Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    8.769
    Пол:
    Женски
    Скоро па иста мака. Синко следен месец полни три, ама за ништо живо не сака на нокшир да седне. Не сака ни на шоља. И искрено јас не форсирам од страв да не почне да се стиска и да си направиме проблем. Купив и ѓаки со диносауруси ама не сака да ги облече. Тој сакал во пелена да се мочка и кака. И тука завршува приказната. Би сакала и јас да знам некое чаре за оваа тема :)
     
  2. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.565
    Допаѓања:
    9.417
    Пол:
    Женски
    Летото ќерка 2,5 години, не се сеќавам ни точно кој месец беше, реков ќе и тргам памперс и надвор на балкон ќе ја оставам по гаќи.
    Може 2+ часа и беше сум памперсот и по гаќи се стегаше, уште добри 2+ часа не се помочка, дали од страв дали од не знам што. Е само што ставивме памперс пак, мислам 2 преполни во кратко време.
    Е тука ме фати паника да не направиме проблем и се откажав тогаш од идејата.
    Околу 3 роденден (може и касно, може не) сама почна да кажува кога е помочкана, кога е какана. После тоа почна да бара нокшир, ама не издржуваше додека да стасаме пример од едната соба до вц. Немаше толку контрола.
    Така да низ сите овие фази поминавме.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    8.769
    Пол:
    Женски
    Синко точно знае кога моча и кака ама не сака на нокшир ниту на шоља. Ќе каже мама ја идем да каким и чучнува и си завршува работа. И за мочање, мама ја пишким и се смее. Свесен е за се ама сака во пелена и тоа го кажува јасно и гласно.
     
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.471
    Допаѓања:
    25.215
    Пол:
    Женски
    Пишав и во др тема на членката погоре и одговорив. Чекам до 3 год кои ги прави во август. Јуни-јули фаќам теписони и фаќам пелени и така ќе се научи :D од прво си реков чекам сам да почни ама ако до 3г не почни тогаш стратувам јас :rofl:
     
    На Ceneva, Giiirl23 и јolene им се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.565
    Допаѓања:
    9.417
    Пол:
    Женски

    Многу ама многу мразев кога ќе видев од родниниве да учат машки деца низ двор, или од балкон демек да мочкаат или не знам што. Ама секако доаѓа лето, па може и таа опција да ја пробате.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.471
    Допаѓања:
    25.215
    Пол:
    Женски
    Машко женско кога се учат секаде мочаат, се шеташ надвор и ако нема каде тоа е, секогаш пред да одевме некаде дома се мочаше ама тие првите месеци дури се научат да држат бар 10 мин ќе се мочаат секаде.
    Без разлика на пол мали се и мене тоа не ми ништо страшно. Секако нема на сред улица пак ќе се закриеш во некоја уличка, дрвце.
    Е од ко научи да држи баравме тоалет, по кафичи претежно.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.565
    Допаѓања:
    9.417
    Пол:
    Женски
    Не мислев на тоа, туку баш намерно пример баби од комшилук

    Слечено детето - ајде од балкон да мочаш и да ги навадиш цвеќињата
    Или истиот муабет за во двор, во трева.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    1.843
    Пол:
    Женски
    Па како да кажува кога имаат ваков пристап? Објасни им нив да бидат потрпеливи и посмирени за детето да се почуствува сигурно да каже. Без карање, нема поента карање за физиолошки потреби. Не го прават тоа намерно за дополнително да се стресираат. Со поддршка, разбирање и зборување ќе совлада, а учителките и те како би ги подрбала.
     
    На Bella_Stella, јolene и _Nofilter_ им се допаѓа ова.
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.767
    Допаѓања:
    13.086
    Пол:
    Женски
    Не знам сваќе и јас како да правам. Девојче е и они се поосетливи нели за инфекции. Кога зема да се клетера без гаќи на шолја, па по плочки голо газе седи, на под мене стварно ми е многу страв да не фати некоја болештини негде.
    Инаку мојата може да каже за мочање ама не сака. И со фазата автономија, се сама знае и се сама може, не дава да и се помогне абе жив склет ме наполни.
    Мене ми е проблем што она и треба пелена за да кака. Инаку стиска.
    И сега како да ја пратам во градинка без пелена, не сакам да држи цел ден. А знае кога и се кака, ама веројатно се плаши.

    Се сум ветувала. И чоколадо и сладолед и тв да гледа и се. Кога доаѓа момент не сака да седне и не.
    И ставив пелена во нокширот и пак не бива. Го намочка, ама не сакаше да кака.

    Некоја мајка со вакво искуство? Како го решивте?
     
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    22.317
    Пол:
    Женски
    Од балкон? 8-| Е и ова го немав слушнато.
     
  11. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    А инаку мочка во нокшир?

    Стварно немам јас идеја како понатаму, каков пристап. Буквално се понаша како да е со гаќи (не моча, не кака надвор и во спиење, не поднесува мокра пелена) а сепак не седнува на нокшир. Не знам.
     
  12. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.565
    Допаѓања:
    9.417
    Пол:
    Женски
    Е не сме веќе за во оваа група и ќе пишував ама се нешто не стасувам. @Bubish26 , твоево опишано толку ме потсеќа на моево дете.

    Не би да звучам како немајка ама овој нејзин карактер мене ми е претежок. Комплетна спротивност е за дете од мојата замисла. И не дека јас не си го сакам детето, далеку од тоа ама на крај на ден толку сум истоштена од објаснувања по 100 пати за истите работи.
    Се надевам дека малку од малку ќе се промени како што расте, зошто стотици позитивни страни има ама тврдоглавоста и инаетот надвладуваат.

    Ситуација преѓе во парк. 2 исти вртелешки, под едната куп вода, под другата суво. 100 пати повторив да не оди кај таа со вода оти не е соодветно облечена (не носеше водоотпорни обувки). Сите реквизити во парк ги помина и сувата вртелешка и се останато и се обиде на 100 можни начини да влезе во таа со вода. Па само да ѕирнам оти не може, па од подалеку, од поблиску, па камчето падна во водата да го земеме, па не знам какви не изговори, нормално оти имаше намислено жива вода да се направи.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  13. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.767
    Допаѓања:
    13.086
    Пол:
    Женски
    И не влезе?
    Мојата би влегла.
    Така пред два викенди ја однесов на играње и се направи мокра до гаќи. Резервна облека имав, чорапи и патики не. Ми позајмија чорапи мајки таму од игралиштето.
    Дури не ја ни однесов на дома одма, си продолжи да си игра, па една мајка од нејзино другарче шо живееше најблиску и сандали и донесе.
    Кај нас е не ги спуштај нозете долу кога те луламе толку брзо. И оп нозе доле, и дете лета од лулашки.
    Сега сто пати ни избега во хотелот. Еднаш сама до базенот отиде, па ја видел неккј родител не и кога отидов натака на врата ја чуваше.
    Еднаш накај екраните да црта. Еднаш по едно маче низ градините, додека ние јадеме. Синоќа се качила од ресторанот нагоре. Ние додела долниот дел го пребарувавме се врати и нешто исплашена беше.
    Па надвор ние и велиме накај еден правец она бега и друг. Татко и ја има следено без да го гледа, вели 20 мин не се свртела и не го бара. Дури псоле тоА.
    Ја па како ненормална се дерам и нејзе и е интересно па уште толку бега. Со тротинет ми има избегано толку далеку што 3 недели беше казнета.
    Ам шо да му правиш, многу си го сакам. Само да ни е живо и здраво, ќе научи.
     
  14. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.565
    Допаѓања:
    9.417
    Пол:
    Женски
    @јolene , до неа стоев баш да не се фрли во вода. Инаку ќе се фрлеше додека трепнеш.

    Генерално нема тантруми за вакви работи, ама оди разбери се и стасај од глупостите.
    За секунда намислува нешто и стартува во поход. Парков е како на неколку делови поделен, додека да трепнеш заминала од едниот, во другиот. Ајде јас по неа, да не и текне да истрча на улица директ или не знам кај да зашиба.
    Викам им завидувам на мајки што раат си седат на клупа и си муабетат.

    Пред некој ден во игротека, дел нели за играње, дел за пиење кафе. Обично седнувам блиску до игротеката за да ми е под надзор. Така и сега. Играше што играше, ме гледа каде сум, абе во секунда се истрча одоколу кон други маси, некои 20-30 метри понатаму кон излезот. Среќа сосетка што не познава ја фати и ми ја донесе.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  15. misli_si

    misli_si Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2020
    Пораки:
    597
    Допаѓања:
    459
    Пол:
    Женски
    Како ги облекувате периодов. Време е за кратки ракави или не? Дува ветер а сонцето е прејако
     
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    22.317
    Пол:
    Женски
    Претежно на тенка блуза на долги. Ама денес беше по кратки прв пат зошто беше претопло, а е склет дете. Пробав да му облечам елек заради ветерот, ама зовре и му го соблеков. Од дома излегуваме со тенко палтенце и елек во случај да залади и да притребаат. Ова е период за облекување во слоеви. По детето ќе си видиш како му е комотно.
     
    На misli_si му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Giinna

    Giinna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    4.351
    Пол:
    Женски
    Можеби има посебна тема за проблемов ама не најдов.

    Детево 2ипол скоро има, после година дена веќе почна да одбива да јаде, и го препишувавме тоа на растење заби. И расте еден по друг, на 2 години веќе сите до 5ка и беа израснати. Проблемот прво за јадење е дека веќе имаме 3 јадења и тие има период кога ги одбива, друго не пробува, лажица нејќе да види. Значи треба да е нешто што не се јаде со лажица. Знам дека ова е за во друга тема ама сакам да се надоврзам со ова однесување и за друг проблем. Работата е што веќе почнува да одбива се. Не е проблем само јадењето туку ако на пример форсираме нокшир она почнува да одбива да седне на нокшир. Ја седнуваме сабајле и навечер пред спиење. Еднаш се обидовме и беше страв да седне и се откажавме. После некој месец пробавме, седна и си мочкаше на секое седнување, еднаш и се искака и бише интересно, не правеше проблем. После некој месец почна да одбива да седне или ако седне се глупира, станува и се смее, бега. Кога ја караме не не перцепира некогаш. Некогаш ако ја кара едниот оди кај другиот да се жали ама и другиот и објаснува зошто е карана, зошто не е убаво да го прави тоа што го направила. Синоќа на пример, мада и друг пат се случило, не реагира на карање. Се смее и продолжува уште појако со глупостите. Дојдовме до момент двајцата да полудиме. Мм седна да јаде, не и обрнуваше внимание на глупостите, јас се затворив во кујна и се тресевме двајцата од нервоза. Кога ме викна и се испоразвикав и реков лута сум и се тргнав пак. Дур тогаш кога скроз одлепивме бидејќи повеќе од пола саат не реагираше на нас, сфати дека нешто направила и се смири. Во некои такви моменти со мм викаме дека изгледа ко опседнати од ѓаволот и прави се против нас, и не допира нашиот глас до неа.
    Дали се соочува или се соочувал некој со вакво нешто? Исто вчера откако одлепување скроз и понудив да јаде и нејќеше. Одма вика не на се што ќе побараме. Станав и реков ок нема да јадеш, го тргнав тањирот и отидов да мијам садови а она остана во столот. После тоа ме викаше и бараше да јаде. Не и дадов веднаш, после 10тона минути и кога се обидов пак ми викаше не и ја сврте главата. И реков ќе јадеш ли ама луто, ќутеше не ја сврте главата и и понудив, отвори уста.
    Хиперактивна била од секогаш ама во последно време е збудалена, не запира а надвор искача и претпладне и навечер накај 7 обавезно сме надвор бар саат време. Не знаме евеќе што да превземеме и за јадењето и за да не слуша, да сака кога треба да се смири
     
  18. Butterfly30

    Butterfly30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2024
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    184
    Пол:
    Женски
    Кратки под тоа носи боди на прерамки и дуксерче , ама одма го соблекува дуксерот .
     
  19. Butterfly30

    Butterfly30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2024
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    184
    Пол:
    Женски
    Како реагирате , постапувате во градинка два пати го зимам со видливи повреди на лицето одговорот е се бутнале со некое дете . Знам се случува све ама некако денес ептен беше страшно удрен .
    И се изнервирав ептен . Знам дека не можат да ги допазат 30 деца се . Ама не знам дали и како да реагирам
     
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.565
    Допаѓања:
    9.417
    Пол:
    Женски
    Искрено да ти кажам, ќерка ми ич не е во најмирните ама често се случува да е со видливи модрини на нозе во главно. Да ми каже (3+ години е) дека Х ја удрил или дека таму и таму паднала.
    Споменувам кај воспитувачките упорно ме убедуваат тука се цело време и не паднала. Дека Х не е таков да удира.
    И буквално ми е како со главата во ѕид да се маваме.
    Зборот на 3 годишник против нивниот.

    Не знам за колкаво дете се работи и дали самото дете би ти кажало нешто.