Мајка за големата ќерка да ти препорачам да пробате со црн чај и прстофат сол во чајот ништо друго. Мене ма фати гастритис од нервози кога ќерка беше 8 месеци .Ја доев. Толку ме болеше желудникот што викнав др дома. Дојде еден постар доктор(интернист и хомеопат) и ми го предложи горенаведениот чај. Рече оти дојам немал ништо за мене освен овој чај.Требаше да испијам 6 чаја за три часа.Ако ти се верува од 3тиот ми беше подобро. Имам пиено и кога ќе ме заболе желудник од една чашка ми мине. Се надевам дека на детето и од една чашка ќе му помине.Само дали ќе го пие .Ако смее пробајте.
Уф, мила, фала ти за советот! Девојчево е во пубертет - 13 години има но интернистот изричито ми забрани освен чај од нане, лесна диетална храна (компир, ориз, домашна супа и кисело млеко) и терапијата со фамосан друго ништо да не давам! Вика многу бил оштетен желудникот од антибиотикот и да не си играме оти е дете во прашање! Вчера конечно беше малку подобра но искрено памет немам веќе! Ваљда ќе се среди наскоро!
Веќе е на возраст кога е многу активна и го преживува денот во сон. И син ми често кога беше помал зборуваше а и уште му се случува, некогаш така слатко знае да се изнасмее во сон да се чудиш. И малово почнува пред некој ден дури ме исплаши колку викна силно и си продолжи да спие.
Синоќа приметив некои ситни брунчиња позади на газето на малата како со белко се внатре ,имаше некое и на раката и прстето? Од што би можеле да се појават,варичела не ми се верува да е,затоа што еднаш прележавме?
Колку Ви одбиваат (во процент) т.е. колку ви враќа Фондот кога сте на боледување за нега на дете до три години?
70 % враќаат.Ние кога прележавме варичела бев една недела на боледување и од плата 3000 ден ми скратија од фирма а заводот после месец ипол ми врати 2100
Како што пиша Мануела,толку е за една недела,ако си повеќе денови,две/три недели,тогаш помалку се одбива.
Детево два пати еве се има пожалено дека го вболи главчето. Не плаче, не крева паники туку вика дека го боли и покажува дека болката доаѓа во пределот на челото. Мене нозе ми се тресат кога ќе каже дека го боли нешто. Поткашлува по малку, можно ли е од настинка така да чувствува?
Дечки, да ми кажете совет и искуства. Пред 3 месеци 'фрливме' пелени. И ставав само навечер,ама со сува се будеше. Еве два дена НЕ КАЖУВА. Пак пелени.Пак и зборам-срамота е,голема си... Абер нема. Сила ли да употребам? Ова ме зачуди. Ви се случило вака??
Не сум имала вакво искуство, ама да не се случило нешто во градинка на пример? Од лично искуство, големиов кога одеше во градинка, последниве две години се погоди во група каде што негувателката не им даваше вода да пијат кога и бараа за да не мочале (самиот ми кажуваше, сепак веќе 4 и 5 години не е така мала возраст), и се случуваше да им вика и да ги кара кога ќе одеа во тоалет. Кај помали деца може да резултира со тоа да не кажуваат. Прашај ја да видиш што ќе ти каже. А можеби е само фаза.
Мене ми се случи со син ми слично. Само јас мислам дека тоа беше заради малата, наплив на љубомора. Сега ме замисли дека можеби било револт кон нешто друго, којзнае. Јас толерирав кратко, демек ај му се испуштило, ова она, се правев наудрена. Ама тој за да ми покаже дека не му се испуштило се поочигледно ми правеше глупости. И видов-не видов, стегнав. Откако и маж ми попушти со толеранцијата, едногласно "ги фрливме" пелените пред очите на детето и го игнориравме секое негово "испуштање". Одма се среди.
И јас имав таков случај... два месеци супер и после како се под почеток... мислам дека беше фаза... јас тој период не му ги враќав пелените туку го оставав без пелена... се случуваше и на паркет да с епомоча и на тепих, ама не го карав... викав дека заборавил е дека следниот пат ќе знае... нокширот го ставив во дневна за д аму биде поблиску... Еден месец така, и после како со нож пресечено - почна да кажува па дури и да оди во WC да мочка...
Денес разговарав со воспитачките во градинка. Мислев да не дава детево отпор за нешто, да не го изразува револтот така... Ама ме разубедија и ми објаснија дека во нивната група од време на време има такви ,,испади,, на децата, па дури и на поголеми од Рефче. Па се смирив малку
Мами да не има некој вирус? Од пет сабајле до сега,повракаме,дијареа страшна,немаше темп па не фо носев,сега качи,истуширав,заспа . Да стане па одиме на лекар.