. Разликата меѓу овој и другите стомачни вируси е во начинот на нивното пренесување. Рота вирусот влегува во организмот на два начини: - Орално фекален пат, односно детето ќе го внесе вирусот во уста со рацете или со играчка контаминирана со фецес. - Преку капки – вирусот се наоѓа во мали капки на плунката на заразеното лице и се шири преку говор низ воздухот. @friendy не се докажувам, ова што го пишува погоре е она што ми го кажале и докторите. За ќерка ми знам дека е од вториот начин префатено. Докторите на инфективна викаат дека е доволно бебе со послаб имунитет само да влезе во просторијата каде што има заразено друго дете од рота вирус па да се зарази. Не зборам на памет. Син ми во градинка фати стомачен вирус на неполна година, само што му помина јас и сопругот фативме дур го чувавме дома, а ќерка ми се бацуваше со него, си играа со исти играчки, она не префати. На нас ни помина, а малиот пак фати па завршивме цела недела во болница. Значи, вирусот ни кружеше дома во воздухот иако во болница ни рекоа дека не е рота вирус, туку друг ама сепак преку воздух префатен.
@ivi1987 сте фатиле бидејќи сте се грижеле за него во моментот кога имал дијареа и повраќање. Ќерката не дошла во контакт со тоа. Јас и син ми ко имавме стомачен вирус, свекрва ми го преслекуваше, го миеше, наредниот ден го фати и таа.
Ќерка ми откако прележа рота вирус, стомачни вируси не допираат до неа. А малиот додека го имаше стомачниот, цело време беа заедно, се гушкаа, се бацуваа, неможев да ги одвојам, си играа со истите играчки, фати, пушти, стави во уста и двајцата. Ама, она не го префати. Најмногу зависи од имунитетот на човекот.
Кога лежевме во болница за ротата, тогаш прашав дали може пак да го префати..рекоа може но, со поблаги симптоми. @galapce како е убавецот, подобро ли е?
Рпта не ствара траен имунитет. Може пак да се фати во поблага форма. Син ми го прележа во најлоша. Осум дена лежавме. Рота не трае 3 дена само. Еден ден или два трае повраќњето, а температурата може да биде и 38.5. После Рота имунитетот паѓа на нула оти детето губи многу и е склоно кон разболување. Се пренесува од фецесот или плунката. Мислам и син ми нема фатено стомачен вирус после тоа, или фати ама слаб беше. И не секој стомачен вирус е рота. Се потврдува со земање примерок од каката кај детето. При ротата се губи калиум и може да доведе до преплет на црева. Кај син ми имаше и резерви оти за среќа јадеше по кило банани на ден. После Рота се препорачува убава нега, да седи дома за да не фати друг вирус оти децата се исцедени и слаби. Моево фати друг вирус оти мораше во градинка па антибиотик и заврши со 14 дена т и инфекција на уво, со црп 29 и леукоцити 19 или 20. Не смееше да прима антибиотик и го лекував на природна база, ама не овде во Мк. За чудо се излечи. Престанавме со употреба на антибиотик се до есента. Долго време имаше мака со стомакот. И уште има. Рота е еден од полошите вируси. Има и вакцина, ама кај нас ја нема. Од срце ја препорачувам.
@pilenka подобри сме. Си ја прославивме новата година со 35 столици тој ден,линекси па и стрептоксазол,три единици калиум,примивме крв од шро ни оаднаа еритроцитите ообрзо од вообичаено,инфузии,соодветна исхрана и еве не од вчера дома. Страшно беше. Температура креваше и до 39.6. Изолирани во соба,сега и дома планирам изолација извесен период. Чувајте се.
Истото го поминавме на првиот роденден....а уште во болница од намален имунитет фати и бронхит. Страшно беше, знам. Тоа е...нека поминува само. Мило ми е што е подобар и што ве пуштиле дома.
Neznaev kaj da go postavam prasanjevo pa ako nekoj znea da mi kaze dali denes raboti aviceni. Mi treba da podignam rezultati
http://avicenalab.com.mk/mk/izvestuvanje/Infozarabotnotovreme на нивната страната стои известување дека не работи.
Мајки не ми е добро синчево... од сабајле од нигде никаде не извади од памет... ме загрижува што е жолт, од што може да е жолт?
Malava mi e polna slaemi na dok i pisa sirup na prirodna baza ama nekako ne mi e za uteha i porano go imase pieno nemase nekoj efekt. Ako moze da spodelite nesto sto ste probale i ima efekt ili toj lekot so kromid i med kako bese tocno receptot
Никита за шлајм нас најмногу ни помоганал чај од бел слез,исто чајот од кромид ,се става кромидот цел со лушпа и јаболко и се залева со вода да го прекрие и се вари додека не се преполови течноста,го прецедуваш и се пие стави и мед внатре и уба вкус има,исто така и Боровиот сируп многу исфрла шлајм ако можеш да најдеш домашен некој од Берово. Можеш и лој од гуска кажуваат дека многу помагало,ама јас не сум пробала
Вчера од нигде никаде почна са се тресе, мраз ладен.. и пожолте. Среќа на лекар се најдовме во тој момент (на контрола за малаво), па шекер му проверија и океј беше... се исповрати таму и дома вечерта уште еднаш (два пати само), и има температура до 40.. не му паѓа скроз, еве цела ноќ имаше. Секогаш кога качува, качува асално висока... но никогаш не бил вака жолт, раце дури жолти му беа.. денес приметувам помалку е.. Денес ке правиме крвна слика и уринарен статус... многу ми е страв бебево да не префати...