Нов симптом вика дека му љути устата, а не мириса... незнам искрено, ништо не му беше и ме чекаа во кола, јас со бебево во чекална за редовна контрола.. и кога го донесе мм се извадив од памет, не сум видела така дете да се тресе му играше цело тело.. Ке трча мм со него денес по лекари, изолирани сме.. еден горе на спрат, друг доле.. но ден пред ова вечерта ја гушкаше, бацуваше..
Мариз да направите крвна анализа, да проверите да не се работи за менингитис. Висока температура, тресење, повраќање се исто така симптоми на менингитисот.
Само тогаш се тресеше, дома не.. еве го поврати пак вода што пиеше.. сега побара да јаде, ориз му давам, но сигурно ке го поврати и оризот... А може да е стомачен вирус само со повраќање?
Првите симптоми што ги прочитав на тоа ме асоцираа, затоа што сум имала менангитис . Штом е подобар може да е стомачен вирус, давај му да јаде денеска банани, супа, ориз. Ќе биде се добро.
@mariz не знам дали сте го однеле на клиника, јас веднаш таму би одела. Температурата и повраќањето не се толку страшни, ама жолтилото и тресењето е нешто што треба детално да се испита. Со помин да е.
@mariz првите дена да, можно е само повраќање. После тоа можно е и дијареа да се јави ако е стомачен вирус. Со помин да е, крвната слика како е?
Фала ви Чекав да му се примоча за да оставиме и мокрача, еве сега мочкаше и ке одат со мм да го боцнат за крвна и црп. Инаку му мириса малку мокрачата на ацетон, дехидриран е малку...
@mariz истите симптоми ќерката ги имаше со стомачен вирус, има шанси да е тоа, сепак штом го имате однесено на лекар ке знаете точна дијагноза..
Ке видиме, крвнава слика што ке каже. Пие течности цело време, но изгледа ми дехидрира и ке мора инфузија.. почна да му мириса и здивот на ацетон... Чудно ми е, нема пролив, ретко повраќа, пие течности.. а дехидриран е Ама цело време е со температура, може од неа да дехидрира?
Jas bi ispitala bilirubini, eho na abdomen i plus konsultacija za ispituvanja za ova sto drugive clenki ti pisaa
Може дехидрација од температурата, ама жолтилово...види прашај за ова што ти пишала @wannaBeMomma, иначе јас директно на клиника би носела дете за ова.
Прими инфузија, живна малку доби боичка убава, нема температура сега за сега.. рече Д-р дека е за во болница, но рече поради мало бебе дома боље да не одиме и кај матичниот прими инфузија.. Он вика вирус е..
@mariz и мојата беше дехидрирана и мириссше на ацетон, пролив немаше само поврати неколку пати обилно...за еден ден си надојде, како да не било, како дојде одеднаш така и помина. Ни кажаа вирус, бевме на брзата бидејки беше неработен. Се надевам дека брзо ке му пројде и на син ти..
Па ако пак не е арен, а не фати викенд ке одиме Ремедика, Систина... на Клиника не би, да не закачиме па нешто друго. Сега добро се држи, јадеше, нема температура.. Исто.. супер беше и од нигде никаде почна да се тресе и да повраќа, тоа беше 12 поручек, па тек вечерта во 11 поврати и после сабајлево дека наеднаш се изнапи вода, вода поврати. Тие два пати минатиот ден обилно многу, ко на филм фонтани, неможам да доперам и дочистам дома, смрди се... Дај боже толку да беше само, зашто си реков како почна прв ден.. којзнае што вирус е и како ке завршиме, но еве пркнат е, добар..
Мајки дали на скоро 3год има скок во развој..Керка ми до сега не е била таква лоша лигава и љубоморна..По цел ден не ми се симнува од раце не дозволува да го земам малото плаче за се и сешто се треска од земја буквално вришти..Си заспиваше сама и спиеше цела нок сега сака во раце да ја заспивам станува навечер па ако се погоди да го држам синко узбуна станува мамо дигни ме плаче колку ја држи глас..Устата пена ми фати зборувајки зборувајки со денови и пак исто..Оваа трае околу 10тина дена И уште нешто сакав да прашам од вчера се жали во устата на болка но не отвара да видам што и е..Попладнево морав на сила да видам ама не успеав видов само на страната има како мало брунче бело дали е можно да е од тоа..? Ке почне да плаче и ми вели боли кашлам икам и таа незнае да објасни убаво..Дали е можно да е од тоа што видов.?