мора да испитат дали е вирусно или бактериски за да знаат како да дејствуваат.Да пишеше како ке бидете
Ние лани прележавме рота и бевме хоспитализирани на инфективна. По симптомиве скоро сум сигурна дека и вие ја имате Ќе помине. Ќе ви уклучат инфузија и ќе биде подобро. Со помин
Не е еднаш, често може да се заразиш. Спас - често миење раце. @galapce Брзо да оздрави малото Галапче
Незнам која е соодветна тема, нека се премести ако треба.. Бев кај бебе новороденче а имало жолтица. Има ли ризик да ме фати и мене? Малата не беше, но ако ме фати мене недај боже и она е во ризик
Таа е физиолошка жолтица што ја имаат некои бебиња. Сосема честа појава и не е заразна. Не се грижи, таа жолтица не се пренесува, ја има само новородечето.
Рота вирус се прележува само еднаш, исто како сипаници. Ќерка ми имаше на 8,5 месечна возраст, а може да се заразат деца до 5 годишна возраст. Не е точно ни дека често се фаќа, ни дека е спас често миење раце. Рота вирусот се пренесува преку воздух а не преку валкани раце. Затоа е убаво прво да се информира човек па да се одговара на поставено прашање, зошто од дезинформации чуда се случуваат.
Прашувам зашто во градинка кај детево има рота-вирус па се уплашив малку. Воспитачката додуши рече дека на еднаш прележан ваков вирус организмот стекнал имунитет и нема повторно да се зарази детето, ама реков ај да прашам пак...
За болдираното @ivi1987 Да ни каже од каде ги доби тие информации дека рота се пренесува преку воздух? Линк или сл. нешто. За @referentka Референтка, рота вирусот или стомачниот грип е вирус кој предизвикува дијареа и заради можност од дехидрација е опасен за малите деца. Најчесто дијареата е предизвикана од тој вирус. Се додека не се стекнат кај децата здрави хигиенски навики тогаш веројатноста е поголема да се заразат.
Да, и ќерка ми го фати дур се адаптираше во градинка првите денови. Штом дете еднаш го прележи, не се појавува повторно, од искуство кажувам. Се појавуваше пак во градинката неколку пати ама ние бевме безбедни. Инаку најлош стомачен вирус е Рота, малата моја многу лошо го поднесе и помина. @friendy имаш искуство со прележан рота вирус??? моето дете фати на 8,5 месечна возраст во градинка, а остануваше само по 30 минути и освен во раце и креветче не ја оставаа на друго место и не пипкаше ништо околу за да се зарази. Затоа напоменав дека немора детето да фати предмет и да се зарази од вирусот, го има во воздухот во просторијата каде што престојува.
Малава три дена беше до висока Т , повраќање и пролив. Детево се стопи за три дена. Мислам дека од тогаш (тоа беше на почеток кога почнавме со градинка) до денес ретко се разболува и тоа претежно лесни настинки. Како Рота вирусот да и беше ,,ватрено крштење,,
Почнува со многу висока температура, пролив и повраќање. Добро поминала малата штом имала само три дена, ќерка ми 14 дена го имаше вирусот, на инфузии завршивме, дехидрирана, изнемоштена, постојано спиеше. Од тогаш стомачен вирус никаков не фати. Само, кај ќерка ми испитаа преку измет,така утврдија дека е вирусот, преку крв не се гледа, ја измачија од претпоставки од што повраќа, од што е температурата и повраќањето.
Ти беше таму па гледаше каде фаќало твоето бебе?! Не е до воздухот златна, туку до немиените раце кои може да го залепат насекаде и врз се. Може воспитачката и го пренела од друго дете. Спаѓа во групата на високо заразни вируси зошто не се уништува така лесно. 10 дена до 14 и повеќе може да живее на површини. Сакаш уште да ти раскажувам, а има уште многу?
Spoiler: Рота вирус Заразата се пренесува лесно и не е чудно што повеќе од 30% од цревните инфекции се предизвикани од рота вирус, бидејќи се работи за многу заразни микроорганизми. Разликата меѓу овој и другите стомачни вируси е во начинот на нивното пренесување. Рота вирусот влегува во организмот на два начини: - Орално фекален пат, односно детето ќе го внесе вирусот во уста со рацете или со играчка контаминирана со фецес. - Преку капки – вирусот се наоѓа во мали капки на плунката на заразеното лице и се шири преку говор низ воздухот. Токму заради ваквиот начин на ширење, рота вирусот може да предизвика епидемија, обично на детските одделенија или во градинките, ако има барем едно заразено дете со рота вирус. Вирусот кружи во воздухот од декември до април. По влегувањето во организмот брзо се размножува и по 12 часа се манифестира со силно повраќање и висока температура а по 24 часа почнува пролив кој трае 6-7 дена. Никакви антибиотици ниту лекови против пролив нема да имаат успех. Внесувањето на течности и минерали е единствениот начин на лечење, бидејќи на тој начин се врши надополнување на изгубеното. Не постојат специфични лекови откако ќе настапи заразата. Како и кај секоја друга инфекција, организмот стапува во акција во одбрана од напаѓачот и во напад испраќа лимфоцити и бели крвни клетки кои имаат за задача да ги отстранат патогените микроорганизми. Организмот се ослободува од рота вирусот на многу едноставен начин: клетките на цревата се обновуваат заедно со кожата и слузницата. Во тек на три дена заразените клетки ќе се отстранат од организмот преку регенерација. Затоа внимавајте! Запирањето на проливот не оди во прилог на лечење на болеста, ниту антибиотиците кои ги уништуваат корисните цревни бактерии. Штом ќе се појават првите знаци на болеста, кои упатуваат на губење на течности, да му се даде на детето орален рехидрациски раствор ORS познат како орална рехидрациска солуција, која се набавува во аптека. Со повраќањето и проливот организмот ги губи минералите кои треба да се надополнат за да се спречи дехидрација. Во едно пакување се наоѓа оптимална количина на гликоза и минерални соли. Количината од вреќичката се раствора во точно одредена количина на вода а растворот се дава разладен, лажиче по лажиче. Бидејќи е со лош вкус, одберете некоја од солите за рехидрација со арома. Ако детето губи течности по проливот и повраќањето, не мокри, бледо е, плаче со слаб глас, а реакцијата на дразби е намалена, ставува збор за дехидрација. Објективна проценка за дехидрација се прави со мерење на детето: ако изгубило повеќе од 7% од тежината која ја имало пред болеста, значи дека се работи за силна дехидрација и потребна му е брза помош. На пример ако доенче од 4 килограми изгуби 280 грама тежина, значи дека е во опасност и потребно му е болничко лекување.
Може сум била, од кај знаеш. А како воспитувачката му го пренела на моето дете, му ги пикала нејзините раце во уста на моето??? Нема потреба да ми раскажуваш туку ти подобро да се информираш. Еве како за почеток, прочитај го тоа што @referentka во спојлер го прикачила. Значи убаво си пишува таму дека има два начини за пренесување на вирусот...
Сите стомачни вируси се пренесуваат по орално-фекален пат. Миењето раце е превенција. Но, ако стапат во контакт со лице кое во моментот го има вирусот, многу лесно се пренесува и од предметите кои лицето ги допирало, поради тоа што вирусот е екстремно издржлив на отворено, на предметите.
Јас од тебе побарав линк не од Референтка. А за воспитувачката да ти дообјаснам веќе ако не можеш да сфатиш?
А што е битно кој прикачил, не ти е веродостоен линкот или што? Нема потреба да ми дообјаснуваш ништо, кога го фати ќерка ми вирусот, 14 дена доктори ми објаснуваа и на нет читав, така да, поштедена си од тоа.
Ај нека биде конструктивно општењето. Немаме корист од докажување и бранење лични ставови. Кога станува збор за болести и лечење и те како е важен изворот на информацијата. Нема ништо фајде од слушнал - не разбрал. Ти ако си разбрала добро од лекарите ќе знаеше дека се пренесува преку немиени раце, а не како што ме негираше и кажа дека се пренесува преку воздух.