Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.449
    Допаѓања:
    25.161
    Пол:
    Женски
    Сега со 2 деца немам грижа на совест, со едно имав :D
    Морам едит и Викам :drunk:
     
    На јolene и 1209 им се допаѓа ова.
  2. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    1.357
    Пол:
    Женски
    Немам грижа на совест за чистење/ готвење. Ако можам го вклучувам да ми помага.
    Сум му дала живот, дом, мир, шетање, играчки.. па играњето е негова 'работа'. (Си играм секако секој ден и целото време после работа е посветено на него, а за викенди или боледувања и сл немам ама баш ич грижа на совест заради тоа што завршувам обврски).
     
    На Carolin., јolene, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.390
    Допаѓања:
    47.596
    Пол:
    Женски
    Знам и јас сум свесна дека не треба, ама периодов така на најјако ми е уклучено чувството.
    Проблем ми е највеќе што он ме барс да играме, а јас само велам сине уште една минута само ова да завршам или чекај уште да идам до вц, чекај уште да измијам садови…некако како цело време да е на чекање се осеќам.
    Не дека не играме заедно, и цртаме и пееме и шетаме, слагалки, во двор си играме, некои измислени игри, ама пак некако како цело време вниманието кон него да ми е на пола.
    Вајда е нормално, мада јас предходно не осеќав толкава грижа на совест, сега нешто не знам што ми е ама ептен ме мачи ова.
     
    На Carolin., јolene и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.097
    Допаѓања:
    22.250
    Пол:
    Женски
    Некој таков период имаш, ама не се измачувај. Супер посветена мајка си. Не може да сте залепени еден за друг 24/7, нити е возможно нити е потребно. Си имате доволно време во кое што се конектирате и си му посветена. Они секогаш си викаат, тоа е нормално, ама не значи дека на секој нивен повик треба да оставиме се друго и да им бидеме достапни. Мора да се учат на трпение. Купи си чајче од маточина и кулирај, јас планирам да почнам да пијам. :sun:
     
    На Carolin., 1209 и јolene им се допаѓа ова.
  5. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    12.115
    Пол:
    Женски
    Настрана тоа што не ја засрамиле во јавност, оваа мама е од тие што кога зборува на телефон муабетот е "браво сине, пак ли десетка?"
    Во случајов не ќе да е до децата. :D

    Еве јас отворено кажувам, ме донесува до раб на лудило, кај мене и хормони можда се ама сериозно на моменти нит се тера нит се води. До ситуација сме да не можам јас да го изнесувам на лулашки или било кај оти знаеме дека ќе има драматична разделба од лулашките, а јас сум трудна, веќе бааги голема, не можам да го кревам, а 100% ќе мора.. и затоа маж ми презема.
    Ако стават роденден во игротека во 19ч, јасно ми е дека ќе си одиме натепани дома оти он во 21ч е преморен, престимулиран, гладен, оти газ нема шанси да седне да јаде, а на 2 метри од него да има тобоган. Затоа мене не ми е јасно како своеволно си одите во игротека да ви се изнаиграт децата, мислам алал стварно, кај мене е незамисливо. Јас одам ако морам.
    Во маркет некое време не ми направил сцена, ама затоа на родендени all eyes on us.
     
    На Sun&Moon, Carolin., 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    12.115
    Пол:
    Женски
    Апсолутно не.
    Многу го сакам кога си има некоја минута така independent play и имам чувство дека си ја развива имагинацијата повеќе така.
    Ау па јас едвај чекам таков момент, каква грижа на совест, ама сериозно мислам дека можда и поубаво ќе си поигра сам отколку јас да му ги верглам истите муабети.
     
    На le.soleil, merriel0, Ceneva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.705
    Допаѓања:
    12.770
    Пол:
    Женски
    Кај мене ќерка ми лани од јануари до август беше со секрет нон-стоп. Нема вирус кој не го фати, една недела во месец беше во просек во градинка.
    Еднаш со уши, се инфицира и претече преку увото секрет. Се лечевме со ант, ама изгледа не се долечи како што треба и во рок од еден месец пак ја повтори со воспалување на синусите. Исто како твоето сега.
    жална беше, мисам здивот и секретот и мирисаа. Со температура исто. Пак доби антибиотик, излечивме тоа, фати габична инфекција. Абе да си пукнеш.
    Сега е малку подобро, да не ја заречам. Ќе пораснат, ќе пркнат.

    Мене ова успивањето ме изморува скроз. Мислам нон стоп се осеќам уморно и ќе залажувам на доктор, да видам јас како стојам. Преморот веќе откако сум породена го имам.
    Ние со маж ми немаме време да се видиме повеќе, особено вака кога заспива во 10. Немаш време да направиш кул даун како човек.
    Без дремка не бива, со дремка напорно за нас.
    Од септември ќе оди во друга градинка за 3+ што е. Т.е од октомври ќе е. Таму не им нудат да спијат, а додуша и без пелени преферираат оти немаат ни маса за преслњкување. Она ќе е најмала, со точно 3 г тогаш. Се надевам ќе се одучи и од дремка и од пелени до тогаш. Сега спие по 1ч и 40м во градинката. Јас ја земам она штотуку одспиена и одморена, а јас веќе пола ден со обврски изморена. Она ќе си касне после, добива енергија и трчи. Еве ме сега кај мозок ми е вжештен и за ништо немам сила.
     
    На kozuf и 1209 им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.390
    Допаѓања:
    47.596
    Пол:
    Женски
    Индепендент плеј на моево знаеш што мѕ е
    IMG_1556.jpeg IMG_1553.jpeg
    Е на шипкава се држи надолу буквално врат да пукне ако падне и јас буквално многу често не ни можам да го оставам да не го гледам оти стварно уште на лустер не се качил.
    Да се заигрува сам нешто онака многу со коли, топки и чуда ретко се случува.
    Само со слагалки знае да заглави, имаме 7 и додека сите не се наредени не се откажува, ама онака главно се му е со качување, скокање, фрлање…
    Некни во нов парк бевме не можам да ви опишам на колку високо се качуваше сам, на една мајка мислам косата и обеле додека го гледаше, повеќе од мене скокаше:D

    Така да не знам ако не играме вака он не си игра, а сам вака не можам да го оставам, па од тука вајда таа совест.
    Ама сепак фала ви ме утешивте дека сите сте исто и дека нема потреба да се осеќам така:hug:
     
    На Sun&Moon, le.soleil, AlmaOculta и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.394
    Допаѓања:
    26.812
    Пол:
    Женски
    Се си правам кога се будни и воопшто немам грижа на совест, јас не сакам расфрлано да е низ дома, па само собирам, а немам намера од кога ќе заспиет да мијам, чистам, пеглам. Кога ќе заспијат е време за мене и уживам искрено. Си ги сакам највеќе ама 6г сум со нив дома сама и тишината ја обожавам. Викенд преку ден играат заедно и повеќе се занимава малава со дада, а преку недела кога Н е во градинка тогаш малава "помага" со смукање, бришење. Кај мене и двете многу самостално играат и не бараат да седам со нив, седнувам оти сакам да им посветам внимание ама користам колку можам време са низ дома и за себе.
     
    На Carolin., Ceneva, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.449
    Допаѓања:
    25.161
    Пол:
    Женски
    Не одиме во игротеки :D кај нас и нема до душа, само една е и е многу мала и не одиме никогаш, од градинка не се канат на родендени, досега не бил на роденден во игротека, еднаш лани Бт бевме ама помал беше и одев по него. Со лесно мама допрва иди јакото кај вас :hug:
    Иначе кога имаме можност некој да го чува дома секогаш го оставаме, најсигурна варијанта да испазариш на раат, само големиот го носиме, како што кажав тој и мал ко беше не ни правеше такви драми никаде, без него ни в кафана не сме биле, секаде си го носевме. Ама ова малово не е за никаде :wasntme:
     
    Последна измена: 16 март 2026
    На Carolin. и DaisyDoo им се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.417
    Допаѓања:
    9.145
    Пол:
    Женски
    4-5 часа имам измеѓу моето враќање од работа и легнување во работен ден тоа и колку и да сакам не можам сите тие исклучиво на дете да ги посветам. Гледам обавезно да сме неделно излезени во парк/игротека или да одиме некаде на вечера. Е тоа е или пицерија со игротека или пекара, било што само ние да имаме заедничко време и јас да не сум цело време со обврски.

    Е сега кај мене се заигруваше сама ама е во фаза на тоа САМА, да значи секакви можни глупости и 100 пати ми е потешко да работам нешто, а да не ми е во вид. Пример преѓе 3 минути празнев машина за перење. За тоа време мадам ги дофатила од маса палачинките што и ги направив за ужина за утре после градинка да ги јаде, си зела чинија среќа пластична и седнала да си јаде на подот.
    Да супер што си се снаоѓа сама ама во моја замисла е дека може од нормалните чинии да земи, да се искрши чинијата и да се пресече дете.
    100 пати сме повториле дека треба да викне по мама и тато кога сака нешто такво.

    За тантруми во јавност и немала многу, по продавници пак пребарување и трчање не се случило ама во игротека не сум раат оти може да се закара за играчка, може да се искачи кај што не би требало според возраста итн. Е за прибирање важи муабетот со "поткуп". Одиме во продавница пример ако треба нешто да испазариме. Одиме дома да играме со вода. Одиме дома да ја гледаме Пепелашка и такви слични работи. И сме немале мака за да излеземе.

    Е спиењето и е се подоцна кога е во градинка и има дремка. За викенд сакам да почнеме и без дремка да тераме кога е тоа возможно. Преку неделата кај јас сум преморена, плус и престимулирана додека таа заспие, ни имам сила, ни желба за нешто. Неретко и јас сум веднаш заспана.
     
    На lackygirl, јolene и Carolin. им се допаѓа ова.
  12. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.170
    Допаѓања:
    8.751
    Пол:
    Женски
    @1209 Не си ја мачи душичката до толку. Бела убаво ти кажа. Има многу бенефити кога си играат сами. Јас ќе кажам ама ич немам грижа на совест кога не сум покрај него и не го играм и е сам во играта. Ама ни грам грижа на совест, може немајка сум не знам :rofl:
    Јас 24/7 не можам да му се посветам ниту е во ред да му се посветам.
    Опушти се малку и не си додавај непотребни тежини, диволно е што си сама со него по цели денови без присуството на сопругот.

    А за тантруми ууу од кај да почнам. Секој ден по неколку посебно последниов месец од кога ја тргнавме цуцлата. Тоа како тригер да беше.
    Во марќет стандард се рика, вика. Последно плачеше за еден алат татко му што го стави во количка. Неее то врати, немој да га узимаш. Па се трескаше по плочки таму.
    За количка туркање по марќет без да гледа кај вози само во лидл се дешава, таму како дома да е (facepalm) најпознат терен.
    Денес тантрум прв беше, кога виде дека ги ставам блузите нови во плакар, и ги грабна, неее то мора у пепко да се врати, и излезе на скали ги фрли и почна да слегува ќе одел во пепко да ги врати :?:
    После дојдоа гости и му донесоа благи работи без осет ( се налутив многу ) едвај му ги земав и скрив. Ајде ред плачки. И не сакаше да јаде... Нормално кога набута се што стигна од благите дур не реков јас доста.
    И шлагот на денот кога дојде маж ми и седна да јаде.... Немој ти да једеш тата устанииии. Треба торту да једемо ( на свекорот му беше роденден )
    И маж ми го гледа и пита што му направивте. Ех ти му велам ништо немаш видено и после ме прашуваш зошто сум секогаш нервозна кога си идеш дома. Оти тоа е стандард понашање секој ден и ти мислеш јас преувеличувам.
    Трескањава ми станаа секојдневие. И во последно пали за брзо смирување тоа што го земам и гушкам и зборам добро ајде смири се и го тапкам по грпче,галам по главче.

    А што правите со тоа разгалување од баби и дедовци. Јас многу зборам ама нешто како да не се слушам во последно. И денес дрска бев дури со свекрвата кога ми рече да не му викам за благото јадење, и и се опнав. Па ради ова твое такво понашање и му попуташ кога јас не сум присутна тој е таков. Не знае за граници. Среќа си покуте таа инску ќе ја направев големата.
    Ок во ред да му се даде ама до толку да му дозволиш да нема мерка. Мислам јадеше како да нема видено благо. Еднаш и на гости така почна да јаде што реагирав да се тргнат од маса. Очигледно дете сака благо ама ние како возрасни треба да го контролираме тоа. А не да дозволуваме. Еее нека га дете је (facepalm)
    Многу се нервирам од такви муабети, јас како вештерка да сум испаѓа.
     
    Последна измена: 17 март 2026
    На Bella_Stella, 1209, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.705
    Допаѓања:
    12.770
    Пол:
    Женски
    Ние немаме таков проблем со луѓе генерално. Никој не и дава ништо благо, на сите кажавме. Кога ама некој нешто, најчесто вп мк кога сме тоа се крева одма и полесно е.
    Кај нас едните баба и дедо еве ништо не и имаат дадено, добро пари и обетки да, ама она што рабира шо е тоа. Плус пари имаме фала богу да и овозможиме ние.
    Сега ко демек санка и купија, а уствари кажаа шо сакаат да и купат од нив и ние аи купивме и рековме од нив е. Не дека немаат, ама ете такви се, скржави за такви нешта.
    Сто пати им реков пред да аи отидеме, да и купат слагалица и нешто за играње. Не и купија ништо, баш ништо.
    На крај јас отидов и и зедов играчки да има со што да се занимава. Од кумови што ќе ни бидат од девојчето, собраа една вреќа и донесоа и сега има и кај нив.
    Ама генерално за се друго, ние сме тие што кажуваме што треба и како треба, и она кај нив нормално повеќе се опушта.
    Јас не би можела постојано со баби и дедовци, алал да ви е како трпите :bandit:.
     
    На Carolin., AlmaOculta, Ceneva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.417
    Допаѓања:
    9.145
    Пол:
    Женски
    @Ceneva , мислам детево ќе ми беше поразлично за 180 степени ако баби и дедовци не беа во близина и ги гледаше 2 пати годишно. И тоа на позитивно подобро.

    Јас: не давајте благо на детево
    Тие: ееее што е едно Монте денеска или едно животинско (чоколатце)

    Јас: не и пуштајте цртани да гледа
    Тие: аааа ама не рече песнички дека не може да гледа или филм или реклама.... Или не знам што.

    Најнови на секое плачење од детево ме гледаат ко најголем непријател.
    Дете паднало, се удрило, било што, да знам дека не е добро, тука сум 100% да се утешиме и гушкање и се со ред.

    Дете се ака од земја оти не сум и дозволила во единствениот шкаф што ми е заклучен (кај што чувам документи, лекови, битни работи) да фаќа и отвора. Добивам одговор како сум без душа и што не ми е жал толку многу да плаче детето.

    Инаку се повеќе пали принципот награда и казна кај нас.
    Пример во парк сме, ако почитува правила, а сме ги договориле пред да дојдеме, после парк ќе добие цртан или да речеме нова боенка или што било како награда. Макар и нови стикери нека се. Ова не го користам постојано.

    Е ако прекрши правила ( екстремно опасни работи) не за секоја ситница, преминуваме на "казна" од типот нема читање приказна пред спиење, затоа што јасно и гласно кажано направи така и така.

    Неколку дена ми е оваа шема, уште не можам да кажам дека има којзнае какви резултати ама се надевам ќе најдеме што најмногу функционира.
     
    На Carolin., Bella_Stella, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.170
    Допаѓања:
    8.751
    Пол:
    Женски
    @јolene @Miss_S
    И те како ќе беше поразличен ако живеевме оделно. Ама ете за жал се уште се немат одделено, а тоа е на дневен ред да не речам :rofl:
    Тие не му даваат благо, ама вака кога дојде некој му дозволуваат да јаде без контрола. Па дете е остави го. Какво им е тоа размислување не знам. А јас не смеам ништо да им префрлам на гостите, аааа ќе се налутеле немој.
    Фино им реков ама очигледно не доаѓа до ум. А плус на братучеткава на маж ми и реков, те молам немој да му купувате толку. Имаме проблем, дете нема контрола. Никаков ефект. Пак дојдоа со полна кеса.

    А благо давам по доручек ручек како награда и јас. Зошто слабо ми јаде и се сме со молби. И знам да му речам еве мама слаткиш зошто ручкаше убаво. Да знае зошто му давам.

    А за тоа кога ќе ми речат немој да му викаш на детето. Ама последниот пат тоа кога го рече, и реков па затоа е таков, од вас, што му дозволувате се. Тој е мал мора да знае за граници, а ние сме тие возрасните кои ги поставуваме. Ајде нож да му дадеме да си игра за да не плаче... Страшна работа со стариве. Ама тоа е. Дур сме заедно така ќе биде. Се надевам наскоро ќе се гледаме два пати неделно хаха
     
    На merriel0, Carolin. и јolene им се допаѓа ова.
  16. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.952
    Допаѓања:
    6.601
    @Bella_Stella ич немам грижа на совест во тие два пати неделно кога ќе се заиграат сами да средувам нешто по дома. Во сите други ситуации и кога се играат нешто сами морам да дежурам да не се испоубијат и искршат и немам баш време за ништо. За готвење седат до мене у кујна на работната маса и "помагаат", најчесто завршува тоа со пола храна на земја, еден или двајцата од нив паднат зашто не можеле да се договорат кој што да "помогне" па преминало во физичка пресметка.
    Инаку и другите кажаа, самостојна игра е многу битна и треба да ја охрабруваш ако прифаќа а не да чувствуваш вина.
     
    На Fenix05 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  17. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.097
    Допаѓања:
    22.250
    Пол:
    Женски
    Мама прашањето од @1209 беше, ама во право си. :sun:
     
    На 1209 и le.soleil им се допаѓа ова.
  18. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.326
    Допаѓања:
    40.618
    Пол:
    Женски
    Не да немам грижа на совест, не можам да ја откачам. Во истата соба седиме, јас готвам таа рика зашо не си играме. Не да дое да помага, туку јас да не готвам.
    Нзс не барам веќе. Она си се мава по под, јас си готвам/правам шо ќе правам :)
    Пробувам со убаво да објаснам дека светот нема да се сруши ако си игра 15 минути сама. Уште пробувам. И давам задачи, напрај ова она додека зготвам па ќе видам Не, и тоа не се важи оти мама не ми стои на глава.
     
    На јolene, merriel0, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.705
    Допаѓања:
    12.770
    Пол:
    Женски
    Не тоа. До мене седи или во скут ми седи и играме, и само 30 сек да свртам поглед или со татко и нешто да си размениме збор, готово одма мама мама мама сега играј си. Или ќе земе ќе ги расфрла играчките. Не знам од каде ми сила така да не ја плеснам во такви моменти. Ама стварно ми се спојуваат жички.
    И по еден саат навечер ме малтретира, ме чепка додека се успие. Па ноќе сто пати ја покривам, или ако дојде до мене по цела ноќ не клоца. Па сите играчки после неа и со неа ги собирам, раце и грб ме боли од тоа што и помагам да се клетери и балансира на највисоките греди на игралиште, така да ако морам да и зготвам додека си игра, морам.
    Може да помага ако сака, ама порадо ми е да си игра.
    Така некна од помагање, пола кило брашно имаше на подот.
    Сега ја пратив со татко и да спие, почнувам втора половина од циклус, хормоните ме шашнуваат така на некои 10 дена пред добивање, шо се претворам во чудовиште. И не можам да го исконтролирам ова однесување и така ќе сум во следните 3-4 дена.
    Престимулирана секако денес оти и куп нешта низ дома завршив и изморена, реков да не екплодирам па да ми викнат сега социјална служба :tmi:.

    Леле @Ceneva јас телефонски не можам два пати неделно со свекрва ми, камо ли да се гледаме два пати :bandit:. Најлоша снаа може слободно да ме прогласите.

    П.с може од мене нема да викнат социјална служба, ама од маж ми сигурно :D. Го слушам како почнува да се нервира и вика оти не се успива. А она два саати скоро во градинка ги отспала и сега диско :devil:.
     
    На lackygirl, LiquidLuna, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.390
    Допаѓања:
    47.596
    Пол:
    Женски
    Јас викам искрено, често се извинувам после, ама има моменти кога губам контрола.Поврќе од пола год сум сама со него и стварно малце сум бурноут.
    Мислам знам дека имам блиски тука ама верувајте помошта од нив е скоро непостоечка.
    Свекрва ми го гледа во денот може пола саат до саат макс, од кој саат скоро 45мин е пред тв и не можам никако да се разберам за тоа.
    Мајка ми е преморена, работи и саботи, до 4 на работа, он заспива во 7:30, додека идеме до таму и јас обавезно со него, ништо не одмарам уствари оти она не е способна сама да го гледа од умор, така да пак е се на мене.
    И така често викам.
    Особено како што вели @јolene пред добивање една недела толку се ме нервира, абе сакам низ кожа да излезам и тогаш е најкритично.
    Мислам дека немав вакви ПМС нервоза пред дете, имав физички симптоми ама не памтам ваква нервоза.

    Инаку одиме за роденденот за Белгија:party: 2 недели. Ќе дојде и мм од Англија и многу се радувам ама и многу се плашам од патот.
    Летот е во 6 наутро, значи ноќта ќе треба да го будам и да одиме, како да го преживееме овој прв лет?Давајте совети, типс анд трикс за прво летање со тодлер од 3г?
     
    На Carolin., Ceneva и јolene им се допаѓа ова.