@referentka плиз сподели ако си ја вакцинирала. Нема да можам одма мора да заздрави убаво прво сигурно
Истото сакав да го прашам. Моментално сме во иста ситуација, и возраста ни е тука некаде. Ситуацијата станува неподнослива, пробав да игнорирам не бива, зборувам не бива. Се надевам период е и ќе помине.
Ќе прашате како е процедура кај што вакцинираат деца.Докторката што ги прегледува пред вакцина (во мојот случај докторка Венера во Букурешт) прави порачка на вакцината.Штом ќе стаса, Ви се јавуваат телефонски и одите на преглед. Вакцината ја ставаат наеднаш (ако детето има повеќе години и поголема килажа) или ја делат на два-три пати. Ние ја примивме на два пати. Реакции од вакцината нема. Детето мора да е здраво кога ќе ја прима. Откога ќе ја прими,детето може да е носител на стрептокока ама не се разболува. Арно оти ја ставивме, иначе како од мала оди во градинка, често ќе се разболуваше.
Фала ти многу. Ќе одам да се договорам ама пак ќе треба да причекаме да оздраве убаво, само да не се разболе пак
Еве ме пак мајки со некој немир и страв во мене. Пишував тука пред еден месец дека малово 2ипол год неможеше да оди после спиење, потоа стануваше подобар и така неколку дена. Кај ортопед се беше во ред. Правевме крвни испитувања за мускулите и вредностите покажаа минимални отстапувања. Матичната рече дека е последица од вирус но хас настојував да одиме на невролог на педијатрија и таму докторката убаво го прегледа рефлекси нерви го гледаше како оди и ни рече да аи одиме дома детето е здраво и го потврди тоа што матилната го рече дека е вирусна последица. Е сега имавме темп деновиве, нема ништо на грлото ни плуќата, ама еве ми држи темп 37 и така ка на моменти да е уилен. По скали никако не сака сам ни нагоре ни надолу, јас ке се заинаетам и ке се спуштам до долу тој веднаш поаѓа сам нормално со придржување од страна. И сега ми се мота пак мислата дали детето има реален проблем со ножињата или јас си ја правам мислата... ке му проверам крвна слика утре ама незнам дали имате такви ситуации со маливе... просто неможам да се смирам од напнатост и само го гледам ке трча ли по дома, а сега седнал, зошто легнал кога тој е многу активен, зошто ме тера да го носам во раце по скали кога идеме... ако имате некоја ситуација таква да ме посоветувате.
Знаеш дека кога се болни се најлигави, така? Дај боже да е тоа што мислам.. едноставно сака повеќе да е кај мама во раце кога е болен.. Пробај со - ааа чим не одиш ајде на лекар да те носиме на инекција. Не е најпаметно што кажав ама ај следи реакција така..
мајки сакав да прашам за ќеркичката , 2 години има , кога почнува да скока по креветот по некое време се поти ама рацете и се ладни и носето и е ладно , си викам како може да е испотена а да е ладна на допир?? некое искуство или совет би замолила,
Син ми секогаш ко ќе се поти е ладен, и мислам нормално е така се лади телото од топлината. И логично ми е да е нормално, ако споредам со тоа што кога имаат температура не се потат, а штом испотат се спушта температурата.
Како се справувате со непијачи на вода. Малово ич не сака вода, чаеви сокови да ама вода многу слабо со молење. Како рате како помалку да ја сака. Не смеам да ја оставам без течности за сама да и текне да побара вода бар не сега бидејќи беше болна, и разредувам сок цеден колку можам повеќе и купечки кога и давам и мешам пола пола само за да внесе вода
Мојов почна да пие со мала стаклена чаша, тие за ракија, интересно му е дека сам и обавезно и јас да пијам и да наздравиме. Инаку не пиеше исто, ама не сака ни други течности, па почна вака вода.
Леле колку се различни сите. Мојов нејќе да ја смисли. Џабе фрлив пари а ич не е ефтина. Сега ја користам за сок со цевка. Го вадиме тоа капакот магичен па во отворот цевка за сок да пие. Се ова зашто не сакав дами остане неискористена.
Мајки какво искуство имате со тикови кај децата,моето има 7 години и има повеќе тикови,го стега стомачето со носето прави гримаси,со јазичето прави звуци.дали некое од вашите имало вакви тикови и како да се помогне,сите велат да се игнорира ќе помине