Здраво. Ме интересира дали и кај вашите деца кожата им се вцрвенува на допир со алишта или и за тоа треба да барам чаре. Еве преска ја зедов гола во раце да ја облечам и таму каде што имало најголем притисок и се вцрцени кошата на газето и на половината. А ептен кратко беше. 2 г и 4 м имаме
А стои црвенилото или се губи? Пример ќерка ми, кога ќе ја кренам на гола кожа за да ја ставам во када за бањање и се познава црвено посебно ако сум стегнала повеќе ама за некоја минута се губи. Не остануваат тие црвени траги. Од алишта било какви немала мака, а и нема чувствителна кожа ниту алергии или нешто слично.
Релативно брзо, по 3-4 недели. Инаку е прашок што се раствора во течност, може сок, млеко, јогурт. Не ме фаќај за збор, мислам само во топли течности не може. Со сок најдобро, би требало да успееш да го дадеш, ок вкус има. Уф, жал ми е. Разбирам како е. Син ми на 1 година 12 кг, на 2 години исто 12 кг, а во висина некаде 12 цм порасна. Преслаб беше. Баш ми е жал. Пробај нешто друго. Кај син ми нејадењето беше поради заби. Му излегуваа сите 4ки и 3ки во исто време.
Сега веќе подобри. Искрено да ти кажам не знам што фати. Прво почна како вирус, крвната слика така покажуваше. На матичните иако им побарав одма упат за брис, они го изигнорираа моето барање со изговорот дека ако има бактерија ќе покаже и на крвна слика, што подоцна од специјалистот разбрав дека не секогаш е случај. Нормално дека се разболе во петокот ноќта и првите два дена качуваше температура на многу кратки интервали. Бавно ја спушташе, а дур ја спуштил, пред четвртиот час он пак почнуваше да качува. Буквално изгоре. После почна да се зголемува растојанието. Во понеделникот цел ден немаше тт, а во вторникот го однесов кај ОРЛ специјалист зошто почна на уво да се жали, стандард е тоа кај нас. Само едното уво му беше воспалено, почнавме локално да го третираме зошто ја виде она крвната слика и рече дека моментално не е за антибиотик. Само што се вративме од кај неа, пак почна да качува, на поголем размак ама многу висока, еднаш и до 40 отиде. Почна и на другото уво да жали утредента. Во четвртокот на контрола влошена ситуација. Заглавен секрет во носе, развил синузит, секрет во увцата, секрет дури и од очите почна да му тече. Тогаш му даде докторката Трицеф, вика нема да успееме без антибиотик. Успат и други спрејчиња во носе примаше, капките во уво и инхалации со Вискофлу. Се изреволтирав и се осеќам виновно што не инсистирав повеќе за брис уште во понеделникот, ама нема назад. Он од петокот наваму е без тт, уште не е вратен во форма целосно, ама секој ден е сѐ подобар. Развојно он иначе си е супер и со моторика и со зборување. Многу луѓе ни имаат искоментирано дека на понашање и со муабетите што ги прави делува на поголемо дете. Сѐ разбира и си поврзува, од таа страна немаме мака. Почнав од вчера да давам Протект Џуниор, па се надевам ќе му помогнат побрзо да живне. Фала за поддршката.
Не мораш секогаш да чекаш упат. 450 ден е комплет од нос и грло брис цо Биотек. Знам дека не е едно да дадеш пари ама па и одењето и малтретирањето не се ефтини. Некогаш џабе сум правела ама барем мирна глава оти кога чекав и ми даваа капки а не се подобруваше испадна после дека бактеријата што ја имала била резистентн на тој лек и џабе сум и ставала и џабе сум чекала. Тогаш беше помала и не смеев толку сама да одлучувам ми беше страв се чекав лекар да ми каже ама кога видов цел месец после се мачиме по болници и разни врати и си реков подобро да платев отколку ем тобрекс за џабе сум купувала ем детето се мачеше. И сега кога ќе видам дека е така најчесто од градинка носи прво брис па после ја носам на педијатар. Може покажува на крвна слика ама не покажува кој е подобар антибиотик и затоа си правам брис. Понекогаш и на мене за ако сум ја зела да не и ја вратам.
Девојки, што да очекувам од сипаници варичела? Вчера почна со неколку на стомак, денес сабајле стана кенкава, гледам почнале и под пазуви и на едното рамо. Бевме на лекар, купивме пената. Малку и окото и е црвено и како потечено и малку нос и тече како водичка. Кога е критичното и е пикот?
@misli_si ,членката не е од Ск, а во помалите градови немаме опција за брис на приватно. Сме го коментирале повеќе пати. Чисто ме интересира за колку време излегуваат резултати во Биотек? Мене опција ми е на државно само и тоа 3 дена да чекаме резултати. Познавајќи ги детето и јас, а веќе и матичната гледаме кога стварно се влошува состојбата и треба антибиотик. Среќа па се поретки се такви ситуации. Ама бар кај моево дете некогаш тие 3 дена чекање се премногу. @Bella_Stella , побрзо опоравување на баткото. Куп вируси се извртија низ градинка периодов. Додека помина цела група со температура и кашлање, сега стомачен е на ред. Кај да е очекувам и сипаници да испаднат од некаде.
Додека да избијат мислам дека најтешкото веќе е поминато.. кај нас така беше, 2 дена му излегуваа и имаше температура 37.5 и беше малку нерасположен и толку.. за окцето не знам следи ситуација. Син ми не ги чешаше многу, едно на ногата само и таму мислам дека ќе му остане белег.
Дајте мамасити препорака за млеко- лусион за тело. Како кожата малку сува му е. Па да почнам да го мачкам, малку да се хидрира. Ама да е некое лесно што се размачкува
Бела знаеш дека моето е слабо со јадење отсекогаш. Последниве две недели давам мед со матичен млеч и да не го заречам не знам дали е од тоа ама аптитот ми се чини зголемен. Пак јаде само тоа што јаде, ама денес пример изеде цела чинија ориз со спанаќ и со лосос, нешто што за него беше незамисливо. Ако немаш пробано со тоа, пробај. И јас осеќам доста разлика откако почнав да земам, енергија имам повеќе и повитално се осеќам. Планирам да му давам некои 2м па да видиме. Моето е 14кг веќе една година. Во висина брзо расте, ама килажа не. Уште носи алишта некои што се до 12м Внучето на 7м е 9кг, и сакав да му соберам нешто облека и се смеев дека се е мало Кс му е супер на моево, малце имаше опаднато железо ама го качив и добар е сега, енергија стандард да не се седнувало
Не сме од Скопје, ама во право си. Треба да видам во некоја од приватните лаборатории тука и следно секако прво го носам на брис.
И кај нас е исто, ако трае повеќе од 3, завршува со атб, само матичава не дава атб освен ако мора, а до тогаш веќе сме заглавени. Обично 7ми ден веќе даваат иако на 3 ден веќе имам и кс и респираторен платено, и секогаш е вирус плус бактерија на резултат. Два пати со инфекција на уво, еднаш гнојна ангина и последно беше пневмонија па бронхитис нешто што почнало ко вирус
Ako I zemat vo ponedelnik najdocna do sreda stigaat ako se pozitivni a ako se negativni za Eden den. Denes I zemaat utre stigaat. Rabotat od ponedelnik do sabota I prakjaat I na mail. Mislam deka isto i Avicena I Sinlab ama mene ova mi e poblisku i zatoa tuka. I se izvinuvam na chlenkata ne znaev deka nemaat tamu privatna.
Сега видов дека Протект Џуниор се од 4+ години. Не ни размислив да видам зошто неколку од вас ми ги препорачавте. Дали дур ги давате нив давате плус Д вит и колку? И дали знаете поради што се 4+?
И ги давам на ќерка јас, 3 полни е. Нешто кратко пред 3 роденден ги почнавме. Пола ампула 5мл за неа. Остатокот го чувам во фрижидер за следниот ден. Д3 давав по 3 капки плус, пред овие, после тоа намалив. Сега повеќе не давам од што давам. Инаку Протект планирам уште месецов да пие и да ги прекинеме, освен ептен нешто сипаници или слично ако не испадне, па по потреба да продолжам да давам.