1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. misli_si

    misli_si Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2020
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    458
    Пол:
    Женски
    Оооо.. пред неколку дена се жалев овде оти нема каде ако отидам на матичен ем ќе ми се изнасме ем Бардовци ќе ме прати. Тоа е. Такво ни било бингото :) уште па кога ќе ми улета некоја од овие инфлуенсњрките со деца што на 5 м имале 30 пари чевли. Па како се скопјани па како се е мед и млеко кожата ми иде да си ја одерам оти едвај чорап и облекувам и пелена и менувам а не па 30 пата чевли
     
    На јolene и 1209 им се допаѓа ова.
  2. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.095
    Ме погоди ова што го пиша некако, си се пронајдов, звучи баш исцрпувачки. Ми делува како да има многу силен темперамент, како ќере.

    Ако некогаш ти дојде до читање можам да ја препорачам книгата „Good Inside“ од Dr. Becky, убаво ги објаснува ваквите фази и дава практични идеи, искрено добро ми дојде да прочитам некои од концептите, има и подкаст што обично си слушам нешто на слушалка додека спие и средувам по дома.

    И знам дека звучи лејм ама се надевам успеваш барем малку време да најдеш и за себе, стварно прави разлика во трпението што го имаме. По еден саат во неделата со татко и на смени, многу менува. Некое старо хоби, спорт, на јога на нешто запиши се, 1 саат читај во некој парк, оди сама на кино, шопинг, биди надвор од дома без дете.
     
    На lackygirl, јolene, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.238
    Допаѓања:
    1.828
    Пол:
    Женски
    И мене ми помага тоа. Макар и 15мин да се, да излезам до надвор, да свртам еден круг, се враќам како нов човек.
    По она што гледам од други деца, после 3ипол некако созреваат и се менуваат. Барем за женски деца по некои примери во околина.
     
    На kozuf и јolene им се допаѓа ова.
  4. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    6.643
    А за машки кога е? После 25? За другарка прашувам :D
     
    На LiquidLuna, Butterfly30, misli_si и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.118
    Допаѓања:
    22.301
    Пол:
    Женски
    Хахах и мене ме интересира. Мојов тек збеснува. :?:
     
    На princess5 и le.soleil им се допаѓа ова.
  6. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.347
    Допаѓања:
    6.924
    Исти сме и ние. Две и пол години е малата и се понаша како во свет меѓу луѓе да не излегла. Мене ми е срам во парк кога сме излезени, најгласна е од сите.Ако нешто сака да ми кажи со дерење го кажува и мора луѓе да се свртат по нас.Не знам од кај и е ова дерење јас така се трудам да не разговарам со неа,ама нонстоп прави грешки и има некои изливи на бес. Јадена убаво, спиена убаво,преспана..Се ни е по сат подредено само да има некаков ред, и има за тоа не се жалам. Ама зошто тогаш понашањево е вакво? Со брат и се закача нонстоп,тој поголем е и и попушта и оди по кефот ама утре некој нема.И за него ми е грев да и попушта цело време.Последнава недела му реков да си го тера своето, во смисла ако зел некоја играчка да и кажи дека откако ќе доигра ќе и ја даде, макар и плачела па не е крај на светот ако поплачи.Размазено дете....Оти ова нејзиново нема крај.
    Од работа си доаѓам изморена и тоа малце енергија што ми останало таа ми ја одзема.
    Ни ми се оди негде ни ми се праи нешто.
    @Butterfly30 една другарка со дете 5г ме тера на кафе да сме оделе со децава.Ама како да и објаснам дека нема да се видиме таму ич?Ќе оди по маси, ќе зема ствари иако сто пати и е кажано дека не треба така.
    Во неделата сме биле на роденден кај дете од другарка јас сум заборавила од што сум како избезумена периодов. Мозоков не ми работи убаво,не си давам издишка.

    За мај да сме оделе негде предлагаат со две ноќевања. Ајде, ама и дадилка донесете ми...
     
    Последна измена: 21 април 2026 во 09:41
    На lackygirl и јolene им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.413
    Допаѓања:
    47.738
    Пол:
    Женски
    Смешно ама големи картонсли кутии, ги делам на оние со кои игра, оние кои не му се толку фав и оние кои ги заборава, лепам и ставам во ходник, по некое време ќе ми текне дека сака да види што има па отвара и радости е па на крај со кутијата игра и така одново ги собирам после, на 2-3недели се дешава.
     
    На kozuf и DaisyDoo им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.413
    Допаѓања:
    47.738
    Пол:
    Женски
    Ми текна сега дека не ти вратив. Фала женска, нека ни бидат живи и здрави, а и ние до нив за да имаме сила да ги растеме:hug:
    Се одјавуваме и ние од темава, мали наполни 3г.
    Не ми се верува дека поминаа 3г, толку го сакам и ми недостига малиот тој секој ден, ама и возбудена сум да видам во каков човек ќе израсне. :sun:
     
    На strelec231992, kozuf, Ceneva и 3 други им се допаѓа ова.
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.466
    Допаѓања:
    25.211
    Пол:
    Женски
    @1209 Среќен роденден да е жив и здрав :party: :^:

    Ние вчера бевме на максилофацијлна Бт на болница, беше роден со подврзано јазиче/ангилоглосија и конечно решивме да одиме, мм нескаше никако, иако доста му пушти сама ресичката ама уште држеше и ми беше ради говорот да не му смета во некои букви и го решивме вчера конечно. Бевме како за преглед ама го виде реле треба да се сецни и му прсна спреј, тука имаше многу плачење од спрејот дека му се здрви устата, па после некои 5 мин му го пресече, јас го држев, плус сестра за глава, многу плачеше премногу :worried: само малку крв потече и после се во ред, се смири за 5 мин па дури и чао му рече на докторот. Се нормално си јадеше си пиеше, само топло не смееше вчера да пие. И така помина и тоа, мисла ни беше.

    Пу пу имаме мирен период, само смешки кажува, прејаки муабети прави и толку многу сака да е центар пажња чудо е :D апла лав (хороскоп) испадна :D
     
    На јolene, kozuf, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.425
    Допаѓања:
    26.851
    Пол:
    Женски
    Од секогаш пишам дека кај нас големата е драма невидена. Како бебе беше драма, како тодлер беше неподнослива нон стоп тантруми, нон стоп инает до кај 4г нит се тераше нит се водеше. Сега е поарна (6), но карактерот си е тоа. Тврдоглава, инает до максимум, што наумила тоа ќе направи, по 300 пати секој ден и се повторуваат истите работи и типката не ј жива сила. Од ситница прави драма, ден нема поминато нејзе да и е се потаман. За се се молиме, за се договор, за де унапред да ја спремаш зш не знаеш шо може да ти приреди. И така јас месеци уназад и кажувам дека ја примија за од септ прво, кога бевме да се потпишиме ја зеде учител и еден саат кроз муабет и игра имаа тестирање,после тоа со термин добивме сите што се странцу да имаат тестирање за германски да се види кој степен се, ја спремав психички дека тоа е важно, она знае, да не се срамо бла бла и пресреќна беше се додека не влезе внатре и виде стара жена на тестирањето и кога рече ја денес германски не зборувам и крај. Од мирно молење, до закани дека нема да излезе во парк цело лето, до обеќање за поклони ништо не упали. Така се разочарав, плачев затоа што го знаев последиците, она е свати сериозно се додека не стаса писмо дека ќе оди во посебна паралелка со деца што не знаат германски и нема да посетува редовна настава, е тогаш пиштеше и молеше да се јавам за да и дадат нов термин. Со молби писма од градинка сменаа мислење и ќе оди редовен клас ама многу ми е жал што заради нејзиниот карактер многу работи пропушта, многу работи ќе уништи и ќе учи од грешките. Се надевам дека упорноста ќе и остане и ќе се бори за тоа што наумила ( а е добро де) али нас ќе ни биде тешка за контрола во ова лудо време. Се надевам паметот дека правилно ќе го искористи,пошо е преинтелегентна.
    Бидејќи нели она е 6г и е надвор од оваа група ама морав да ви го дадам примерот, мајки со деца со силен карактер, скроз ве разбирам и се надевам дека тантрумите ќе ви бидат најголемиот проблем во нивното воспитување, растење.
    Имајте трпение и бидете потврдоглави од нив.

    Малата е друга приказна, почна да се треска тек сега ама не е нешто страшно. Ептен е смешна станата, со неа никогаш не е досадно, ја смирува на дада, ја теши кога и е потребно и се инати кога треба и Н да ја спушти топката, ја гушка најсилно и највеќе и се радува. Бог ни ја пратил за да се дополниваат една со друга :inlove:
     
    На јolene, lackygirl, Ceneva и 2 други им се допаѓа ова.
  11. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.347
    Допаѓања:
    6.924
    Кај мене двајцата имаа подврзано јазиче и го решивме тоа со сецнување во првите 40 дена. Кај Др. Вршковски бевме супер доктор е,немам збор..Не одолговлекував оти како растат поголеми ќе беа и повеќе ќе разбираат. Вака мн лесно поминавме , воопшто не осетија дека му се правеше интервенција..
    Е сега единствено белја беше оти синко не го вратив на доење, нервози тогаш околу тоа - млекото ми секна. Додека најдовме зошто не цица убаво отиде млекото... .
    А со ќерка ми веднаш знаев дека е од јазичето го сецнавме и си
    цицаше до годината.

    Денеска трчаше цел одручек застана само за јадење и вода да се напие. Тресна на под два три пати, среќа немаше повреда..
    Или тоа или телефонот, јас бирам хаос да е се, мене нервите истанчени. Се надевам добро ќе спие после целиот терор .
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    Ваикики како што пишале ама и Тему преубави и многу повеќе избор.
     
  13. MDMD

    MDMD Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2023
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Во Waikiki наоѓав јас, супер се, побарај.
     
  14. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.466
    Допаѓања:
    25.211
    Пол:
    Женски
    Јас сама го видов одма по 2 недели од ко се роди, заприметив дека не е нормално, оти на првото дете не му беше така и си прочитав на нет и после и на матичната и кажав и таа потврди, требаше порано да, ама на 50 дена беше многу болен, тт, лекукоцити кренати и пиеше антибиотик, на 2 и пол месеци си фати варичела од брат му и така некои вакви трауми за мене и мм имаше и го одолговлекувавме, а мало секако најубо не знај ништо...ама ете па среќа цицаше и тоа екслузивно до 5 месеци, со тоа што мене нон стоп ме разрануваше, јас многу мака видов и пак цицаше 19 месеци..ама ајде помина, да сум сега би одела одма. Тоа е јас велам секогаш денот не му бил дојден :D за се така.
    Фала Богу и не е злопамтило и не си става на срце па нема ништо искажано деновиве се си е нормално.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    13.055
    Пол:
    Женски
    Дојдовме на одмор, најмногу заради неа. Детски хотел, со игралишта, на море на јадран со нели со борови дрвја за здравје. На најубаво место што во живот сум го видела, оти како дете ништо не можевме да си дозволиме.

    Абе да ти се одмили. Еве иста таква една. Се нешто глупости без врска. Денес е казнета ни базен, ни на тие екраните не смее да си игра и бои, а тоа ептен сака оти дома нема.
    Ти му викаш одиме на морето, она во друг правец бега.
    Не издепримира скроз со татко и. Се е на инает. Божем да одмориме, само склет не наполни.
    Не ја запишавме во клубовите, демек ај фамилијарно време заедно да минуваме. Абе пиши таму, носи во тоа градинките и ние во сауна, ете така требаше. За следно си знам. Сега за уште еден ден не се исплаќа. А толку се радувавме да дојдеме.
    Ни јаде ко шо треба, ни ние се најдовме на раат. Ќе кансе две усти и ќе бега. Па ај трчи да ја вратиш. Не награди, не казни абе не.
    Ај јас пак колку толку одморив оти татко и го замара повеќе, ама напорно е многу. Мое си е и си го сакам, ама досадно и напорно е ко бабите двете на куп :emo:.
     
    На Ceneva и lackygirl им се допаѓа ова.
  16. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    Здраво! Ве молам за помош како да постапам. Пишав и во соодветната тема ама оваа ми е поактивна. :)

    Ќерка ми ќе полни 3 во јуни. Потполно е свесна и кажува кога моча и кака и веднаш бара да ѝ се смени пелената. Никогаш не моча или кака кога сме надвор или кога спие. Неколку пати има користено нокшир за мочање и носела гаќички, но секогаш бара пелена кога сака да кака. Не сум ја форсирала досега ич, само зборувам дека е голема и дека треба веќе гаќи да носи, изложена е секојдневно на нокшир/тоалет итн. Загрижувачки е тоа што некогаш за мочање се воздржува предолго, како да не сака да мочка во пелената, а не сака ни во тоалет.

    Дали да ја исфорсирам веќе и на кој начин?
     
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.348
    Допаѓања:
    40.900
    Пол:
    Женски
    Ова никој не и го кажал на ќерка ми. :D
    Откако наполни 4 е отров невиден.
    Другарка ми кажа на 5 се уште полоши, а гледам и по ќерка и де.
    На неполни 6 ќе трга у школо, мамето ќе ми се е*е ако продолжи вака :)
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.916
    Допаѓања:
    6.845
    Пол:
    Женски
    Еве мојата ќе прави 5 и ќе потврдам дека само на полошо оди наместо на поарно (facepalm)
     
  19. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.188
    Допаѓања:
    8.762
    Пол:
    Женски
    Е затоа јас арно си знам. Друго дете НЕ :rofl:
     
    На lovely91 и _Nofilter_ им се допаѓа ова.
  20. _Nofilter_

    _Nofilter_ Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2025
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки , син ми е 2 години и 7 месеци. Од 2,5 години тргна сам пелено и кажа дека ќе ми кажува кога ќе му се моча/кака. И така и беше, какањето не е 100% совладано , ама штом веќе извадивме пелено , не планирам да го враќам назад. Е сега проблем имаме со градинката. Бидејќи многу често е болен , беше отсутен цел месец. (Периодот кога сам тргна пелено , тој бил батко) Во градинка не кажува дека му се мочка , и веќе 3 дена по ред им се мочка во панталони. Дома му се немаше случено вакво нешто , ама и дома го направи неколку пати . Како да постапам ? Вчера ги слушнав негувателката и воспитачката како му велат сега ќе те пратиме дома на мајка ти мокар , да види ти што правиш.
    (Што сметам дека не е во ред таков пристап)
    Јас дома не го скарав вчера кога му се случи да се измочка. Му објаснив дека се случува и дека ќе го пресоблечам , но следен пат да ми каже ако му се мочка и детето сфати .