Мајки помош. Синко е 2 ипол год. Секогаш е темпераментно дете,среќно и мило дете.Но премногу често има агресивни испади не удира сите дома не престанува да вришти и тоа трае многу долго. Почнува да збори,интелегентен е све разбира и знае ама испадне се и ноќе и дење.Се трудиме дома да биде мирно да нема викање дури и поголемото братче се прилагодува и попушта.Некој од искуство за некој витамини или.слично?
Исти сме и ние исто , дури пишав пред некој ден баш у групава да се пожалам .. Секој совет е добредојден
Здраво на сите, моето пред еден месец направи 2 години, па влегов во групава да барам совет за промената во однесувањето.. ништо не и е погодено, за се плаче, не сака ништо да споделува, се прави дека не ме слуша, агресивна стана, мава, се влечка... И само што ги прочитав коментарите погоре ми олесна.. фаза некоја е така? До кога им трае?
Знам дека ова не е за тука, ако пречи бришете. 2 години е, уште ја немаме МРП од пусти страв... Сакам петок да ја вакцинирам но душата ми се стега... Пред извесно време почна да поврзува зборови по два, некогаш и цели реченици... Искуства некои, навистина сум преплашена со оваа вакцина, знам дека еднаш мора да ја прими...
Малата ја вакцинирав на 20ти мај, супер помина освен на 11 до 12ти ден блага температура и ништо друго немаше само позитивна мисла и се ќе биде супер, сега со таа вакцина на 18 месеци ревакцина треба да и ставам.. Со тантрумите сега ептен тешко се справуваме, ѕверкица ептен
Со првото ништо од тоа немаше, освен благи тантруми ама брзо завршија ама сега со малата ептен тродупло ми наплати башка само до мене 24/7 и никој друг не сака......... и на пеколов во раце сака да си седи и никако да се пушти да идам до кујна било каде
И двете ми се вакцинирани прва доза на 10м втора на 13месеци, големата зборува 3 јазици, малата дрлдла по цел ден граматички точно со одличен изговор на Р и Л. Ни двете немаа реакција, малата е вакцинирана во јули месец.
Буквално како да зборувате за моето хаха, и чудно ми е што секој ден е различна.. таман ќе ме изнервира со плачење буквално за се, нареден ден е ново дете.. не можам во трагот да и влезам хахах баш како онаа зависи на која нога ќе стани хаха Знам дека тоа нема врска, свесна сум за тоа имам зборувано и со доктори и со дефектолог... Но сепак стравот ми е присутен... Сепак ќе пишам како ќе поминеме, ви благодарам.
На 2 години и 3 месеци со огромен страв ја однесов на вакцина. Знаев дека мора да е тогаш бидејќи оди во градинка и само тогаш ја додржав здрава. За среќа, немаше никаква реакција.
Разбирам.. И тоа плус ме мачеше, невакцинирана во градинка. Ако ти е некоја помош, сите околу мене со примен мрп се било ок, немало никакви несакани реакции освен темп и слично. Но го разбирам стравот..
Исто, сите во нејзината група имаат, околу мене пријатели буквално сите, не знам јас зошто вака си правам, најверојатно дека првенче хаха... Сепак ви благодарам на сите, ми дадовте утеха
Здраво,дали ги спиете вашите деца во соба со клима. Доколку да , на колку степени? (Нормално да не дува директно во детето) Живееме на поткровје и многу е жешко без клима , поти и спие многу немирно.