Си имала среќа нема детето дисфункции и си се развива балансирано. Ова кај нас е се мислам од нешто понапред нешто поназад и додека се да си дојде на свое место треба време. Едноставно нервниот систем не е подготвен за сите тие предизвици и затоа така ни прават. Сум запознала луѓе викаат а бе првото не го осетивме ама второто ни наплати и за првото Еве мојата одиме на ОРЛ се поздрави најкултурно со докторот уште да го изгубат нит го знае нит го познава. И стави камера во носот глас не пушти си заминавме ко од најубавото место. За една недела одиме на очен. Не ни влеговме. Ко мечка да однесов не истото дете. Немаше преглед си плативме и заминавме и тоа е тоа. Нема правило.
После првото дете мислевме дека сме одлични родители, абе тоа разбрано, мило, уметничка душа, културно. Со малово сфативме дека ни се посреќило со првото. Не викам не, од мало додека беше е зборено, читано, секакви активности... И на малово му читаме, му збориме (веќе почна да ги засакува книгите и да не слуша кога и читаме), ама бре толку тврдоглаво дете немам сретнато. Се лути, се кара, а бебе од една година е. Се џапа со сестра и (големава јадеше и гомцево успеа да се испентари и да и украде краставица, па кога и се наврте со сласт да ја јаде). Се пентари по скали, се качи во машина за садови, влезе во бубањ во машина за алишта, се џиткаше од земја зошто не и дадов да изеде умрена мува, падна расцепи уста, крв до колена имаше. Сака деца, ама си знае што е нејзино и си го зима. Не сака да збори, ама не не точно знае каде да го употреби. Книгите на сестра и и се омилени, татко и не го дава на никој. Нема проблем јас да држам друго дете, ама ако татко и држи друг тоа е комирање од плачење. Значи коса ни побеле, а тек сега почнува со глуппсти правење. Ова дете да се нервира ако има грешка на диктат од школо да видам, да не верувам. Ама ако, уште од сега гледам дека е посамостојна во се. Нека се бори за себе. Големава чувствителна душичка е, никој да не навреди, никој неа да не ја навреди. Така да не важи тоа дека ако првото е мирно и второто ќе биде. 6 години се разлика и ми вика големата "леле мамо едвај чекам да порасне малово и да ме брани"
Ауу не. Сите втори деца што ги знам се блесави. Почнувајќи од моево. Со мокар чорап е удрена, забегана е за сите пари. Нејќела она ние дома да купуваме јадење за да не трошеме пари, да има за одмор, она сакала да се бања, ама битно кога одеме да шетаме у чаршија баш тогаш и се пријаде чипс од 150ден, хамбургер од Бамби, леден чај уз него, пуканки и лижавка. Хехе Една плата за 2 дена ќе ти отиде од неа. Големата е толку скромна за разлика од неа. На учителката во градинка и ја праве лигавата, викала и ногу те сакам Е со деца не си игра баш, повише сака сама, ама дека е блесава, е блесава.
Ако сите втори се блесави, тогај со мојто второ да земам да си резервирам у Бардовци јас една собичка за повремен престој @thinkerbell твоето второ е моето прво. Душата ми ја извади мајке ми
Чекај,чекај… Моево душата до 12 месеци ми ја извади. Спиеше на мене 24/7. Нервозно бебе, кога ќе почнеше да плаче, неможеше да престане. Еднаш морав да викам повеќе од неа за да престане. Се стегаше од нервоза, еден еден и закажав на невролог да ја носам, мислев нешто не е во ред. После со спиењето имаше мака и заспивањето до пред скоро. Ама затоа сега е бубалче. Како карактер е мирна и дружељубива без емоционални испади. Не знам дали држи вода тоа ако како бебе е мирно, после обратно.
Како ме насмеа слатко со ова мама да си жива и до двете лепоти ама посебно до големата Така маж ми и брат му се 4 годни разлика. Девер ми бил учен немој помали се за сите околу и сите ги трпел. И плачел од некое девојче во маало, а маж ми во моментот кога го видел да плаче излегол ја истепал и се вратил дома и рекол готово нече те дира више Така можи и твоите ќе се,и вистина малово ќе ја брани дада
Нема. Јас имам две, двете се како Таз од Looney Tunes. И не, не претерувам. Ќе речев ај може третото ќе биде помирно, but no - I'm smarter now. Ко ќе ми речат, абе деца се, сите деца се такви… не, не се сите. Не се станати од 5, не демонтираат кујна за 5 минути, не се клештат како зелени кога ги караш (дереш, задње време), одвраќаат и се трескаат како тинјџери, напентарени се вечно некаде високо (за ова се мислам ко пореметување некое да не им е?!)… не се дерат во кола, не го малтретираат кучето… а најјако, едниот е 13 месеци, другата 4. Ја па мислев второво абе мало е нема шанси да е како сестра му, мхм. На 11 прооде, на 12 на маси и столици качен, бега низ врата и по скали…and many more. Значи ако не бев јасна, вторите НЕ се помирни.
И мојот нема тантруми за такви работи, секогаш си одиме без проблем од игротека, од парк исто, на колички ско се вози секогаш е уште еден круг и толку. Најчесто со договор секогаш имаме разбирање без проблем. За давање исто дава, има ретко момент да не дава на некој, ама во парк главно ние за сите деца играчки носиме и нема проблем да ги даде и колите и се што носи. Тантрумите најчесто се за некои банални работи, особено ако е преморен и му се спие. Пример зошто не сум го оставила дам да се соблече, зошто сум го престигнала дома не бил тој прв. Различни деца и различни карактери, не си строга едноставно детето има таков карактер.
Интересна тема. Моево детенце бесничко си е, беше само многу мирно бебенце, да ти е мерак да го чуваш. Ама како прооде почна да си покажува карактер. Сите викаат дека вторите деца се потемпераментни од првите, он е практично второ дете ако така може да рачунаме. Мене неговиот карактер не ме одвраќа од желбата и идејата за уште едно дете. Повеќето доаѓаат евентуално во фаза кога се смируваат, не може да се вечно такви. До тогаш нека ни е со среќа. Најнова навика му е да стиска заби и нервозно низ заби да ми кажува нешто да му направам/купам/дадам ОДМА! Се сецнува кога ќе му кажам да престане и дека ако така прави нема да добие ништо, ама за кратко пак си го повторува истото понашање. Маж ми вика од мене гледал зошто јас така знам да ржнам низ заби, ама пред него тоа е исклучително ретко, скоро никогаш. Така да очигледно си е љуто пиперче. Јас сум инаку второ дете во фамилија и сите од секогаш кажуваат дека сестра ми била многу помирна и поразбрана. Јас сум и ги испокршила сите играчки што она си ги редела и чувала, зборот ʼнеʼ ништо не ми значел итн итн. Е сега за внукот викаат ʼпа беше ти немирна да, ама не до толкуʼ.
Воглавно син ми е голем плачко. Дома ептен ќе збесне ако имаме гости како баби/дедовци тогаш прави глупости и се качува секаде. Еднаш како помал падна од хранилка и не се качуваше веќе по маси и такви високи места. Никогаш не растргав украси бидеќи не чепкаше, не се задева со животни, особено бега од кучиња и од гулаби, сака само мачиња да гали. Е како помал трчаше како мува без глава и никогаш не излегов пешки некаде со него, до 3 години го возев во количка. Имавме проблем со страшни тантруми, не зборуваше па можеби и тоа беше тригер да се активираат тантрумите и после си продолжи… Неговите игри беа скали (качи се слези), врати(отвора затвора) и да истрчува на улици. Никогаш нема да го заборавам одморот (од четири дена) пред вториот роденден. Секоја вечер плачеше по 2 часа, пола одмор го поминавме на улица и во соба. Тој период беше најкризен. Како наполна 3.5 години, со редовна посета на дефектолог и логопед а последно кога сменивме група во градинка со поголеми дечиња син ми стана за пожелети. Зборува се повеќе и повеќе, и полесно ми е да го излажам или да свртам филм кога е криза. Бидеќи сеуште има денови кога преспива после градинка, околу 19ч излегуваме на пешачење да се измори за побрзо да заспие. 5км ги поминуваме од кои пола се угорници и главни улици и одлично ни оди, толку е послушен милина Груба пресметка ужасот траеше околу 2 години плус минус. Не дека е мед и млеко сега, но ќе замижам Околу нас има веќе неколку трудници и опседнат е со бебе во стомакот, секој ден прашува дали имам и јас бебе, па со татко му одлучивме да го изненадиме Нареден месец почнуваме постапка со кломифен па ако се посреќи супер, таман се надевам ќе помине неговото лудило па да собериме сили за ново Како се кандисав за второ, не прашувајте
Баш ми е мило што се смирил те читав одамна паметам бидејќи тука сме со возраста. А богами и со тантрумите. Исто така ви посакувам среќа за второ. Добро само мојата никако да смени и да се смири. Дали правам нешто погрешно, дали сум можеби лоша мајка? не ми се пишуваат глупостите за кои плаче и ги прави, најискрено ме мрзи а има еден куп за пишување... само јас ли како минува времето губам желба за второ?
Абе плаче и син ми уште за глупости, ама мене ова ваљда ми е мачкина кашлица во споредба со предходното плачење, не знам. Сега плаче 10тина минути, тогаш цел ден. Последнава недела во фаза е на фаќање и викање на глас “цицкииии”, се криви и плука кога не му е погодено, засега фала му на бога тајно го прави тоа само дома пред нас и го караме и зборуваме но нема напредок. Се надевам период е и од утре планирам со игнорирање да пробаме.. Но пак ќе речам, каде каде е полесно сега од тогаш, барем зборуваме комуницираме, ќе го уценам, ќе го излажам..
Над 4 год идеална разлика, со среќа иии мене ми е полесно е со 2 и поубаво е, башка со второво се ми е уживање, пуштена на релакс муд се мие заби пие млеко ако за еднаш чудо не спиел кога требало дремка да има... ако... не јадел овес...ако...итн....не дека секој ден ама нема да се стресирам ако еднаш на 3 дена се случи нешто "што не треба" еднаш се мали и треба да уживаме колку што можиме Морам да се пофалам помина цел месец кај што спијат сами во детска двајцата