Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    26.926
    Пол:
    Женски
    Слободно да го поканите, ни ние немаме контакт со родителите од градинка ама ќерка се дружи со 3 девојчиња кои се неразделни во градинка, само оставивме покана без наш број што беше грешка, вие оставете број за да ви потврдат ако знаат дека децата ви се друѓат ќе ви направат чест.. кај нас родителите толку се потрудиле да дознаат што она сака за да и купат поклон и покрај тоа што немаа контакт наш, прееесреќна беше што дојдоја и трите другарки.
    Мм е по дружељубив и он има покането другарчиња со родителите на гости дома што се од маалата и на крај ем ние возрасните ќе се запознаеме ем децава пресреќни.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ouravanture

    Ouravanture Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    678
    Пол:
    Женски
    Нонстоп се разболува само кога има црвено грло, исто и ушето и е црвено, зошто така? А се си јаде, пие цеден портокал сок.
    И давам моллерс, вит ц.
    Сега сакам да сменам, освен моллерс, има др витамини подобри?
    Стварно вака не можам више ;(;(
    Инаку девојчево има 2 и пол год.
     
  3. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    26.926
    Пол:
    Женски
    Браво, знам дека и двајцата со тебе спиеа, сега ќе се препородиш. Моите оддамна спијат во детска иако големата знае уште да ме разбуди за да ја однесам пак во кревет и знае да ми скрши сон хаха а малото е топ.

    Јас морам да се пофалам дека веќе 3 недели не цица :rofl::rofl::rofl:
    @Bebetoo
    со второ е дефинитивно полесно, околу првото се гледав да е потаман спа ма глупости по дома циркузарии и пак неа не и чинеше ништо и сега е лева де, со второто под чешма ја капев на брзина, остаев на под долу и ќе ја забораев. Скроз се различни ама се сакаат ептен и си играат заедно, има и посегање карање де ама добри се не се тепаат битно и брзо лутината завршува. Првото иако знаеше сама да си игра сепак ќе ме побараше мене, второво си има друштво и додека они се занимаваат јас си бркам обрски или пијам кафе. Вторите се многу посамостални и природно исчеличени, границите им се поставени од поголемите и брзо капираат ДА-НЕ.
     
    На Carolin., lackygirl, Bebetoo и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    26.926
    Пол:
    Женски
    Не е до јадењето.. ниту витамините по мое. Моето големо нити јаде нешто нити пие пу пу ништо не ја фрка, малата јаде се ама со ушињата имаме проблем. Е сега големата имаше проблеми со крајниците и ги извадивме на нејзини 4г, за малава ќе одиме исто на Орл да видиме како и се крајниците оти за една година 5 пати имаше црвени уши.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.422
    Допаѓања:
    47.767
    Пол:
    Женски
    И јас ќе ти кажам дека не е ни до јадење ни до пиење ни до витамини.
    Моето не јаде ништо, месо, јајце никако, 5 работи јаде, витамини освен вит Д и тоа веќе ретко друго не давам, давав и јас молерс едно шише, вит Б едно време и сега имам мед со матичен ама ретко го јаде, друго ништо не сум давала.
    Да не го заречам не бил болен не знам од кога и кога ќе се разболи тоа е 2 дена онака лагано.
    Не оди во градинка ама има дружби и со деца и со луѓе итн, ама и кога одеше во градинка еднаш се разболе само.
    Не знам до што е ама дефинитивно не е до јадење така да не се мисли, провери подетално уши, крајници и такви работи оти тоа може повеќе проблеми да прави.
     
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.132
    Допаѓања:
    22.336
    Пол:
    Женски
    Дали има некои симптоми за зголемен трет крајник? Сега кога беше син ми ОРЛ специјалистот ни сугерираше да направиме преглед за крајници кога ќе биде здрав. Ама кога ме праша дали спие со отворена уста итн и и кажав дека не, рече дека нема потреба. И син ми 4-5 пати ги воспали ушите оваа сезона.
     
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.375
    Допаѓања:
    15.676
    Пол:
    Женски
    За трет конкретно најголем знак е воспаление на уши, ама обично иде и со хрчење, често затнат нос, дишење на уста при спиење. На поголеми деца се гледа и проблем со говор (најчесто имаат затнати уши и намален слух, па затоа потешко се развива говор).
    Ушите сами по себе не мора да се од трет крајник воспалени, ама може да стои течност внатре, па има опција само цевчиња да се стават без вадење на ниеден крајник.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    26.926
    Пол:
    Женски
    Големата немаше проблем со воспаление на уши нити на грло, еднаш само и беше грлото и тоа е тоа ама хрчеше многу со прекин на дишење во спиење и устето почна чудно да и мириса, имаше подочњаци и изгледаше уморно слабо. Малово освен црвени уши нема друг проблем, иако е слаба не изгледа така на лик како дада. На голематаи правевме преглед Ремедика прво и простор меѓу краниците немаше буквално, Австрија ни потврдија дека мора Оп и на 4г ги намаливме двата крајника, третиот го извади. Од тогаш дете е живнато на изглед и секако со спиење. Одма качи 6кг.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.132
    Допаѓања:
    22.336
    Пол:
    Женски
    Нема проблем со хрчење син ми. Баш го гледав како спие, со затворена уста е и нормално дише. Он е слабичок ама подочњаци нема. Он од секој вирус оваа зима воспалува и уши. Очигледно му се слаба точка. До сега никогаш пу пу не бил болен со спуштање на плуќа, секогаш е проблем горен респираторен систем. Не соработува многу за чистење носе и тоа дополнително допринесува да се воспалат ушите.
     
  10. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.490
    Допаѓања:
    25.245
    Пол:
    Женски
    Ама одењето во градинка и дружба со деца не е исто, в градинка се нон стоп болни, посебно првата година па и втората, јас ни Д3 не давам, значи ништо никаков витамин, добар беше 1 месец издржа в градинка, сега еве го од градинка 3 недели 3 различни болести, прво бактериски пиеше антибиотик, после него конјуктивит 6 дена, заврши тоа еве го сношти пак тт крена 37.6....засега е ок сам спушти не дадов ништо, ама во градинка е такво дур стекнат имунитет за жал.

    @Bubish26 даа со мене спиеја двајцата, како друг свет ми е сега :D
     
    На Carolin., Bella_Stella, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.422
    Допаѓања:
    47.767
    Пол:
    Женски
    Да знам дека најчедто е така, ама и не мора да значи, моето одеше скоро 3и само еднаш ларингит фати.
    Може не се погодило тогаш да има болни не велам не, ама сепак.
    Сакам да кажам дека не е изолиран од луѓе и деца, не мора да е до тоа.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.132
    Допаѓања:
    22.336
    Пол:
    Женски
    Во право е Лаки. Не е исто кога детето оди во градинка и кога не оди. Без разлика дали се дружи со други деца надвор, едноставно контактот не е ист. Во градинка поминуваат 7-8 саати дневно во непосредна близина, плус тука станува збор за поголема група на деца, минимум 14-15, не за 2-3 во парк. Во три месеци сепак еднаш бил болен, да оди редовно секако разболувањето ќе биде почесто. Единствена разлика што ја приметувам од оваа година и од лани е тоа што многу полесно ги поминува болестите и од нога. Освен последниов пат што ептен се изнамачи, така не бил болен откако е роден. Ама генерално гледано се согласувам дека секое дете си е различно и дека некои се “поотпорни” од други. Пример има деца што одма спуштаат на плуќа и прават јаки опструкции, има деца што слаба страна им се уши како на син ми, некои грло, некои со јаки ларингити итн. Важно е да не заглавуваме и да поминува полесно. Да не се разболуваат на оваа возраст нити е нормално нити е пожелно. Мора некако да се изгради имунитетот. Башка што знам многу деца што биле почесто болни во градинка, а во школо биле редовни, и обратно. Деца што не оделе во градинка болестите ги поминуваат во школо.
     
    На Carolin., Sun&Moon, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.490
    Допаѓања:
    25.245
    Пол:
    Женски
    Точно се, се согласувам и од искуство пишам, има да, што се поотпорни ама повеќето се разболуваат почесто, башка кога ги дружиме дома пр одиме кога се здрави само, со братучеда ми 2 месеци неможевме да се видиме зимава, еднаш тие болни, после ние...ама да сега полесно ги поминува настинките, побрзо, значи веќе имаат стекнато колку толку имунитет. Имам пишено, големиот до 4 год се разболуваше почесто, после 2 пати годината, лани прваче ич цела година ништо не фати, годинава па се поболи 2 3 пати, од кои 2 пати стомачен фати. Ама како и да е ова е период што мора да го поминеме, после секоја настинка се се појаки.
     
    На Bella_Stella и 1209 им се допаѓа ова.
  14. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.910
    Допаѓања:
    9.873
    Пол:
    Женски
    Мајки, ми треба совет. Малиот е 2г2месеци откако му пробија запчиња почнав со четкање секоја вечер прво со силиконски па со четка и паста без флуорид. Денес на едната горна 4ка од долната страна не на ѕидовите гледам бела наслага се изнервирав многу ..
    Се трудам зборам четкам ама сеуште не сфаќа некако сериозно дека мора да седи мирен да отвори уста за да можам да четкам здраво
    Имате слично искуство? Што да правам, да го носам на стоматолог или? Не верувам дека е можно да го натерам да отвори и држи уста отворена а да не е на сила да му направам траума. Не пие од шише ноќе ни преку ден може 1 во 1 2 недели да побара млеко денски. Е за грицкање грицка низ цел ден ваљда тоа ми е грешката. Ве молам за совет
     
  15. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.257
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Најверојатно кариес. Однеси го ама мислам ќе добиеш совет да продолжите со миење забчиња, друго мислам не би направиле, барем така беше со внука ми.
     
  16. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.910
    Допаѓања:
    9.873
    Пол:
    Женски
    А има специјални за мали деца или на редовен?
    Гуглав па сфатив дека е кариес и се изнервирав ама немам идеја што е следно во случајов
     
  17. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.132
    Допаѓања:
    22.336
    Пол:
    Женски
    Траума не траума јас мијам на сила кога не соработува. Од такво несоработување што траеше месец дена кога беше помал, му се појавија наслаги на горните кецови и двојки. Купив тут мус, ама не може да подобри ситуација, само да спречи влошување. Кај него не е уште којзнае колку, ама како што гледам ќе оди на полошо. Бевме на стоматолог и докторката сака малку да му го стругне едниот кец и нешто да му стави, не ја разбрав баш. Сакаше и да му ги исполира ама кога слушна звук престана да соработува. Инаку за прегледот беше топ мирен. Сега секоја вечер му кажувам дека ако не ги миеме забите ќе станат црни и повеќе дозволува, прво четка сам па после јас дочеткувам. Го спремам психички сега за пак да одиме. Најверојатно ќе го носам со мене да види како мене ми прават нешто за да сфати дека не е страшно. Многу ми е страв од ронење запчиња. Има уште минимум 2-2 ипол години до менување. Докторката ми објасни дека иако не се трајни запчиња мора да се третираат зошто може да има последици на трајното запче.
     
    На Fenix05 и јolene им се допаѓа ова.
  18. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.257
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Кај редовен одеше внука ми.
     
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.375
    Допаѓања:
    15.676
    Пол:
    Женски
    Едноставниот одговор е дека мораш на било кој начин, макар и на сила, потемелно да му ги миеш забите. Друга опција нема. И комплетно да соработува, една посета на стоматолог нема да го реши проблемот. Ама пак треба да го носиш да се навикнува за во иднина кога ќе треба да поправа заби да не му е сосема ново и страшно.
    Земи и тут мус, помага како превенција. Ама на прво место е темелно механичко чистење. Ќе ставам слика јас како му четкам заби на моево ѕверче, он веќе сам се мести вака зошто од бебе само вака го четкам, не соработуваше ич.
    20260328_074627(1).jpg
     
    На Giovanna, Carolin., 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    1.114
    Случајно читавме книга за човечкото тело и бактерии, и кажав дека има бактерии во устата што чекаат да се собере храна на забите и да ја изгрицкаат и храната и запчињата. Едната бактерија била розова и се викала Мишко, другата се викала Биби (сама си ги измисли). Некој ден и Сузе е таму. Секоја вечер четка сама, па ќе проверам и јас, па Сузе ќе скокне, филм. Прво сама малку, па зинува силно и чека да ги исчеткам. Колку е правилно не знам, треба многу трпение, ама па функционира. Нејзе и се многу споени запчињата, дури и искривени, мојот стоматолог го прашав рече пред 4 години не очекуваме никаква соработка, освен за занимација нема зошто да ја носиш. Се мислев и јас тут мус превентивно да и ставам.
     
    На Giovanna, Carolin., 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.