Ќерка ми многу сака да се вози и ние немаме никаков проблем со неа. За од мк до овде кога летаме, исто ја будиме во 4 сабајле. Ја облекувам и и кажувам ќе ја ставиме во кола, ако сака да си продолжи да спие. На аеродромот полно луѓе, се ѕвери насекаде. Малку пред да се качиме збеснува и во авионот од полетување заспива. Натака после дремка и е летање. Си поигрува на аеродромот малку. Во авионот читаме книга, нешто бои со тие боенките на вода што се. Нешто скока нормално по седиште и толку е. Некогаш ќе дадеш слики да гледа ако мора, видео од него. Ти мораш да си смирена и он ќе биде опуштен нормално. Ама тие два саати лет ќе се издржат. Голем е, ќе му објаснуваш како ќе се вози во авион и така. На крај ко се слетува, малата мисли дека сите нејзе и аплаудираат оти била мирна . Па дури и си очекува аплауз, си прашува . Цепки. Ние штотуку купивме за во мај карти. Леле ќе се венчавам, а ништо не ми е организирано . Сега дури возбуда ме фаќа, а ни фустан немам.
Јас имам неискористен ако сакаш 2020 требаше да правам свадба и корона, не правев и не планирам. Фустанот за жал беше готов, свадбата се откажа 10 дена пред датум Се чудам каде да го продадам. Многу е убав инаку грчка божица стил Ќе ги применам овие совети и некои други што ги прочитав на нет, се надевам ќе биде лесно, мора да се навикне, подоцна ќе патуваме почесто.
@јolene Јас генерално имам многу убав однос со свекрва ми. Ама и двете се толерираме. Не може поинаку во заедница. Требаше порано да заминат во станот, ама бог имал други планови. Прво станот се поплави од одводната вода во кујна. Две соби парќет се дигна. И се се поремети. Таман да почнат со реновирање, на свекрва ми и дијагностицираа рак на дојка. И нормално нема да дозволам да одат кога најмногу помош и треба. Ете 9 месеци покасно по хемо и операција имаме победа. Уште малку да се опорави и ќе одат таму. После секој своето. А и ке го чуваат макар два саати дневно синко. Ете ти го времето за мене. Сега го немам тоа време. Инаку се поштува што кажам за синко ете само во некој такви исклучителни ситуации потфрлаат. Ама сите сме луѓе јбг а бабите секогаш разлигавуват и ние ќе бидеме такви оти со своите деца не сме
Син ми лани леташе прв пат, на неполни 2г. Се опремив со реквизити за по пат, сликовници, картички со животни/предмети, сортери, боенки, ама ништо не искористив. Имавме среќа и двата лета ни беа во време за спиење. Натаму во 11:45, таман за дремка. Назад во 21:30, таман за спиење. Буден беше максимум 10 мин од полетување и после заспиваше. Сега после роденденот ќе летаме пак и мислам дека ќе биде малку поголем предизвик зошто повеќе е свесен за сѐ и може од возбуда да не заспие па ќе треба да се анимираме. Некој посебен совет немам. Биди си спремна со грицки, реквизити за занимација, евентуално некој цртан на телефон/таблет и ќе поминат 2-3 саати.
Две битни нешта кој ги правам кога летаме кај мене успеваат. Прво во Скопје на аеродромот има мини игротека, таму да се измори да се изнаигра и второ никогаш не застанувам во редицата на влегување во авионот, чекам да поминат повеќето за да не чекаме многу во исто место. За летови како твојот тоа време секогаш заспива, ако е во несоодветно време за спиење правиме смирени активности како боење читање и некогаш цртани и кога сака да шета го пуштам па си наоѓа друштво. Не се плаши супер ќе поминете кога се поголеми и е поинтересно и обавезно се размаабетисуват со некои од патниците или персоналот
Како искусен патник со деца, облечи го со алишта што ќе патовате и тек кога ќе треба да излезете од дома земи го во раце. Пошо ќе е изморен, недонаспан, голема е вероватноста е дека ќе заспие во авион, па штом исклучат знак за врзување земи го и успиј го.
Добро луѓе што да правам со детево што е толку скржаво хахахахаха. Не беше до волку леле сега не се поднесува дури . Цело време зборам објаснувам ма џабе нема шанси кога ќе рече ова е мое и крај .Оди во градинка, не е дека е дома затворен со нас па ајде ќе речеш дека е сам така прави . Абе не можеме да седнеме да ручаме све зима све негово. Последниве денови од такт ме вади нормално не попуштам он си плаче липата хаос јас си држам до тоа дека лебот што го јадам е мој дека има и за него .
Сите се такви на оваа возраст. Леле кај нас лудница е кога ќе запне дека е нешто нејзино, уствари од дада и е, паа таа не попушта оваа вриска. Да пипне дете не сме надвор ништо нејзино, а не ни зема туѓо.
Све што ќе види мисли негово е исто , абе у ЗОО бевме седиме кај лавот и доаѓаат луѓе и им вика оваа мое ова мое хахахаха.Исто така тантрумите на најјако му се,за све плаче крши фрла абе ќе полудам. А во градинка супер бил (барем така викаат)
До возраста е, ќе му помине како расте. И да не е негово, ми зема од раце и вели тоа е мој леба на пример И така се е негово де Мене ми е смешен и не обрнувам многу внимание. Добро твој е лебот и го оставам. И така слабо ми јаде. Песна за ушите ми е. А за играчки туѓи кога граби и вели мое е се нервирам и реагирам многу нормално
И мене тоа ме нервира кога зима играчки и ќе рече ова мое а кога не дава ништо лелее не можам трескање од земја
Јас се тешам со тоа дека ќе помине се еден ден до тогаш белите влакна на главата се повеќе стануваат. Ај да ве насмеам сите https://www.instagram.com/reel/DWEEJ7ODCRK/?igsh=MWFja21keW80dHN0dQ==
Добро вака кога ве читам, си викам јас да не сум строга мајка што моево дете е толку мирно? Еве ја скоро 3 години, многу разбрана, тантрум досега немала никогаш, се е некако на договор, се договараме уште 5 мин во игротека или на лулашки и стварно е така. Се на секого дава, повеќе нејзе и зимаат. Знае да збесне ама никогаш нешто претерано. Вака е доста мирољубива. Среќна или лоша мајка сум? Да не ми се плаши детево? И кога е добро не знаеш дали е добро.
Не верувам да си толку лоша мама да се детето плаши. Едноствно е таква. Внука ми беше премирно дете и уште е, и внук ми е златен ама не е мирен до тој степен како неа. Си има повеќе карактер да не речам од дада му. Снаа ми си има авторитет, брат ми е по лабав. И јас се поставувам со авторитет пред моето, да знае кој е родител. Ама едноствно не пали. Си тера по негово. Си има своеглаво главче и тоа е. Јас не попушатам си стојам на моето, ама затоа тој тантрумот си го истерува до крај и прекинува тогаш. Едноставно се помирив. Моето ете за разлика од на брат ми, не застнува. Што е тоа на газ седење не знае. Само ако му пуштам телевизор во соба и тоа што сака да гледа он. Инаку не седнува пак. Туку си скок во креветче или на спална. А некогаш ми треба да е мирен 10 мин хаха. А додека на брат ми ете машкото ќе го земам оти е малку пожив од внука ми. Пак има начини како да го натераш да седи и да си игра. Моево не. Се се тоа карактери. Сакам да кажам ниту снаа ми ни брат ми не се хитлери, а јас не сум ич попустлива. Нема правила во тоа
Среќна си секако. Еве и мојава нема некои којзнае какви тантруми, без плачки си одиме од игротека, игралиште. Во продавница никогаш не се акала од земја, да граба, да плаче да купиме нешто. Ама дома седнување и мисловен поим. Постојано во движење, во скокање. Ептен треба активности да смислувам креативни или да ја ангажирам во 300 работи, па да е смирена. Не сме де за во темава, веќе надминавме ама преку ноќ детево (да не заречам) почна нокшир сама да бара од нигде никаде. Мислев и лето ќе не фати. Уште немам тргнато комплетно ама ако продолжи вака како овие 2-3 дена, за некој ден и комплет ќе тргнеме памперси.
Ај гризни јазик и поќути си. Има деца и го имаш Стич у детска форма. Тебе дете ти се погодило 5те минути никогаш не се 5 и завршуваат со плачење колку и да се. Мито, корупција не пали. Поштен политичар е, ама за тоа нејзе шо и одговара. За давање, дели ама ако нешо не и дадат имаш трета светска. Ги команда другарките ко да е не знам шо, а најмала е. И ако не играат по нејзино, само ќе им направи шмрц фаца и сите и трчат по газот. Како да ти кажам, манипулатор е бааги. И дома се си рика, кенка. Од раѓање ПМС ја дрма Моментално веќе саат време "пробува" да заспие и додека го пишувам ова стои до мене и плаче да и ја сменам постелнината зашо не ја сакала таа шо ја има. Хитлер сум, немам намера да и мењам постелнина. Пред тоа плачеше зашо и се моча, ама убаво била наместена и не сакала да моча. Не памтам пред тоа за шо плачеше ама од 3 и пол си плаче. И ова е секојдневие.
Оффф, не мора да значи. На сестра ми првото е како што го опишува членката нејзиното погоре - абе милина од бебе, дете, големо дете сега (8 год). Значи јас го чував на 9 месеци кога тргна на работа, си викав дека не ми е јасно шо се жалат мајки, јадеше кога требаше да јаде по цела каша, за спиење требаше само да го легнеш на кревет он спиеше. Цел живот можеш мнооогу лесно да се договориш со него за што и да е, само му викав Тета, а да не правиме сега ова туку тоа, и ми викаше Да, може и толку беше. Сакаа три деца да имаат. Се роди второво - сакаат да го продадат А не е ни до толку бељаџија или со големи тантруми, ама тоа живост, тоа објаснување за се, тоа да биде по негово - не им беше јасно што се случува затоа што не беа научени на такво. Решија на 2 да си останат Јас иначе така се тешам, иако мојата е уште многу мала - тек 1 годинка, ама ако продолжи со врискањето за се како што прави сега, тешко мене, ама си викам затоа второто ќе ми биде мирно