Мајки,вака со син ми имам да речам 2 проблема. Прво,не може да се откаже од цуцлата лажливка.Нон стоп ја сака и ја бара.И без неа не може да заспие или кога плаче сам ја бара за да се смири.Ја криев го лажев му зборев,но не успеав да го одвикнам. Второ,многу пие млеко.Има денови како вчера и денес ми бара само млеко.А многу ретко ми бара храна.Пробав да го изгладнам или да скријам шише но не бива,и кога ќе се најаде пак ми бара млеко.По околу 120 пие некогаш повеќе некогаш помалку. Ако имате и знаете некој совет,би ми било од корист. Инаку синко за 2 месеци ќе полни 3 годинки.
Витоси се за деца од 3 до 10 години, но може и возрасни да ги користат. Ги купуваме во Виола 480 денари, ги има и во другите аптеки освен во Зегин.
Сликај од задна страна да видам состав. На нет има само дека содржат рибино масло (омега три) и витамин д. Работава е што ми се сомнителни сите вакви производи што викаат дека не содржат шеќер, а се слатки. Не ги сакам вештачките засладувачи, па би сакала да видам дали овој производ има такво нешто или не.
А за 2 години д3+омега3 препорака? Да ги сменам babytol. Има едни pico d3+omega 3 ама имаат А и Е витамин во состав. Дали се добри?
Не би требало да има проблем. Витамините А и Е се исто така потребни (за видот, кожата и општо за виталност на организмот), како и D3 и DHA. Секако само во зима ќе ги даваш.
Мајки керка ми деновиве многу често ми се жали дека ја боли стомакот..Што може да е..? Обично така правеше пред да кака но сега во денот обавезно 2-3пати ке каже мамо ме боли стомакот
jas koristam ribino maslo od fitofarm aromatizirano so vkus na sumsko ovosje go ima nekoja majka koristeno ? kolkava e?
Јас не давав вигантол, давав Пливит Д3 од раѓање, ама не јаде риба и сакам да давам заедно со омега3, затоа барам таква комбинација како што беше babytol.
Добри се тие што ги спомна претходно, ПикоД3. Сум давала капки од таа фирма, не тие конкретно, ама добро се покажаа.
Е да, видиш, не ми текна на Медекс, ама дека јас од 4 години почнав да го давам Не мириса на рибино масло, вкусен е, па големиов без проблем го пие единствено овој.
Првата лажичка без проблем, ама втората му беше веќе премногу (и преблаго) а по упатство за возраста треба 2 па јас сменив на капсули. Можеби требаше да ги поделам на два пати во денот ама прекомплицирано ми беше. Инаку да. не се чувствува маслото воопшто.
Секое сабајле пие цеден сок од портокал и во тоа му го мешам. Затоа не прави проблем за дозата. Иако јас не давам 10 мл, давам помалку. 5-7. Другото со капки Пливит Д3 надокнадувам.
Е видиш супер идеа е тоа со сокот. Ама петки вади горе па цел е пореметен, кога е расположен за јадење и пиење- кога не, па ризик ми дали ќе го испие. Инаку добар совет за понатаму
Знам, за помали е потешко. Ама еве, големиов ми е навикнат со смути или сок насабајле да му почне денот. Така ми е полесно да му дадам нешто што не сака да го пие. Во тоа и пробиотик мешам ако треба, оти ептен е тежок за соработка колку и да разбира.