На нас Видоевски ни препорача Д3 како капсули, ама не можам да се одлучам кои, а и овде изборот ми е мал. Се мислам да земам Медекс или рибино масло ма Фитофарм како сируп. Омегата зарем не е после 5 год? Што би ми препорачале за 4 годишно дете? Сега зедов вигантол.
Аууу немoј рибинoтo нa фитoфaрм. Јaс гo купив и гo фрлив, грoзнo е. Имaме нaнaзaд пишувaнo. И јaс бaш прaшувaв зoштo мене пa Видoевски ми рече уште нa 2 гoд не чистo Д3 туку сo oмегa или некoи витaмини пa дaвaм Kidz Omega.
Ортопедиве сите различно како и ппедијатрите , нас Хаџиантоновски ни кажа д3 (вигантол или пливит) , дури и големиот, па ни кажа и вие да пиете нема штета само корист. Сепак на големиот му давам од перлите на алкалоид а малово уште е со вигантол на 2.5г
Јас давам на Др.Лео, се дава една перла на ден за деца од 2-10год. Мн се мали, па со вода одма ги голта. А да дотрошам ке земам на Медекс, толку е убав сирупот што јас би го пиела хахаха го пробав кај пријателка, мн мн убав, врска нема со рибино, ептен убав киселко благ вкус, како лижавче
Јас давам Бебитол, капсули се имаат многу убав вкус. По една дневно и на малата и на големата. Произведува 4U Pharma Швајцарија. И ортопедот и педијатарот ми ги препорачаа Еве како изгледа капсулата, се кине горниот дел и се истиснува директно во уста
^ Мајки, за овие капсули слушнав негативни коментари. Ќе земам на Медекс тогаш. Да ги испие Вигантолот, да не ги фрлам.
Јас немам искуство со цуцли мојата не прифати ниту пак млеко пие. Золвата моја на ќерката ја одвикна од цуцла со сечење на цуцлата со ножица и самото дете престана да ја сака и викаше цуца расипана. Ама имаше само една цуцла. Детето и беше 2 и пол год. За 2-3 дена заборави детето.Не потпагај под искушение кога ќе плака или ако плака . Со лесно
@EuHenIa и јас давав од овие ама тие што имаат плус омега 3 во составот, ама со случката на групите престанав, чисто од мисла. А и ги нема повеќе нигде тие со омега. Ако не си запознаена накратко една мајка контактираше доктор од Германија, за да им прати бидејќи ги нема, и докторот кажал дека кај нив се забранети, фирмата работи во визба во Швајцарија, увезуваат само кај нас, Србија и Романија и од 2013 немаат дозволено инспекција во фирмата. Плус не се регистирани како лек, ни кај нас, туку додаток на исхрана. Инаку Полска е земја на потекло, види на кутијата странично, многу е чудно што ни во Швајцарија не се продаваат, а немаат ни официјална странска страница на интернет. Кај нас почнаа да ги препорачуваат бидејки педијатрите се договорија новороденчињата да примаат к1 витамин плус д3 по раѓање, па babytol се единствените што имаат таква комбинација без друг додаток.Ова ми е сигурен податок од педијатар.
Јас мислев за бебиња се овие само... Јас на бебево давам вакви ама без омега, што се случило, каква случка? Не сум во тек, не сум видела.. Едит: Ми кажа Кристина
@kristina.k добра информација, и така ми се при крај да земам нешто друго. Овие ми одговараа оти можев на двете да ги давам ама ајде ќе прашам во аптека некои други да ми препорачаат. Ние пиеме без К вит оти сме на адаптирано. А големава пие само зимно време. Ај сега препорачајте некои други што можам на двете да ги давам. Освен Вигантол
А зашто не Вигантол? Можеш д3, но воден раствор.. ваљда сеуште има такво нешто, имаше синко кога беше бебе, знам ако вигантол се даваше 1 капка, од водениот раствор 2,3. А др за маливе бебиња нема баш.. за поголемиве има, д3 има и во пиковит. За големата би ти го препорачала Медекс сирупот Омега-3, го пофалив прееска, мн убав.
Работата е што на големава нема шанса сируп да и дадам, не ми голта таблетки, мора да е нешто што се џвака. За капки треба да се молиме да легне да и капнам, многу е комплицирана . Ај ќе пробам со Медекс сирупот ако е вкусен да се убедуваме за пиење. А на малово Вигантол, тоа е.
Првиот пат ке ја натераш, за да го проба, после сама ке ти бара стварно е мн сладок.. а водениот раствор можеш во малку вода, сок, чај...
За 4u farma zboruvas? Pa i bimunalot e nivni a epten go forsiraat kaj nas a ne e ni eftin, a kapsulive pa kolku gi firsiraa koga bese bebe malovi jas prvite 2,3 nedeli i gi davav pa svrtev na vigantol. Sega imam bimunal a ionaka mislev da go dopie ne i zemam veke, sega uste poveke me ubedi. Si nabaviv med so mlec ke teram so toa samo
@M&M да за таа фирма, и јас мислев од Швајцарија, ама потеклото било од Полска. Ги форсираат сите педијатри нивните производи многу.
абе многу добро знаеме зошто доктори форсираат одредени производи, па и ценине што им се . Дефинитивно не купувам второ шише. У напад на паника по препорака на дежурен доктор го купив
И педијатриве-сите различно зборат. За малото пак матичнава не упати на ортопед кога почна сама да оди,меѓу другото и матичната и ортопедот ни рекоа дека д3 капки е доволно до 1,5 година. И јас престанав. Еве читам дека сеуште давате. Сега страв ме фаќа оти не сум и дала веќе година и пол
Д3 давав до 8 ми месец. Потоа видоевски рече коските се оформени нема потреба. зимно време само се дава до 3 год.