Имаше мајки кои имаат пишувано за зголемени жлезди во стомак кај дете. На син многу големи се околу 13 см. Од вирус. Детево е здраво. Леукоцити 13 само. Друго се во ред.
Како што гледам кетоните се во пораст, знак на дехидрација и од таму мирисот на ацетон. Тоа се решава со инфузија. Можно е да е стомачен. Пиши како сте.
Неможев да најдам соодветна тема, ако има преместете го постот.. Мамички, дали имате искуство со вадење на трет крајник кај детенце? Само трет.. Ме интересира дали боли како и вадење на крајниците.
Не боли, нема да осети ништо. Сега оперираат со тотална анестезија, за разлика од порано. И многу побрзо се опоравуваат децата отколку возрасните. Од друга страна, постои можност да се регенерира, затоа можеби е убаво да се почека некое време пред да се оперира. Во доста случаи каде што е изваден третиот крајник пред 5-6 година, се регенерира, па мора повторно да се вади. Побарајте и второ мислење, да видите дали е нож до коска дојден што се вели, затоа што ако не се реагира на време може да дојде до несакани последици. Вашата ситуација не ја знам, соодветен доктор ќе си процени. Јас за децава мои немам искуство, а лично мое да, имам, оперирана сум на 6 или 7 години со локална анестезија и врзани очи (го паметам тој ден се'уште). Немаше регенерација, немаше потреба, ама имам последици од честите ангини. Можеби ако се реагирало на време, немало да дојде до ова, но тоа е, што е. Ништо страшно во секој случај.
Фала на одговорот. Ке барам и второ мислење па после ќе се одлучиме.. Докторот кажа дека сабајле ќе не оперира а вечер веќе ќе не пуштеле дома. Ќе треба посебен режим на исхрана...Но ако боли како мене што ме болеше кога вадев крајници се сомневам и дека ќе јаде нешто.. Барајќи низ темиве нешто на оваа тема, мислам дека те прочитав дека ти ги имаш вадено сите три. Ако е така, тоа е причината што не се регенерирал во твојот случај
Не, само третиот ми го ваделе, оти секоја ангина на уши ми мавала. Јас прво мислев сите три, ама зборев со мајка ми, ми рече дека бил само третиот. И со локална анестезија. Болка не паметам, ама ја паметам ситуацијата кога си го видов крајникот изваден во бубрежничето што ми дадоа сама да го држам.
Уфф голема траума штом уште памтиш. Јас бев поголема кога ми ги вадеа и им реков или со целосна или не ги вадам Бев ризичен случај, сакале нејкеле мораа со целосна. Да не бидам оф топик..Мајка фала на споделено искуство, ќе видиме ако има можност да почекаме барем до април мај. Може и ќе се адаптира во градинка па ќе се намалат проблемите и ќе избегнеме нож Ти посакувам убав ден
@mariz подобар е? Се мислев да пишувам да не пишувам, толку ми е мачно што не ми се ни збори . Втор пат во неполни 7м заглавува малово со пнеумониа, сега на веќе почната антибиотска терапија. Полна со т и кашлици ја однесов беше полна шлајм ама немаше спуштено. Црп-то и беше високо и дадоа терапија, првиот ден два беше подобра и после пак почна да качува т и клапна нагло. Пак ја однесовме и веќе спуштила. Со инф терапија е и оди бргу на подобро, знам дека ќе помине уште ден два и ова но веќе сум сериозно уплашена дека ова и е слаба точка и дека може да се повторува. Како да ја заштитам, што да направам не знам, зборев со милион доктори сите со различно мислење ама пак ставот е дека некои деца се склони на тоа бргу да спуштаат на плуќа. Ќе одам до ј.сандански да зборувам за вакцина за стрептокока и да видам кога може да и закажам, се надевам дека барем со тоа може нешто да се направи. Минатиот пат имаше стрептокока пнеум. во нос сега излезе негативен ама правен на веќе почната терапија најверојатно имала ама од антибиотикот не покажува. Вакцинирал некој дете за стрептокока?јМислење искуства?? Нешто друго што би можело да ја заштити?
Модерни вируси се ова, мутирани големиот беше со температура еден ден и една нок. Со блок макс не спушти под 38. Го однесов на лекар, малку црвено грло, к.слика и црп се во нормала и брисеви му направив за секој случај па да видам.
Абе од памет да те извади.. во термин за здрави деца седам со Сара во чекална, они во кола со мм и нииишто не му беше дома, пиеше цеден сок, макарони јадеше.. и влегува мм со него се тресеше брзо дојде вирусов, брзо помина фала богу... ама и гранулоцити, моноцити горе доле и црп покачено. А замисли дома сме цело време.. или некој донел или во Веро еднаш што бевме да закачил... а бев решена во градинка да трга, ама се предомислив сега
Па знам тоа и ме зачуди.. малку подкашлува, ке му направам во пон. Имаше две бактерии пред месец ипол, пиеше антибиотик 10 дена тогаш, може да не се долечиле.