Син ми никогаш не пиел антибиотик за бронхит, секогаш терапијата ни била само со инхалации. Не мора да значи дека и кај вас нема да има потреба, ама мислам дека треба да го послушаш докторот и да почекаш.
Истото што и другите ти кажаа, децата гравитираат кон поактивни деца, не дека се моиве мирни ама кога ги прашувам со кого најмногу се играат у градинка и кои им се другарчиња ги кажуваат истите тие од кои доаѓале искасани, изгребани или се пожалиле дека ги истепале. Дури и учителката ми кажуваше дека потпаѓале под влијание и правеле бељи да сум им зборела да не се дружат со едно дете. Искрено не ја послушав и нема. Јас дома им зборам да не удираат, да не прават бељи да слушаат ги карам ако не биле умни ама не им влијаам со кого да не се дружат. Може зашто имам трауми што ми бранеле моите со кого да се дружам, па еве тие луѓе ми се уште во животот и ги сакам како семејство
А што да му правам, мојот му се идоли најлошите деца. Во градинка не можеше да дојде до израз да се здружи со нив, сега во училиште глупости прави со таквите. Не можеш да контролираш со кого се дружи додека е одвоен од тебе, за жал. Машките деца особено се поводливи. Само зборување и зборување.
Не знам дали некој од вас како мали или вашите деца имале играчка која не ја пуштаат од рака, спиење, јадење, играње па дури и Вц, во парк, на гости секаде да се влечка со вас.. како очите го пазевме Волчко и по шопинг сме гледале некаде да не го оставиме, 1000 пати испрано е во машина од толку шетање на ваму на таму.. ее тој Волчко сношти то изгубивме во ресторан и како да пропадна во земја, никој не го видел. Вие не знаете која тага е.. кое не спиење и не јадење. Јас се изнаплакав гледајќи ја. Па нигде нема такво одма да се купу, слично најдовѓе на амазон ама се надевам нема да го познае. Детево ми се испотресе за нејзинота плишана играчка ууууххх
Пушти слика од волчко. Може некој на форумов има иста дома па ќе може да ви ја подари. Баш ми е жал се надевам дека ќе се смири
Син ми еден период со еден диносаурус. Стравувавме и се крстевме да не го изгубиме. Му помина, траеше 2-3 месеци. Прикачи слика од Волчко, мајка. Дајте акл како им ги организирате играчките на децата. Нешто што чини пет банки и што сте виделе аир од тоа, да не ви е расфрлено (многу), да не се измешани. Страшно ме нервира ситуацијава како нит фрик. Ми влијае на расположение и на односот со детето.
Полни 3 години е моето, преку 10 пати има правено бронхит, а само еднаш или два пати примал антибиотик. Во 100% од случаевите сме го лечеле со инхалации, физиолошки, кортаир, вентолин по потреба. Антибиотикот бил препишуван во зависност од крвната слика. Гледам вчера си пишала, како сте сега?
Само кутии. И да прифатиш дека нема редење туку само раскреваш колку да не е по земја. Јас имам шкафче со 4 дупки, кутии од Џамбо купени во дупките, а внатре во кутиите све напикано. Еднаш на 100год ќе седнам ќе наредам, кутија барбики, кутија коли, кутија коцки, ама генерално се е само ставено како ќе стигнам. Битно на земја не се расфрлани.
@DaisyDoo фала ви мајки ама ние Австрија живееме и тука е купено уште пред 5години на дада беше некаде заборавено, од кога го виде си го присвои и најдобар другар и стана. Нарачав слично, утре треба да стаса па се надевам нема да познае и ќе се смири.
Малово мое започна со слонче плишано, секаде го носеше, потоа мече, друго слонче, па ни даваја слончиња сите не е во едно само заљубен ама мора да носи секаде плишана играчка, в градинка не се оди без неа. Мене ми е мн интересен дури сака нека носи, брат му не ги ни пулеше плишаните, се ми беше скриено тој коли си носеше секаде. Ова е омиленото слонче
Мечето ако го снема, јас ќе умрам сигурна сум. Ќе ме убие ќерка ми. Јас повеќе го пазам од нејзе баш за да не дојдеме до губење Кога проверувам дали сме земале се, прво мечето го барам па после се друго Сигурно е претажна, се надевам дека нема да го примети. А ако го баш ептен примети, сврти и филм дека пораснало нешо не знам шо направило додека го немало. Ќе го прифати така, бела лага е за доброто на сите
Sin mi 2godini i 9 meseci piese antibiotik prosla sabota go zavrsi kolku vreme se ceka za mrp da mu ja primim sakam vise?
Мајки очајно молам за совет, тодлеров има 2 години и 2 месеци, не знам што период ќе беше само сув леб да се јаде друго ништо не сака. И нормално благи работи за кои се караме. Ве молам за совет дали е период, дали давате суплемент некој се плашам дека крвна слика ќе си расипеме...
Лајк дека ме радува да слушнам за супер јадачи. Некоја тајна има ли За рацете во уста и кај нас почна, набабриле 5ки. Цело раче до грло го става и гризе
Ќерка извади петки. Јас мислев готово ќе здивнат малку. Ужасна е женски. Ужасна. Плачам, се нервирам, не можам да ја поднесам. Ова дете со колку љубов, внимание и трпение му се пристапува, а се однесува како ѕвер со нас. Дерење, драми, напади на бес, пискање, цркање. Не помага ни со арно, ни казна, ни да и дадеш избор. Тоа она што наумила тоа е. Секоја секунда нешто се краси. Не полудува скроз. Навечер сме преморени, ние сме тажни и измрцварени. Не знам, вакво дете не сум сретнала. Нема граница за неа, а толку се трудиме да и поставиме. Мизерно се осеќаме и скроз ко да потфрливме како родители. Толку ја ставивме неа во фокус што ние се изгубивме комплетно. Не знам ќе помине ли. Ќе стане ли полесно. Детево има некој таков карактер и таква волја што е убаво да ги задржи, ама нас во моментов не поремети.
Откако се помирив дека фазата не е фаза, скокот не е скок него е карактер, единствено што ми остана да се тешам е дека овој нивен карактер ќе им се најде во животот. Тешко на нас додека да пораснат ама еден ден ќе се исплати.
Мајки, од каде земате чорапчиња со гумички одоздола? Онлајн да нарачам од некаде ако има. По скали дома ептен ми се лизга, уште не сум се охрабрила обични да му облечам.
Исти сме и ние , јас веќе почнувам да се прашувам каде грешам и дали воопшто сум добар родител . Што све не пробав и со добро и со лошо и со зборење и со плескање по газ не не бива ништо . Тоа што наумил тоа , се вадам на 5ки дека вади ама изгледа тоа му е карактерот до каде ќе тераме не знам . Веќе почнав и со луѓе да не се гледам зошто секое гледање само он е што прави проблем све мисли е негово све сака ништо не дава хаос . Вришти , плаче , Тантруми на најјако . И све како за инает да прави , што и да му кажам уште толку почнува да прави .