со четкање макар само со водичка колку да се стекне навика. Ако досега не сте почнале време ви е
Не е рано. Се почнува со чистење на устето од раѓање, после четка кога ќе излезе првото запче. Само со четка и вода додека да научи да плука, евентуално паста без флуор да се користи.
зедов паста бекутан и четка од колгејт за возраст од 2 год, мислам доволно за почеток за стекнување на навика
мајки зарипнати сме и ни тече носот кажете ми што им давате на вашите деца кога ги имаат овие симтоми за побрзо оздравување?
Мајки, пет дена веќе сме со Амоксицилин аб, дете одвреме навреме се жали дека го наболува мешето, ќе подждригне или ќе испушти гасови и кажува дека му помина. Можно ли е да реагира од аб? Давам витамини и пробиотик обавезно. @joy1 !?
Да можно е. Затоа и се дава пробиотик. Помеѓу пробиотикот и антибиотикот треба да поминат минимум 2 саати. Така пробиотикот има шанса да делува на цревната флора без антибиотикот да ги уништи тие добри бактерии од пробиотикот.
Да пробаш да го смениш пробиотикот со друг. И обавезно да има растојание помегу пробиотикот и антибиотикот.
Мајки, што препорачувате за кашлица , малата кашла, носот не и тече нема температура само кашлица бевме на лекар ни рекоа од загадениот воздух и е нема ништо загрижувачко грлото не е црвено на плуќа е чиста ми даде сируп на база на Тегавец ,вие како се справувате со вакви кашлици??!!
Никако, со ваков воздух баш минимално може да им помогнеме.. два месеци мојов хронично кашла, особено во спиење е страшно Ако прифати инхалатор, да ја инхалираш повремено.. јонизатор, прочистувач на воздух може би помогнал малку, страшно загадено е..
Majki da prasam za iskustvo! Malava mi e 25m poslednive dve nedeli pocna mnogu cesto da zboruva vo son kako na pr:ne ne nesskam,daj mi ja topkata i takvi nekoj raboti povrzani so rabiti koi gi doziveala vo tekot na denot. Jas pocnav da se grizam ima li mesto za panika ?
Не. И мојов збори така, големиов, и ден денес, ако му бил исполнет денот. Да не речам стресен. И јас сум зборувала многу како дете, сега не. Ама мм цели приказни кажува ноќе, особено кога има потурбулентен период на работа. Дефинитивно не е ништо страшно.
Детево сабајле со тт се разбуди 38.7,не дадов ништо,сама падна. Накај 14 часот иста приказна. Еве го пак има. Друго се ок.Ни нос тече,ни кашла,ниту на нешто се жали. Игра,рипа,пее,стандард,ама не баш 200 ма саат како вообичаено. Пие сокови,вода.Едвај сабајле парче леб со еурокрем и кравица. Пак ли вирус само со тт има Пред 2м вака исто беше,4 дена го држеше,ама само ноќе имаше тт.
Каков вид на витамин Д им давате на вашите деца? Мојата е 2 години и 10 месеци, а оваа зима почнав со перлите на Др.лео, па сега и земав на алкалоид. Во упатството пишува за деца над 4 годишна возраст...се мислам да не грешам што и ги давам.
И јас тие перли др.Лео ги земав зашто рибиното (иако со вкус) веќе не ми го сакаше. Колку А и Д3 има во тие на алкалоид? Ако има исто колку во др.Лео давај ги тие.. или прашај доктор најдобро што ке препорача..
@mariz во овие има 500 мг. витамин А и 10 мг. витамин Д3. Може ли да ми кажеш кај тие на др.лео колку има, не го чувам кутивчето.