А дали истото се јавуваше често во текот на денот или периодично? Кај нас не е многу често, вчера пример попладнето после градинка воопшто не го забележав да трепка.
Здраво мајки Би сакала да ми кажете дали некоја имала искуство со шлајм как дете. Моето има 2 години и се бориме со хрчење на градите и шлајм долго време. Да напоменам дека како бебе пиење Аптамил Прегомим алергено млеко кое после 1,5година односно последните 6 месеци го сменавме за Аптамил 3ка. Педијатарот ни кажа дека шлајмот е поради алергија на кравјиот протеин да не му даваме кравји производи и да го вратиме старото млеко кое во моментот не сака ни да го мирисне (плачи и нервозно бара од другото млеко). Ме загрижува што шлајмот и покрај тоа што не даваме кравји произвпди сеуште го има… Носето е чисто, не е затнато, крвната слика е добра и не е настинат. Дали некоја мајка имала слично искуство Поздраб
Како мајка на дете со проблеми со очите, јас би те советувала да пратиш уште кратко врмее и ако продолжува да го однесеш на офтамолог. Секако е убаво и превентивен преглед да се направи додека е помало, дури и ништо да не приметуваш, барем така не советуваше нашата докторка.
Секретот доаѓа од носот најчесто. Јас од кога знам за мене имам шлајм, не знам да го исфрлам онака како што прават. Бев на орл, алергија имам на полен, и при секоја сезона каде е изразен поленот, премногу ми отекува носот внатре. Ми даде капки тогаш и редовно да пијам апчиња за алергија. Да напоменам немам проблем со крајници ниту со трет крајник, едноставно алергијата на полен ми го ствара шлајмот.
Нерви искинав деновиве. Почна со нејадење во градинка, а нејадењето почна сега и дома. Ама нејадење, НИШТО да не сака да стави во уста. За појадок пржени лепчиња, сиренце, домат, па и печеница на крај извадив да ја излажам... залче не лапна! За ручек свинско печено, се топи.. пире, супа од телешка коска, салата... детево не сака уста да отвори. Цел ден јадења е пола 7 дејс сабајле (од мака на крај тоа и дадов) и сега за ручек пола кифличка домашна.. толку. Мозок ќе ми пукне. Трето ми е, ама решило душа да ми извади. Ваква мака со другите не сум имала... ако едно не сакале, друго ќе каснеле. Ова ништо, незнам ќе скренам. Не сака ништо буквално (ни здраво, но нездраво да стави во уста). Што да направам? Инаку вади 5ки, доле и се набабрени и едната веќе избива. Ама зар може вака од тоа да не јаде??
Ауу јас ќе скренам вака. Бевме компири од Кфц прееска да и купиме зошто веќе не знаев што да направам. Бар малку млеко пие пред спиење, па земав б-комплекс во гранули и ќе и ставам...
99% е од 5ките, и моето одбиваше храна кога и растеа... Најтешки и најболни се 5ките, ќе надокнади кога ќе излезат
Пробај со ампулите на Marnys.Ептен убав ефект имавме од нив. Ама ако се заби во прашање, мислам ништо не помага. Мојава сите 5 ки одеднаш ги извади, во јуни кога бевме на одмор. Ама со ампуливе се разјаде ептен убаво. Плус и за имунитет се.
Многу ги мачат, ништо не сакаше последните два дена пред да избие. Не ми даваше ни заби да и измијам, неподнослива беше.
Леле исто и заби не дава да се мијат... Не сака ни да се качи на столчето А си миеше и сама, даваше да и миеме...
Да да исто скроз, обожава да мие заби. Си зима столлчето си се качува и бара чет-чет. Е тогаш не даваше ни заби да и мијам.
Ауу како не ќе скренувала. Ајде не ме зезај другите пораснаа, ќе порасне и ова. Имај на маса во секое време банана, крекери, кроасанче/кифличка нешто и оставија сама да си земе кога ќе сака. Ништо нема да и биде. Понуди секогаш од главните оброци ако прифати ок ако не никому ништо. Ако ја мачат заби ќе и помине кога ќе излезе забчето. Јас сум строга за храна ама кога е ваква ситуацијата што ќе касне тоа. И мене третово најтешко заби ми вади. 4ки те беа хорор, вриштење во сон и претање цела ноќ. Тројкиве за нијанса подобро. Кенка и прета со саати, шат пат некој врисок. Уште едно тројче готово да избие, па се надевам ќе одмориме пред петките. Ќе се стабилизира после тоа. Ништо нема да и биде.
Исто.. секој заб со егзорцизам го вадеше, страшно. Што заби ќе беа ова.. Ќе скренам додека не си потврдам дека дефинитивно се забите. Ама неможе што да е... До толку да не сака детево ни супа (а обожава)... вчера јаболко изеде за вечера. Сестра и јадеше и побара и она... ладно убаво и доаѓаше ваљда на непце (од фрижидер јаболчето). Инаку ни една 5ка нема Додека ги дочекаме сите....
Дајте ми надеж (со искуство) дека детево ќе почне да јаде. Ми се плаче веќе, цел ден е со 2 шмукалчиња. Што не и понудивме, храна и по маса оставена. Почна да кака како новороденче светло жолто од што ништо не јаде. Цел ден ради тоа е и екстра нервозна и само плаче кенка, ми се пожали и стомак дека ја боли (ваљда и од глад). Се плашам да не и е нешто друго, паники некои ме фаќаат... Не ми е нормално ова детево ништо да не става во уста. А е дете што јаде доручек, ручек, вечера, ужинка по 2. Вчера бар вечерта млеко и бисквити касна малку, денес јок не сакаше ни една лажица да лапне.
Освен што и излегуваат петки, да не има афти во устата? Пробај направи и освесно смуди со банана и путер од јатки, вкусно е а калорично.
Нема шанса и тоа да го сака.. не ни пробува храна. Со око не сака да погледне. Еве градинка јадела некое залче сув леб и сега за ручек ќе видиме... Не сака ни работи што ги обожавала како: супа, банана, манџи јадела и најболна да е... вчера колку да лапне нешто и дадов и чипс дури, ни тоа не сакаше. Од ден на ден полошо стана.. Се мислам сега блокмакс да и дадам, да видам дали нешто ќе смени.. Афти иначе нема, ја проверував вчера. А и забите не ми личат дека во брзо ќе избијат... Вчера и палачинки и направив за вечера, јок.. залче не касна...
Исто Мариз, скроз, ја оставив така деновите, смоки, смоки.. не сакаше ништо дур не избие. Мојата и онака во градинка не јаде, уште и дома не сакаше. Само што избија, се врати во нормала.