Мене моево прво ми беше 3то, предходно внуките ги растев. Снаа ми цело време ми велеше, жено не се понашај ко со 3то дете Е сега дефинитивно друго ќе ми е размислувањето и се надевам полесно ќе биде кога едново веќе разбира малку од малку..
Мајки препорака за ортопед за стапала? Видоевски беше, но е во пензија. Не е важно приватно или државно.
Александра на ортопед.мк ќе ја најдеш, задоволни сме. И Ласко таму ми го фалеа многу, лично не сме биле кај него.
Оваа ја има син ми, супер е. https://limes.mk/detska_pernica_2-5/ И јас му купив кога почна да се качува на мојата.
Еј, може. Колку пари е? Немаат ставено цена или не можам да најдам. Разумна ли е или како магнифлекс, детска перница 4000-5000 денари.
Ќе се надоврзам пошо и ние имаме ваква, јас ја купив околу 1100 со некој попуст иначе е околу 1600 мислам.
Околу 1600 и нешто мислам ја купив, не ме држи за збор, ама отприлика толку. Убава е ептен, квалитетна. Плус се пере цела што е супер.
Дали вашите деца имаат другарчиња од градинка со кои што се “опседнати”. Веќе некое време има едно другарче што не го вади од уста. Мора да има сѐ што има он. Кога ќе донесе детенцето некаква играчка во градинка и он бара иста, ако носи некаква блуза со цртан лик и он сака иста. Кога раскажуваме приказни мора и он да е вклучен. Слатко е и веројатно нормално, ама ме интересира како е кај вас? Му се ближи роденден и цело време кажува дека детенцето ќе му дојде на роденден. Се радува и за другите гости, ама него го потенцира секогаш. Е сега работата е што немаме контакт со родителите од градинка. Немаме група за комуникација и не се каниме на родендени. Слават роденден во градинката со пакетчиња за секое дете и дуваат свеќичка. Се мислев да побарам контакт од родителите на другарчето и да го поканиме на роденден, ама си викам да не е нападно. Не ги знам луѓето кои се. Ги немам сретнато дури ни кога го носат/земаат од градинка. Што би направиле на мое место?
Исти и сме и ние , нас дома све ни се вика по тоа другарче дури и рибата . Дури вчера се трудеше да ми каже да се јавиме на мајка му за да одиме на лулашки . Мислам дека не е воопшто нападно да побарате бројче и да ги поканите
@Bella_Stella , пред некое време бевме на роденден кај детенце, куп деца од градинка дојдени, радости еден тон. Самиве мајки кажуваа дека групата општо децата се преблиски и воспитувачките се трудат да одржат близина и контакт меѓу децата. И општо по родендени и да иницираат дружби надвор од градинка и сето тоа. Нашава група, па и вака на слика да ги гледаш децава изгледаат како и да немаат некоја блискост. Исто со една мајка од групата се сретнавме во парк и си го коментиравме. Инаку имаме група и со воспитувачките и само мајки. На таа со мајки е држ не дај работава само ако треба за нешто да се соберат пари и тоа со 300 негодувања. За друга дружба, ни некој нешто потегнал, ни ништо. Тек тука со некоја мајка ако се додадеме на Фб. Или вака да се сретнеме во парк, па децава да се препознаат зошто се веќе поголеми. Ќерка ми спомнува деца ама нема некое конкретно така баш да е едно исто постојано и за играње и за се. Инаку би прашала и кај воспитувачките дали си игра со тоа дете, па и би било убаво да го поканете на роденден нормално ако имате простор. Во групава наша не пратил никој досега покана за цела група. Вака што гледам по слики на Фб, само тие приватно што си се дружат од претходно си одат едни кај други. По 2-3 деца што би се рекло.
Моиве се опседнати со две близначки, до степен да морале да интервенираат учителките да не ги гушкаат нон стоп, буквално не се делеле од нив. И само нив ги зборат после градинка. Едниот сам кажа дека не дозволувал да се дружат со други деца, буквално ги туркал За канење, ако веќе толку се дружат побарај контакт од учителките и поканете го, зашто да не
Ако многу го бара поканете го, зошто да не, па можеби и некое ново пријателство ќе излези кај вас родителите. Првото дете си имаше другар на кој родителите ни се другари мене и на мм, него најмногу го кажуваше од градинка и го сака, се дружат од бебиња, сега се и на школо во ист клас (побаравме да се заедно), плус уште едно дете, исто и неговата мајка ми е пријателка. Само со нив се каневме на родендени од градинка, со другите не, е сега кога почнаа лани првачиња сите се канат цел клас, па и не се многу 12 деца се и си одат сами на родендени. Малово уште не зборува за градинка, ретко да кажи некоја случка нешто од таму, не планирам да канам никој засега, здравје на школо кога ќе одат ќе си се канат, а ако некое дете го покани би отишле на роденден. Иначе ние за првите деца бевме неколку другарки со кои одевме на родендени, мораше и ние мајките нели, мали децава, така си имам веќе круг на другарки и пријателки од првото дете сега не би можела да правам нови пријателства со родители на малово, прво и генерациски повеќето се помали од мене, има по 25 год мајки, едноставно не оди муабетот башка за второ дете ништо не ми вау, се ми е преживеано и многу поинаку гледам на работите...
Ќе побарам контакт преку негувателките и не е воопшто нападно. Мене една мајка така ме контактираше ама ние имаме вибер група. Ми се јави директно - Х сака да си игра со Софија, дали сте слободни да излеземе
Си игра, воспитувачките кажуваат дека цело време се заедно. Иста љубов кон коли делат, а во последно време и Соник го засака од него, иако јас не пуштам такви цртани со јаки бои и брзи ефекти. Ама еден ден дојде од градинка и се запна сакал Соник играчка зошто Х имал, па сакал блуза Соник, па не знам што. Јас лично сум отворена за дружење и баш би сакала и надвор од градинка да ги дружиме. Ама денешниве родители сме толку некако затворени за дружба, не знам. Другари имаме во друштво со деца врсници на син ми, ретко некој да иницира дружење и секогаш е надвор во парк за да немаат обврски. Никој веќе не сака деужби дома како на времето што се дружевме ние. Цела група не би ја канела, од причина што он не го бара тоа, кажува само другарчето дека ќе дојде. А и ќе се направи ептен гужва зошто и онака имаме 25-6 деца. Охоо они девојки бркаат, види ги ти нив.
Да, најверојатно ќе побарам контакт и ќе го поканам. Нека се радуваат. Абе реално така и треба, само што и јас сум малку тврд орев и интроверт. Ама ете барем заради него се трудам да го сменам тоа.
Ради што јас сум интроверт до немајкаде, а гледам и детево влечи на кај некој таков ген, сакам бар со родителите од градинка да се задружиме секако децава се многу часови заедно. Ни во друштво, ни во фамилија немаме којзнае колку деца, што би се рекло на прсти се бројат. Е кај нас никој го нема скршено мразот за дружби ама може и ќе го направиме првиот чекор. @LiquidLuna , си знаеш да ни сте поблиску, секој ден ќе ве бараме
Знам како ти е. Јас тек сега почнав да се опуштам и тоа е нормално заради неа. Мене осеќам дека не ми требаат луѓе многу и бош муабети Ама она е БФФФФФФФФ со уште 2 девојчиња и не ми иде да и кажам "Мама е социјално awkward суштество" Ама еве стигнавме до степен со дружење мајката на другарка ѝ да ги зима дома на поседок, јас од градинка сите да ги земам да ги разнесам по дома и сл Ние сис со овие двете сме за у иста зграда. Живот ќе им биде
Детево два три дена бега од деца нејќе деца, нејќе надвор , нејќе на лулашки кај што има деца . Во градинка оди ама и овие два три дена нешто со плачење оди .. Дали се случило нешто дали е фаза не знам .