Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    408
    Пол:
    Женски
    Јас давам виранто на секое разболување, не знам дали помага ама се тешам дека нема нешто многу да одмогне. Оваа година ни е 2ра во градинка и зимава беше иста како претходната, нема никаков напредок во однос на болестите кај нас. Немам ни јас сила веќе.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    22.317
    Пол:
    Женски
    Гледам има рок еден месец сирупот. Дали се реални? Зарем на секое разболување нов сируп треба да купуваме. Колку денови го даваш?
     
  3. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    1.843
    Пол:
    Женски
    пред настинка и за време на настинка или вирус можеш да даваш, помага и полесно да проаѓа вирусот.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    8.769
    Пол:
    Женски
    Ете и ние со температура од сред ноќ. Се жалеше дека го боли глава, а во сон се држеше за врат. Вероватно го боли грлото. Бевме да го преслушаат, ама грлото партал. Кај нас слаба точка грлото. На секое вирусче, настинка грлото партал, што не поминува без антибиотик. А сабајле беше жален кога стана, мама очу код тебе узми ме. И ми легна на гради и лежеше. Сируп на сила дадов за температура и така со борби ќе бидеме. Само нека минува
     
  5. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    408
    Пол:
    Женски
    Да, така пишува 1 месец рок и за истото и јас се нервирам, ама со едно шишенце обично терам 2 разболувања зошто пречесто е болна... давам на први симптоми и после 3,4 дена дур се стабилизира и после не го дотрошивам (како што е по упатство) зошто финансиски не можам ни јас на секое да купувам ново... За 2 недели генерално пак е болна и продолжувам со тоа..
     
    На јolene и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  6. Larea

    Larea Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2020
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    868
    Дали од варичела може да има лупење на дланки? Бевме во контакт со дете што извади сипаници, очекував тоа да ни се појави. Ама ова коксаки да не е?
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1854.jpeg
      IMG_1854.jpeg
      Големина на фајлот:
      189 KB
      Прегледи:
      48
    • IMG_1840.jpeg
      IMG_1840.jpeg
      Големина на фајлот:
      215,8 KB
      Прегледи:
      47
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.435
    Допаѓања:
    26.867
    Пол:
    Женски
    Ако сте биле во конакт пред 14-21ден тогаш може да избие сега, ако било пред некок ден тек ќе имате. Не може да има плускавци, а кога имавме ја и ќерка коксаки прво ни беа како црвени точки, па меурчиња и накрај плускавци. Провери го на стапала и во уста.
     
  8. Larea

    Larea Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2020
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    868
    Бевме во контакт 1 ден и 11 дена пред да и избијат. Сепак не е коксаки ова којзнае што му беше, нешто иритација.. значи за сипаници тек да очекувам.
     
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.471
    Допаѓања:
    25.215
    Пол:
    Женски
    Можно е вака од прележан кокаски дури и по 1 месец да има вака некои последици. На првото дете му се лупеа ноктите месец дена после коксаки, исто и вака горе на рачињата имаше егземи.
     
    На Larea му/ѝ се допаѓа ова.
  10. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.767
    Допаѓања:
    13.086
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми беше лани така Бела. Од негде јануари крајот ко почна па до август ако веруваш.
    Лето не видовме, нигде не отидовме. На секое патување болести.
    Се еден беше болен од нас. Нон стоп 8 месеци без прекин.
    Крај немаше. Депресивна станав. Па од горе од родители наместо утеха да добиеш имавме коментари - па ние се ова слушаме од вас, дека сте болни.
    Ние бевме толку истоштени што јадење не можевме да си направиме. Не зборувавме повеќе и секоја втора недела бевме на итната, а секоја недела ѕвонев на педијатар. Маж ми он па со малата на сите вируси ја дружеше. Јас со ноќи не спиев.
    Сега годинава па јас сум нон стоп болна.
    Па сите ќе ти речат леле земајте мешто за имунитет, па не се храните дрн дрн.
    Тоа е тој круг. Од стрес и од неспиење ослабнува имунитетот дополнително, не стигаат ни децата да се залечат комплетно и сите страдаат.
    Па после редот додека пак се воспостави и никогаш нема да е исто, оти растат и се понапорни и позахтевни се.
    На нас ни помогна тогаш зедовме одмор и недолечени дури отидовме на одмор, со јадење и пиење, ние само спиевме и одмаравме со дете. Никаква друга обврска. Оти и кај нас нема кој да те одмени и да помогне, па така плати негде нека се збие на пари. Тоа ни помогна малку да се свнеме во живот. Отидовме жолти и модри во фаца, се вративме после една недела барем редовно најадени, хидрирани и колку толку отспиени.

    Кас цела ноќ не спиев сега. Страшна сум. Сакав не дека не, ама малата последната петка ја мачи..писка во сон и збори се се кара. Отидов во дневна оти маж ми хрчи. Јас сум лесен спијач, на секој звук се будам.
    Малата седнала на кревет и си вика мама мама, он спие и не ја слуша. Јас од друга соба идам да ја презаспијам. Така ме налути немате поима.
    Значи ми треба псоле секое будење некогаш и 45м да заспијам и за две минути пак ме будат.
    На крај во 4 отидов во дневна и плачев од премор. Толку напукана со стрес што не можев да заспијам а три дена не сум спиена. Сега сум не знам ни јас како.
    Работа куп, дете да гледам до вечер. Она па ме осеќа кога сум нервозна и дополнително прави глупости. Мене не ми е добро, имам добиено и надвор е минус со дожд и снег.
    Цела сум пореметена и сабајле му ја дадов да ја однесе во градинка. Налутена од него.
    Како може бе да спие така и да не ја слуша. Она се расони скроз и после цел саат беше будна, шо нормално јас ја презаспивав.
    Прекрасен татко е, ја игра ја носи насекаде, и готви, бања, мие заби, ама навечер комплетно се исклучува. И кога е болна и кога е здрава.
     
    На LiquidLuna, lackygirl, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    22.317
    Пол:
    Женски
    Ако ти е за утеха и нашиот татко е таков. Вклучен си е во сѐ уште откако се роди син ми. Капење, спремање храна, пресоблекување итн итн. Ама ноќе спие како некој трупец. Колку вечери кога бил болен ми идело да го шлапнам една зошто јас се препотувам со болно дете, а он е во толку длабок сон што не знам како е возможно. Нив едноставно психата така им функционира. Не се оптеретуваат со работите со ист интензитет како нас. Се секираат и они ама си имаат одбранбен механизам и филтрираат многу повеќе. Јас дур не помине сѐ низ главата не можам да заспијам. Кога е болен мислам дека да помине мува низ собата ќе ја слушнам и ќе се разбудам, којзнае и дали преминувам во длабок сон.
    Ете го сабајле ме мрдна. Од сон стана дерејќи се и плачејќи “купи Paw Patrooool”. Вчера после успешна посета на заболекар го однесов во продавница да си избере играчка како награда. Се купија коли што си ги избра, а виде нешто со Paw Patrol (цртан што не го ни гледа) и сам си кажа дека ќе си купел такво кога ќе пораснел. Дојдовме дома колите беа 10 мин интересни, му текна за другото, плачеше пола саат па се смири. Вечерта пред спиење пак му текна пак почна. Па ај ѕвоневме на тетка му да му каже дека она ќе му купи зошто веќе ми беа исцрпени сите методи. И сабајле кога стана со истото жими се бев пред нервен слом. 20 мин ти да плачеш како да се случува крај на свет и да повторуваш како опседнат Paw patrol paw patrol paw patrol, во уши почна да ми ѕвони и почнав да се дерам како ненормална. Едвај се изрегулирав за да можам и него да го смирам и да успеам да го однесам во градинка.
    Премногу обврски си имаме на грб. Од нас се очекуваат многу работи и тоа ствара притисок. Маж ми некни ми вика не можам да те препознаам. Не може зошто син ми беше стварно лесно дете, сега пред да наполни три он стана невозможен. Дали се болестите причина или нешто друго не знам. Ама ден не поминува веќе без испад. А јас од исцрпеност сум без идеи за активности, без енергија и желба и идеја како да си играм со него..
    На одмор ќе одиме почеток на мај, ама и за тоа не сум опуштена и не планирам многу предвреме зошто се молам само да биде здрав.
     
    На Carolin., lackygirl, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.471
    Допаѓања:
    25.215
    Пол:
    Женски
    Бела тоа е таа возраст најтешка беше кај моето прво дете, од кај 3г до 3 и пол, врвот беше 3 и пол, до 4 пак имаше тантруми ама веќе намалија.

    И мојов маж спие цврсто, јас се будам прелесно а мн тешко презаспивам. Сега дека спијат во детска јас 2 3 пати станувам за да ги гледам и да ги покривам :emo: малото нон стоп е отскриено. Па исто ми е засега мене спиењето пак ги слушам и станувам :D

    Ние денес за брис бевме, па да видиме да не има некоја бактерија. Вчера во 7ч последно крена тт од тогаш нема пу пу, утре в градинка ќе го носам ќе се маскираат за 1 април. Групна маска имаат уште не знам што ќе бидат не ни кажаа, плативме 200 ден за маската. Секоја година прават групна маска за цела градинка.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    22.317
    Пол:
    Женски
    Леле јас па мислев до 3г е маката и си реков добро поминавме зошто он за 11 дена полни 3. :?: Ете од градинка денес со татко му се вратија со сет Paw Patrol. Му викам што се договоривме дека нема купување, му даваш да те вози како сака. Сега за сѐ што сака да добие ќе продолжи со плачки. Баш слушав дека постои манипулативен тантрум и сѐ почесто си го користи во последно време.
     
    На Carolin., lackygirl и јolene им се допаѓа ова.
  14. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.233
    Допаѓања:
    15.578
    Пол:
    Женски
    Нас, два пати до сега. Задоволна сум од него.
     
  15. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    22.317
    Пол:
    Женски
    Да не прејудицирам ама мислам дека и на син ми му е од помош. Или е некој послаб вирус овој пат или Вирантото има удел, ама добро се држи пу пу.
     
    На јolene, LadyInPainting и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  16. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    5.026
    Допаѓања:
    34.850
    Пол:
    Женски
    Ако е детето здраво нема потреба да се чека пролет (кога може да се јават алергии) или есен кога по склони кон настинки се..
     
    На AlmaOculta му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    8.769
    Пол:
    Женски
    Nekoj iskustva so RSV virisot?
     
  18. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.767
    Допаѓања:
    13.086
    Пол:
    Женски
    Кажи?
    Како е сега малото? Што симптоми има?

    Карактеристики се многу кашлање, претежно суво, често тешко дишење со вовлекување кај ребрата, во некои случаи опструктивен бронхитис и при крај од вирусот може да сс јави малку проблем со столица.
    На запад ако се случи тешкотии со дишање се лекува со додавање кислород. Кај нас се оди со агресивни терапии. Може и две недели да си кашла, де сува де влажна кашлица.
    Малата имаше сега во февруари кога заврши во болница во мк.
     
  19. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    8.769
    Пол:
    Женски
    Нос како чешма, немам појма од кај тој секрет. Кашла зрело со шлајм. Бевме денес на контрола плуќа чиста. Температурата имаше првиот ден па снема, и од вчера пак. Грлото партал му е. И буквално ништо не јаде. Денес е на 10 лажички сутлијаш и една чинија макарони. Ништо не сака дури ме загрижува.
    Столицата денес потечна ама ни пробиотикот не сакаше да го пие. И ништо не јаден. А антибиотик пие ради грлото. Нормално да е таква.
    Денес ни дадоа проспан и за инхалации да му правам. Понеделник пак ќе го носам. Инаку и јас фатив, а си го донесовме од мк. Внука ми и внук ми се исто болни. Внука ми и на болница заврши. Ама фала богу ја пуштија денес. И таму рекле најбитни инхалациите
     
  20. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.767
    Допаѓања:
    13.086
    Пол:
    Женски
    Па нормално е да не јаде, го боли грло.
    Концентрирајте се да пие доволно. Чајчиња најубаво. Супа пилешка, пире, овошје и зеленчук. Не мора којзнае колку.
    Пробиотикот со некое сокче мешај што ќе го испие.
    Сега не е толку битно да се храни најздраво, битно е да јаде нешто. Кога се полни со шлајм не јадат, им се лоши.
    За терапија нема шо да кажам. У мк ја напукаа со се и свашта. Тука ја донесов, ми рекоа се да прекинам и на воздух да ја носам.
    Јас си го знам детето и веројатно и пола од таа терапија не беше доволна, ама поради паника шо ни направија кај еден педијатар, не знаеш после на кај тераш. Битно ни беше само да се крене.
    Нас не исплашија дека има пневмонија и мора итно да лежи, демек крвавата слика не е секогаш веродостојна.
    Ај д акажам само фала шо не примаа во Струмица и ја проверија, па ја кренаа. Друго се се заборава и така растат деца.
    За носот чисти и ставај капки обавезно.


    И на мојата и е сега носот од вчера растечен. Мислев јас сум ја разболела оти минатат недела не ми беше добро, ама вчера се сретнав со нејзините другарчиња од градинка и сите почнале од некна да им тече нос, веројатно од таму збрале нешто, штом сите истовремено се разболеле.
    Они со растечени носеви скокаат играат, мене уште главта ме боли од некна.
    Да поминува само.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.