Дали тој период со рацете во устата беше завршен? Еве пак е со рацете в уста, не можам да и ги извадам. 5 пати дневно раце ја мијам од шубе што ми е. Петките и растат сега , го допира местото со раката.. Бетер од новороденче е со рацете Да се пофалам дека сме супер јадачи. Бавно јади ама барем не отфрла храна..
Пробај со сируп Проспан. Јас не бев баш за сирупи од страв да не направам поголема беља. Ама последниот пат кога имаше кашлица по препорака го земав Проспан и многу му помогна. Помага да се разводни и исфрли секретот, а не раскашлува дополнително.
Мајки кога да одам на матичен со варичела? Што да очекувам? 3ти ден има мал осип, веројатно е тоа дека има и други дечиња во градинка. Татко и е на пат уште 4 дена, сама сум со неа и колата ми се расипа, со варичела не е за во автобус, далеку е комплицирано ми е да ја однесам, а и чекалната кај педијатарот нели е опасност за другите, а на детево генерално не му треба некоја медицинска помош во моментот.. Друго, дали сте излегувале од дома за прошетка? Генерално она е ок, нема температура, ако е гола се чеша, ако не не, на мешето и трупот и се неколку точки. Намирници нарачав онлајн да не ја носам во маркет, ама кругови околу маало во точаче ваљда не е страшно? Блискиве секој со паметот, другарка и на море го однесе и по кафани таму, други затворени како во короната дома, ми треба некој здрав разум приземјен сега. Таман ќе си речам I got this некако ми се удира од глава и пак сум избезумена.
Ние слично поминавме, со неколку точки низ цело тело, едниот исфрлаше 2 дена, другиот 4, на доктор не бевме за варичелата ама во истиот период имаа и гнојна ангина и воспаление на уво па моравме на контрола. Ни закажаа први сабајлето за лабараторија да не се мешаат со други дечиња. Ги вадевме надвор ама само на отворено без контакт со непрележани. Ако нема мака, мачкај пудра и не мораш да носиш на доктор. Голема е веројатноста да поминете лесно штом до сега не се исфрлила до сега. Само пазете ја периодов што следи да не закачи нешто друго зашто бутка имунитет варичелата, без разлика што поминува лесно. И не се грижи, you got this
Ние не го однесовме ,на Вибер ни пиша што да земеме и како да користиме . Односно течна пудра , со хиперманган да го бањаме и сирупче за имунитет . За излегување надвор излегувавме нормално каде што нема деца , гужви или со точаче или тротинет .
Го однесов за една недела дури кога почнаа да се сушат (кај докторката). Дома седевме една недела во карантин, после надвор. Пиеше б комплекс за имунитетот плус витамини молерс што си пие. Пола месец не одеше во градинка, кога тргна одма доби инфекција на уши, а досега еднаш само имал воспаление на уши. Значи го бутка имунитетот ама не мора да значи дека така ќе биде, со лесно да ви помине.
Не се грижи толку да не зарази други повеќе да не фати уште нешто оти варичелата го паѓа имунитетот а има и тежок респирљторен вирус. Парацетамол ако има тт НЕ бруфен. Течна пудра за брунките и главно да е добар и да јаде. Можеш да И СЕ ЈАВИШ на докторката ако е варичела ќе те посоветува.
И уште нешто. Мислам дека волку јако сонце смета. Ако е добар слободно шетај на отворено каде што нема многу контакт со други ама не на јако сонце
Воопшто не го носев на преглед. Со матичната комуницирав цело време на вибер и праќав слики дур да потврдиме дека е Варичела. Надвор го извадив кога престана да вади нови брунчиња, то ест негде после седмиот ден. Нормално на отворено и далеку од други дечиња, иако веќе не беше заразен. Ама неговиот имунитет беше паднат па повеќе ради тоа пазев. Сум гледала и други дечиња намачкани како шетаат. Реално многу е тешко да се седи дома долг период, освен ако станува збор за бебе. Ако е добра и е само со брунчиња немаш потреба од преглед од матичен. Мачкај, миј со хиперманган и чекај да помине.
Дали вашите деца уживаат да спијат на ќош од кревет? Спие на ќош, може да падне, ама мора таму да е. Ќе ја преместам, со замижани очи ќе отиде кај нозете наши и ќе легне на ќош. Како куче спие. Навечер некогаш ја држам демек да не падне.
Мајки ме интересира тоа што пишувате со сладолед. Како сладолед за болно грло. Ме интересира да пробам не сум давала ама ако помага зошто да не. Фала ви
Не е за болно грло туку за ларингит. Кај ларингитот грлото може и да не боли или болката да е слаба, не е како кај ангина пример.
Ладен сладолед, јогурт и општо ладна храна помага и кај ларингит и кај болно грло. Кај ларингит да го намали отокот на гласните жици (од топло се зголемува), исто и го намалува воспалението и болката кај болно грло, од голема помош е кај ангина и слични состојби. Никогаш не можев да сфатам зошто мајките се плашат да им даваат на децата ладно од фрижидер, демек грлото ќе ги фати. Грлото не боли од ладно, боли од инфекти.
Е не знам останало во психа од некогаш. Лично мене секогаш ме фаќа грло од сладолед. Може секако ќе сум се разболела ама така имам некои искуства. А ладно не ни сакам од фрижидер ништо не јадам дирек ни вода ни сок... Ама тоа е за мене не мора и за неа.
На што внимавате кога купувате патики? Дали да се анатомски, дали да се ортопедски или не? Спортски како најк, адидас или кеги? Кои се така добри, но со попристапна цена?
Само да е мек ѓонот. Да се виткаат лесно. За едното дете пазам и ширина зошто има подебело стапало, за другото тоа не било битно.
Официјално ја напуштаме темава. Роденденкото мој денес полни цели 3 години. Многу сум среќна, ама истовремено и преемотивна зошто некако пребрзо ми расте. Колку и да е на моменти напорен периодов, сакам да може некако да стиснам пауза и да ги живеам одново последниве три години. Пресреќна и преблагодарна сум за моето мало човече. Животот е многу поубав откако го имаме него.