1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.097
    Допаѓања:
    22.250
    Пол:
    Женски
    Леле јас па цело шишенце му го давам овие 2-3 дена. Нема шанси да му дадам пола пошто ќе не дигне во воздух. Интересно му е дека мало е шишенцето и вика дај мало сокче и го пие на екс со цевка. :?:
     
  2. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.417
    Допаѓања:
    9.145
    Пол:
    Женски
    Јас во епруветка од Ефридол сируп и ставам.
    Има на самото шише ознака до каде е 5мл.
    И така од епруветката си пие.

    Едит: 5мл е дозата пишана од 4-12 години.
    И за помаливе де :D

    Ај уште еден едит. Евентуално оригинално шише да чуваш празно и да му ставаш во него.
     
    На Carolin. и sani99 им се допаѓа ова.
  3. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.794
    Допаѓања:
    1.541
    Мојата беше неполна 1 год и давав заради тоа што често се разболуваше , секој ден по 5мл пие без прекин ( сега е 21месеци )
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.097
    Допаѓања:
    22.250
    Пол:
    Женски
    Е сега официјално ништо не те разбрав. :D Самото шишенце е 5мл, значи би требало да даваме 2,5мл, то ест пола шишенце. :wasntme:
    Дали по препорака на доктор даваш? Зошто дозата на витамини е прилагодена за деца од 4+ години, а алергиите на пчелни продукти се многу помали после 4 години. Затоа и производителот има назначено дека производот е 4+
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.417
    Допаѓања:
    9.145
    Пол:
    Женски
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.097
    Допаѓања:
    22.250
    Пол:
    Женски
    Скроз сум збунка значи. Истите ги имаме и ние. Значи треба 5мл да му давам.
     
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.417
    Допаѓања:
    9.145
    Пол:
    Женски
    IMG_20260316_130608.jpg

    По ова се водам јас.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.794
    Допаѓања:
    1.541
    Да, по препорака на педијатар дека прашав и рече може доколку нема алергија
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.449
    Допаѓања:
    25.161
    Пол:
    Женски
    Давај слободно, што е плус се исфрла од организмот. Имам давано на првото дете ма 3 год некаде.
    На ова срамота е да кажам дека ништо не му давам :tmi: ич ништо ни Д3.
     
    На 1209, јolene, Bella_Stella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.097
    Допаѓања:
    22.250
    Пол:
    Женски
    А да сменам тема. Со тантруми до кај сте? Од дете што му се броеја на прсти испадите во еден месец, сега откако се разболе има минимум еднаш дневно испад за нешто. Се трудам да го разберам и толерирам, ама многу често сум на работ. Ако не е по негово замавнува да гребе, каса, тепа. Обично успевам да му ги задржам рацете, ама некни не успеав и сега се шетам изгребана на вратот. Кога има тантрум се тргам на страна и го оставам да се исплаче, па после разговараме, се извинува итн. Знам дека ова ни го направи болеста и тоа што е предолго затворен дома, се дозволија повеќе екрани од обично итн и сега ги трпиме последиците. Ама не сакам да продолжи да биде вака. Недај Боже да му кажеш нешто што не му одговара одма се подава да се кара и рʼжи. Некни дури се дрзна на продавачката во една продавница да и повиши тон. За тоа сум строго против и беше искаран на лице место. Устата пена ми фаќа, ама колку има фајде не знам.
     
    На 1209 и Carolin. им се допаѓа ова.
  11. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    12.115
    Пол:
    Женски
    Не за џабе старите рекле "не ми е криво што ќе се разболиш, криво ми е ујот што ќе го фатиш."
    Кај нас тантрумите најизразени беа, на околу 2.5 години, намалени се ама уште си ги има. Ист третман добива како ти што велиш, оставам и минува. Се' друго го разгорува огнот.
    Безброј непријатни ситуации ми направил, во продавници, во игротеки пак посебно кога е во делириум од partyhard расположението.
    Во градинка ако веќе тргнал ќе се поднаучи на граници.
    Многу аир видов јас од градинката, многу сакам да оди, ама не може да киниса од болештини и никако да ја навикне скроз.

    Едит.
    Сеа се потсетив на една колешка, кога спомнав дека ми направил незгодни ситуации. :D
    Вели: "моите деца ниеднаш не ме засрамиле во јавност."
    :D обожавам такви делужнл мајки што во ред ставиле деца од 2 или 3 години.
     
    На Ceneva, 1209, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.449
    Допаѓања:
    25.161
    Пол:
    Женски
    До детето е, првото дете никогаш не ме усрами во јавност, имаше тантруми ама во продавници секогаш бил умен, ова нека е живо и здраво во сите маркети има "легнувано" на под ]:) пред некое време беше ужас, денес прави точно 2год и 7 месеци смирен е, немал така голем тантрум направено можи 2 недели 8-|
     
    На Ceneva и јolene им се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.097
    Допаѓања:
    22.250
    Пол:
    Женски
    Даа, таа изрека сегде ја има и ептен си е на место. Син ми скоро и да немаше тантруми до пред да се разболи. Пре пре ретки беа, во јавност стварно никогаш немал испад, се до некни кога едвај се донесовме до дома со тешко рикање и лежење по земја. Ама па јас не се чукам во гради со тој податок, зошто е многу лесно променлив, ете го сега на скоро 3 му текна да драматизира.
    Во градинка нема да оди и оваа недела иначе градинката е спасот знам. Си има ред, исполнет му е денот и нема простор да збеснува. Сега сите го жалевме дека многу болен, па само носат баби дедовци играчки, благо и он си се навикна и сега оди опрај го. Официјално им забранив веќе да купуваат и до роденденот не сакам да видам ни една играчка. ​
     
    На Ceneva, DaisyDoo, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.705
    Допаѓања:
    12.770
    Пол:
    Женски
    Ја на почетокот давав по пола.
    После она по цела пиеше и сега една на два три дена добива.
    Од аптека ми рекоа пак дека може и цела, ама малата има 14кг, а може и 15 беше пред да се разболи во мк. Од тогаш бога да чува, ни јаде ни ѓаволи. Среќна сум шо бар овошје и салата нешто јаде.

    Со тантруми кога сме дома а не е во градинка е страшно. Не можеш да го додржи, се нешто глупости. Сега кога е во градинка е подобра малку, ама пак има плачки оти не и давам да лиже сапун на пример. Оти да не седи гола во купатило откако си завршил со бањање, оти ја пресоблекувам кога и е блузата мокра и слично.
    До таму што дури комшиите од нас официјално се пожалија :tmi:. Ама пошто дете и децата имаат право да се гласни, ќе ми се фатат :emo:.
     
    На AlmaOculta, Ceneva, lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.705
    Допаѓања:
    12.770
    Пол:
    Женски
    Мојата во саботата во маркет, гужви гужви да не можеш да се свртиш. Има такви мали количини за купување, деца да ги буткаат. Ама тоа да буткаат пристојни деца, не вакви змејови. И велам стоп, полека, не така. Се со арно да се објасниш.
    Тоа го се затрча да бега буткајќи ја количката, ни на команда да застане туку напротив се убрза. Ја фатив смирено, дадов на татко и количката да плати, изнесов надвор и пола саат пред влезот се дереше.
    Луѓе минуваат, некои мислеа се изгубила, други мене ме гледаа како чудовиште оти ја оставив на земја да се треска, абе се исто ми беше.
    Следен пат кога нема да застане, пак исто ќе и се случи.
    Со тротинет се залета преку улица помина, не застана на команда. Среќа немаше никој. Три дена не го виде после и со кажување на секое оти не може. И тв тој ден не гледаше.
    И реков ќе го научи зборот СТОП да го респектира па шо сака нека е.
    Мене па мајки од типот јас на дете не се карам, не цркам и слично ме нервираат да си кажам. Дете ко дете, ќе си тестира до каде може да оди. Ако ти не стај граница, оно само сигирно нема. И не знам кој е толку зен да може да истрпи тодлер со однесувањето некогаш и да не подвикне.
     
    На le.soleil, AlmaOculta, Anturium и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.097
    Допаѓања:
    22.250
    Пол:
    Женски
    Мислам дека препораката за 4+ не е ради килажата туку ради тоа што во составот дозата на витамини е според неопходниот дневен внес за деца над 4 години. Како и да е, ќе му давам по пола ампула, штета не верувам да има не знам каква, сепак се витамини. Он не знам дали дека си ја враќа силата или па ампулите толку брзо делуваат, ама денес цел ден бара храна и супер јаде, пу пу. Сабајле го мерев, накачил малку 11.6кг е. :)
     
    На le.soleil, Carolin., 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.390
    Допаѓања:
    47.596
    Пол:
    Женски
    Моето може да нема една недела за ништо тантруми, после една недела да ми ја е*е мајката со еден страшен тантрум на ден.
    Зборам страшен оти знае да трае и по 45мин. Обично ако е гладен или ненаспиен.
    Некни имаше страшен, на пат кон дома, обично надвор скоро никогаш немал.
    Мене ми се мочаше страшно, не сакаше да тргне, јас не сакав да попуштам да го прави тоа што сакаше да го прави(а и опасно беше)
    Јас бев готова да се помочам, точакот и него и ранец физичи не можев во раце да ги носам.
    Бев смирена, па лута, па бесна, па се дерев на крај, едвај некако стигнавме до дома па имаше нов тантрум оти седнав да мочам.
    На крај си рече сам мамо ми се спие затоа сум нервозен:D и заспа како заклан за 2мин, ама тој ден беше станат од 6 и бевме скоро цел ден надвор.
    Инаку он не сака да го оставам сака да ме гушка и да плаче, најлошо е што упорно повторува зошто плаче и може и 100 пати да го каже истото и мене ми збучува главата.
    Признавам дека викам повеќе од што сакам да викам.
    Периодов се осеќам како екстра нервозна мајка.
    Ама имав кризен здравствен период и многу ми беше недобро, не можев да се контролирам.

    Инаку жени, дали осеќате грижа на совест што чистите по дома додека детето прави нешто само?
    Знаете дека јас сум сама со него дома, за да можам вечерта да работам јас морам денески континуирано да средувам, чистам, раскревам и готвам, за кога ќе легне он јас да можам да седнам одма да работам, ама додек денски вршам обврски по дома, а он си игра сам, се осеќам ужасно лошо, се осеќам како цело време да средувам а реално не е така, туку пример ќе зготвам, па имам алишта за простирање, па да соберам други, па пазар, па нешто ќе излезе.
    Си играме секако, надвор одиме заедно сигурно 4-5 саата дневно, знам дека е убаво и сами да играат, ама чувството на вина не можам да го потиснам.
    Си велам да чекам кога ќе спие да правам се тоа, ама па ако е така треба јас да не спијам воопшто.
    Неделава од тоа нередовно спиење имав многу проблемо со притисок и премор, вртоглавици и многу лоши симптоми, мислев дека мозочен удар ќе добијам.
    Мелатонин пијам сега и една недела дизјапам и подобра сум многу, ама морам да спијам.
     
    На le.soleil, lackygirl и Carolin. им се допаѓа ова.
  18. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.705
    Допаѓања:
    12.770
    Пол:
    Женски
    Може, јас пред ова не сум давала ништо друго и не ми ни дошло на идеа да гледам. Иако мислам кога вака се истоштени после болест, сепак не е ништо страшно ако зеле 2-3 целосни ампули. Јас имам уште 2-3 да ги дотрошам, па ќе видам со што и дали ќе продолжам.
    Има едно сокче за имунитет може од тоа ќе давам, ама и тоа ми е многу благо и избегнувам.
    Железото и е секоаш на долна граница, на него ми е побитно да работам сега. Нешто со исхрана не внесува баш многу ни месо, ни овес, ни риба. Грав-леќа па да не зборам ..ништо буквално не јаде. Само еден флекс од спелта со млеко и толку.
    Правам мафини, бомбици кријам давам. Благо барем не јаде купено.
    Ама тоа. Може ќе сменам кравјо со растителни млека. Ама и тоа сите ми се сумливи..се е вода со шеќер реално.
     
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.097
    Допаѓања:
    22.250
    Пол:
    Женски
    Да, имам грижа на совест иако сум совршено свесна дека не треба да имам. Обврските нема да се завршат сами, а и за нив не е добро да сме нон стоп вклучени во нивниот свет и игра. Супер е да поминуваат време и во самостојна игра и има многу бенефити. Се развива концентрацијата, се поттикнува креативноста, плус се учат да ги регулираат емоциите и да бидат мирни и задоволни и кога нема некој во непосредна близина. Сите овие работи ме тешат дур пример средувам во кујна или пружам алишта, а он си игра сам. Во работи во кои што можам да го вклучам секогаш е вклучен. Ама некогаш просто имам потреба да завршам нешто побрзо или во нешто не може да учествува и тоа е животот. Доволно сум му посветена во останатиот дел од денот. Ти и повеќе од доволно, син ти не оди во градинка ако добро памтам и цел ден сте заедно. Така да не си стварај вина и притисок таму кај што не треба да ги има.
     
    На AlmaOculta, Carolin., Ceneva и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.097
    Допаѓања:
    22.250
    Пол:
    Женски
    Јас немав во план да давам ништо зошто ете сезоната на вируси е на крај. Плус он со апетит нема проблем. Ама оваа болест некако не срози, таков го немам видено откако е роден и осетив потреба да му давам нешто, чудо знам дека нема да се случи, ама сепак. Нема да е на одмет и ако јаде повеќе од обично, така па може ќе качи конечно некој грам повеќе.
    За тантрумите што да кажам, он е едно претемпераментно дете, а дур беше болен се смени за 360 степени и ептен беше за грев па му се допуштаа работи што вообичаено не се допуштаат. Па тоа сега ни дојде на глава. Полека се враќа во форма и почнуваме пак со глупости правење. Секој следен ден е поголем предизвик од претходниот и само чекам да видам за каква глупост ќе драматизира тој ден. Мислев накај 3 се смируваат, а он тек збесна. (facepalm)
     
    На le.soleil, Carolin. и јolene им се допаѓа ова.