Мора да споделам што ми се случи денес оти имам големо чувство на вина. Вака моето детенце е 2 год и 3 месеци и многу сака да си игра со вода , џабе го карам , џабе ми бранам стојам како полицаец и во неколку наврати решив да го оставам нека си се изнаигра па ќе си одиме ќе си го искапам и ќе си го легнам. Денес исто така бевме во паркот кај што има фонтана ама таа не е длабока зашто водата со истекува постојано, дете си се заигра и јас на четири метри со седев ама поглед не тргнав од него си играше со шлакаше кефој цело , на пет мин пред бегање дојде една жена го тргна детето од водата и јас веднаш станав да видам за што се работи. Ми вика како не ти е срам ние викнавме полиција, пола саат стоиме тука не се појавуваше , се јас поглед не тргнав од детето тие тука дојдоа на 5 мин ми го тргнаа детето и јас одма станав да видам за што се работи. Си го зедов детето си отидовме со го најдов со го искапив и си го заспав цело среќно изнаиграно . Е сега цело време ми е тешко дали јас сум лоша мајка што го оставам да си игра детето со тоа што сака, јас поглед не тргам од него , знам кога ќе се надмине границата и секако го оставам да си игра доколку не постои никаква опасност. Зар сега некоја така да ми се обрати, неможам да заспијам мислам цело време на тоа. Ве молам за ваше мислење , поубо мене ми е детето да си игра да си има слобода секако со граница , а не да ми бега лево десно и јас да трчам по него и на крај двајцата нервозни .
За што вина осеќаш? Да ми седат децата да се играат повеќе од 30 секунди сами без да доживувам срцев удар дека ќе се повредат или направат некаква штета на некому ќе излезам у кафана и ќе се почастам со 5 пива а не вина да имам.
Не треба никаква вина да осеќаш. Исто и јас го оставам сам на сите фонтани но го надгледувам од клупа некоја. Нема поубаво од тоа да си игра малото само. Можеби само жената се уплашила бидејќи не те забележала, си помислила дека малото е само, ни нејзината постапка не е погрешна бидејќи сакала да го заштити. Но тоа тебе не те прави лоша мајка бидејќи она тебе не те видела. Не се секирај, размисли ги и двете страни на приказната, ќе видиш дека е се во ред
2 години и 11 месеци, нема 5ки. Забарот ми рече веројатно нема ни да има, ноншалантно. Има ли некое детенце што толку касно извадило 5ки.
2ипол години, сите други заби ги извади брзо и рано, за 5ки нема ни назнака дека ќе има, веќе цела година нема нов заб. Постарото дете покасно почна да вади заби и 5ки никнаа на 3 години, така да уште има време. Ама вистина постои опција и да нема воопшто 5ки, што и да е така нема што да се преземе во овој момент во врска со тоа, така да ни останува да чекаме.
Охоо на оваа тема можам до утре да зборувам. Моето е 2 години и 4 месеци, знае да плаче оти он не ја отворил вратата или дека он сака сам да јаде. Ама мора некој компромис, разбирање и стварно некогаш треба да знае шо смее а што не. Оти мислам сега на оваа возраст тестират до која граница би одел. Пример не сака да јаде ручек сака нешто друго. Јас веќе се помирив ако е гладен неколку саати не му е ништо ама мора да има ред, грицки и слатки после ручек. И многу разговор треба. Ние со мм ми за се зборуваме со син ми. Дали е среќен/тажен/лут. Дефинитвно интересна возраст ама и доста предизвикувачка. Сега кај нас на ред идат фрлање пелени и цуцли...
Здраво, сакам да прашам за препораки за продукти за хигиена што ги користите за дечињата. Јас користам Мустела за моето девојче од 2 години, но сакам да променам. Што користите и од што сте задоволни за лична хигиена?
И зборување и покажување се правиме....ама има моменти каде што ме вади од кожа, пример вчера нервозна, фрла, турка се затоа што и реков ајде да спиеме хаха инаку цуцлата пред 20тина дена ја фрливме многу лесно, претходно имавме обид но многу плачеше бидејќи "друг член од семејството и ја фрли", а потоа сама си ја фрли и плачеше само 15 минути и толку беше хаха
Моето уште ја користи. Да ги тргнам нацело пелените ќе пробам и нјезе. Инаку ни останаа само пелените са спиење. Кога станува се суви и празни и мочка на нокшир ама работам ноќни смени и не можам да се посветам додека не останам барем два дена слободна. А денската пробав еднаш ама како за белја малко се помочка ама кога стана седна на нокшир и се измоча убаво и многу. Викат најдобро е нацело да се тргнат да не се буни детето и мене ми има логика тоа. Плус што неколку дена по ред насабајле се празни скоро пелените. Ама ќе треба да го будам да мочка барем еднаш двапати во текот на ноќта нели?
Мојата има 2год и 3м и ги тргнав скроз пред еден месец и ноќе и дење. До пред да ги тргнам секое утро пелените и беа полни. Како и го тргнав памперсот не се измочала ноќе. Држи од девет вечер до седум сабајле. Згреши минатава недела на два пати ама пред спиење јадеше лубеница. Значи не е свесна ноќе дека и се моча, ама и јас не ја будам или носам на мочање. Па оставам на среќаПреку ден е супер, првите четири дена еднаш не кажа се убив од пресоблекување. Петиот ден почна да кажува и толку беше. На шоља на адаптер или во нокшир како и е ќеиф така прави. Во градинка оди исто таму не згрешила до сега гледам. Значи дамо упорност и без нервози, за месец два нема да имаат ниту една грешка.
Моето е 2 и 2 месеци, сакам и јас да и ги тргнам, ја ставам на нокширче седи и кога ќе стане од него тогаш се мочка или кака, наутро памперсите се преполни, се мислам дали да пробувам некако како да нема осет кога и се мочка... Се мислам да не и дојде наеднаш сега цуцлата па и памперсот...што мислите да почекам некој период?
Само покажуваат кога се спремни, зошто форсирање? Очигледно дека нема интерес, не е спремна да "трпи", зошто да се тренира дете да се стиска предвреме кога тој процес иде многу нормално со тек на време. Никој со правилен развој не пораснал со памперси. Почекај некој месец.
Она еднаш да се измочка во нокшир или шоља да сфати каде треба и ќе можеш да ги тргнеш. До тогаш пробувај да ја учиш да и објаснуваш, па сама ќе приметиш кога ќе биде спремна.
Јас мислам не е форсирање. Зошто да не се запознае со нокшир. Моето пред сега да се одвикне беше запознаен со нокшир околу 2 години и имаше мочкано и какано. Ама не беше спремен. Ама ја знаеше намената на нокширот пред да почне да се одвикнува. Кога почна да кажува дека му се кака и кога сам ја тргуваше пелената и сфатив оти ме разбира повеќето шо збориме и прашува работи знаев оти е спремен.Сега само ноќната остана да ја тргнам и да видам дали ќе де држи сув или ќе треба да го будам барем еднаш да мочка у текот на ноќта. За преку ден кажува и дремката му се суви гаќите. За у градинка како оди? Да кажам веќе е одвикнат, да пуштам ли пелена или непропусливи подлоги? Оти го оставив дома да се навикне да не му дојде нагло.
И јас така мислам, дека нема потреба да форсирам нешто со сила... Таа седи на нокширче но тоа повеќе го гледа како забава... Се има и измочкано и какано, но не знае како да каже кога има потреба, зборуваме цело време и си седи на нокширче, ама одкако ќе и го ставам памперсот тогаш се мочка... Најверојано не е подготвена па ќе почекам некој период.