1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Sredstvo

    Sredstvo Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Како бе така да се одвикне од пелени "зошто така кажала управата"? И моето е 2 години и 4 месеци и да пред една недела зборував со негователката дека ЈАС сакам викендот да пробам без памперс добив одговор "супер пробај, ако успееш ние сме тука". Пробав видов дека не бива дека нема осет, дека е нервозна, одбива да седни на нокшир и прекинавме процес, здравје понатаму... И моето од година одеше во јасли, годинава си е во поголема група со врсниците... Ако детето не е спремно јас не би форсирала, можеби грешам не знам, ама тоа е мој став.
     
  2. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.847
    Допаѓања:
    9.864
    Пол:
    Женски
    Не знам од каде сте ама кај нас во ниедна градинка не сум слушнала да се присилува дете дека до одредена возраст мора да се одвикне. Ќерка ми на скоро 3,5 години се одвикна, па никому ништо. Ни присилување имавме од градинка, во групи се шеташе според возраста, а не според тоа дали е одвикната или не.