До благото и грицките е верувајте. Знае дека ќе добие и затоа. Не зимајте ништо, нека има достапна фиока со овошје и евентуално бисквити или галети, по некој ден ке се одвикнат од друго и ќе почнат да јадат. Мојот си е јадач ама дома никогаш не сме имале вештачки шеќери чоколада и сл, само смоки чат пат бисквити галета. За божиќ и велигден бевме полни чоколада и само тоа бараше и ништо друго не јадеше, иако ги криев знаеше дека има и џабе, се инаетеше се додека не добие. Тргнете грицки измеѓу оброци, не купувајте воопшто и кажувајте на сите да не ви носат дека ги фрлаш, и ќе се изненадете колку апетит ќе им се отвори на децата. Ама прво неколку дена храбро додека да и помине навиката и да заборават
Моето престана да јаде кога и не знаеше што е чоколадо,ниту пак чипс. Покасно почнав да давам како награда кога јаде. И тоа не му се дава многу. И сега стана од дете што јадеше се, ама буквално се, дете што јаде само макарони и супа. Значи не држам грицки,тука таму некое сокриено чоколадо има. И го оставам без да добие нешто друго. Чак ни заменско јадење не нудам ( кај мене тоа нема ), и пак не јаде. Некогаш само со вечера сме од инат што е голем. Така да не се секогаш причина грицките и чоколадите зошто не јадат. Јаде како врапче, едвај 13 кг има.
Инаку каде ги купуваш. Јас гледав на нет за во Србија нема капки. Имам давано сируп б комплекс и не помогна ни тој.
Не велам дека кај секое дете е така, ама во поголем дел грицките и вештачките шеќери се проблем. Жал ми е што минуваш низ тоа. Не можам ни да замислам колку е тешко. За тежината не грижи се 13кг е и моето на 3ипол години. Се нервирав и јас ама дека јаде па помирна сум веќе, едноставно си е таков ситен. Верувам дека се имаш пробано ама да јадете заедно на маса, приказни за јадење пример си биле крадтавица и пиперка таму и таму бла бла (приказни моментално кај нас најмногу палат, за се ми се финта), да правиш животни од овошја и зеленчук на пинтерес има многу идеи, ова така што ми текнува може ќе помогне
Ооо мама што немам пробано. Ништо не пали. Кога јаде јаде. Ама кога не сака, не сака и крај на приказната. Па ти на глава намести се. И искрено не се грижам за килажата толку, колку за тоа што не јаде разновидна храна како порано. Пред пола година јадеше се, количински малку ама се си јадеше. Манџи обожаваше, сега една лажица да му ставиш нема шанси. Одма бара макарони или супа. А што е тоа ништо хранливо. Прави палачинки кое животно го побара. И на крај не го јаде. Ке ти каже сакам јајце на круг или на око, со сет мерак му правам дека побарал. Седнува и вика нечу тооооо. Значи да полудиш. Во последно колку храна имам однесено на кучето од комшиите, се поправи пустото. И кога ќе ми кажат не се грижи ќе порасне ќе се разјаде, и знам дека ќе е така ама грижата е посилна од мене.
Искрено ми е жал што минуваш низ ова. Само не се обвинувај ти знаеш дека правиш се ама ете таков е, или период е. Се надевам дека наскоро ќе му помине оваа фаза на нејадење
Здраво. Во градинка кружи стомачен вирус. Не знам каков и кој ама она имаше тт и дијареа претходниот викенд. Не била во градинка и цела недела веќе е со нормална столица. И еве денес пак дијареа. Да не енекој дупли вирус више не се разбирам. Го поминавте ли вие?
Хај! Се убацувам во темава 2 месеци порано Совет еден да ти дадам, ние макарони, тарана и јуфки само јадевме. Тоа го заменив со њоки кои ги правам сама. Сладок компир, спањак, морков, наут, гравче, леќа, било што + брашно.... Од све ги правам. Тоа ни е спасот. Сос од друг зеленчук... Понекогаш сака сос понекогаш не... Ама важно почна да внесува влакна и протеини Макарони ако правам и варам во малку течност со смрзнати коцки бујон од коски што иам правено...
Кај мене големото (7год) имаше дијареа од минатата среда, 3 дена имаше, 2 дена се среди и вчера пак имал и тоа на школо бидејќи средено му беше викендов и вчера по 5 дена дома го пуштив на школо...потоа ок беше после ручек немаше дијареа. Недопиминато изгледа и почна се да јади и пак го повтори. Денес е ок.
Да убав совет. Само кај моево веќе ништо не пали. Кога беше помал се лажеше и лесно му подметнував, сега нема шанси. За една недела прави три години. И многу е тешко што нема шанси да му подметнеш. Ама се надевам дека и овој период ќе помине и ќе се врати на старо кога јадеше се.
Нема да јаде.... Ама ќе пробам, се пробувам... До сега ништо не прифаќа и плука. Се тоа заедно блендираш така?
Еве пример со сладок компир. Го варам компирот, па го мешам со брашно, па го замесувам ама да остане мекичко. И некако ми доаѓа оваа форма во спојлер природно да ја правам. Има тон видеа на интернет, јас од око ги правам. Можеш и од целото тесто со ножички да сецкаш директ во водата зовриена Еве и @MariaBouli нека се приклучи во дискусијата ако има некој совет, она ме навлече на њоките и сега и се фејв на ќере. Spoiler
Ти веќе си поексперт од мене хаха Јас сум правела само од сладок компир, и тоа е начинот. Мојот единствен совет е користење само бело брашно. Јас сум пробала и со пченкарно и со интегрално, ама така си бараат многу брашно и стануваат тврди - само со бело се мекички, а тестото е од око ама онака баш тесто меко да ти излезе. Јас обично ги ролам како стап и ги сечам по еден прст дебелина. Со доматен сос се
Сладок компир и бело брашно? Само тоа? Да пробам и јас… не знам што е со детево, веќе се еднолично сака. Никако да е мачкано, палачинки демек ајде со толкав мерак, си ги фрлив сите. Моево па не сака никакво овошје, само во шмукалче иначе никако не сака и не сака да проба. Вода барем пропивме.
Готово и ние ве напуштаме и одиме во поголемата тема. Леле кога поминаа три години... Со убави и некој тешки и не толку убави моменти ми порасна детето. Сега е прав дечко. Ајдете на торта