И јас ја следам дискусијава деновиве, и му викам на маж ми какви никакви родители сме, не даваме Д3! Па го фатив во небрано и вчера купивме Вигантол А се сеќавам дека и нас ни рекоа и минатата зима дека нема веќе потреба. Ништо...не го ни отварам Вигантолот. Лани зимата давав Пиковит, сега ништо, повремено ако не заборавам едни таблетки за лижење на Форевер производите. И во нив гледам има Д3. Изгледа џабе паника си правам
Д3 се дава додека трае растот и развојот на организмот, значи сигурно барем до пубертет, во зима. Мене ова и ортопеди и педијатри ми го кажале. И нас, како возрасни, ни треба Д3 во зима. Јас си пијам скоро па редовно, и на децава им давам. Докажано е дека помага превентивно против депресија која често се јавува во зимските месеци. Не е само за коските.
Zosto da legnuva i da i kapnuvaa vo usta? Kapni i na lepce ili slicno i daj i da go izede. Mirna glava. jas taka pravam D3 do 3 godini od koi 1 godina bez pauza a po godinata pauza od maj do oktomvri. Bitno e za rastot i razvojot a i za mnogu drugi raboti. Ortopedot duri vika i nie da pieme isto kako sto pisa Antah ama aj malce sum nemarliva koga stanuva zbor za mene. Po 3ta godina se odi so drugi suplementi
Ајде Д3 во ред иако и јас не давав после втората година. Сега ќе почнам. Ама зошто други суплименти? Сестра ми која не живее во Мк не дава ништо, ни Д3 мислам. Таму не даваат ни сирупи за имунитет. И за витамин ц за деца треба рецепт. Зарем не треба природно да се внесува? Јас ништо не давам, освен понекогаш Провен. Знам дете што пие се и сешто, од пробиотици до сирупи за имунитет, па постојано и почесто е болно. Јас сум против секакви вештачки суплименти.
И јас не давав ништо до сега, исто не сум многу за вештачки суплементи кај дете, ама бидејќи се смета омега3 битна за развој на мозочето, а не јаде риба моево сакав да надоместам некако. Барав и која друга храна ја содржи и се од тоа слабо или воопшто не јаде.
И моето не јаде риба, па затоа ете ќе зедам Омега3 и Д3. За друго сметам дека нема потреба кога внесува преку храна.
За Витоси ова го пишува: Vitosi се меки масти за џвакање со омега 3 и витамин Д3 за подобро учење, меморија, концентрација и имунитет наменети за деца над 3 години. Содржат DHA, која придонесува за одржување на нормална функцијата на мозокот и нормален вид; Содржат витамин Д кој придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, придонесува за нормално ниво на калциум во крвта и нормална апсорпција / користење на калциум и фосфор. Придонесува за одржување на нормална мускулна функција и е потребен за нормален раст и развој на коските кај децата. Предности на Vitosi: Имаат одличен вкус на портокал (без вештачки ароми) и не оставаат непријатен вкус на риба во устата; Не предизвикуваат нагони за повраќање; Без шеќери, глутен и лактоза; Овозможуваат подобрена комплијанса на пациентите; Овозможуваат до 44% подобра апсорпција на омега-3 во однос на други препрати; Нема потреба од вода. Vitos не се резервирани само за децата, туку во нив можат да уживаат и возрасни кои консумираат риба помалку од два пати неделно. Докажано е дека ниското ниво на омега-3 масни киселини, исто така, може негативно да влијаат на менталното здравје. Поточно луѓето кои не јадат риба и морска храна, се изложени на поголема веројатност да добијат депресија, биполарно растројство и пост породилна депресија. Со зголемување на дневниот внес на омега-3 масни киселини преку додатоци во храна, овие состојби може да бидат успешно третирани. Како се употребува Vitosi: Препорачана дневна доза Vitosi е една мека пастила на ден, да се растопи во уста. Ќе пратам и фотографија. На PharmaS капките се исто добри PROBalans Baby тие се со Д3 и пробиотик.
И јас до 2 год давав д3. Оваа зима го купив сирупот на Медекс и едвај го испи шишенцето, зашто моево дете сок не пие, а сируппт е многу благ и пишува дека се раствара. Му давав и Провен од кој сум доста задоволна, мислам дека конечно се среди цревната флора зашто до сега моето дете не знаеше да подждригне, и многу често повраќаше. Сега давам само ацерола, и оние мечињата со калциум и вит д( ни ги дадоа на поклон) Прскаме спреј Прополис на Галафарм. Многу е јак едвај му прскам, кажете ми искуство со деуг Прополис да го сменам? Добро би било да отвориме дискусија за тоа колку храна е потребна за доволен внес на витамини во организмот.
Ок, се' тоа го има онлајн да се прочита. Мене ми треба листата на состојки, каде што се набројани што се' содржи препаратот,од главни до помошни состојки. Затоа те замолив да ја сликаш задната страна, каде што обично го пишува тоа. Ако е проблем една слика, ќе одам во аптека, ќе побарам да прочитам.
Za omega 3 i omega 6 zemete si maslo od repka, ama da e bio obavezno. Vo rucekot mesto maslinovo ili puter. Em zdravo em vnesuva omega 3 i 6 i vit E.
Имаше коментари дека нема био тука. Освен тоа во дм. Кај нас нема дм, немам ни во поголемите маркети видено.
Биокулт има само во Скопје. Ако е некој од друг град за жал тешко се наоѓа какво и да е „необично“ нешто.
И јас исто не сум сигурна од која возраст може да се користи прополисто и се согласувам дека треба да отвориме дискусија за витамини, од која возраст кои витамини да се употребуваат и како
мајки ајде малку помош сакам на ќерками да и го сменам шампонот до сега го користевме џонсон ,барам некој кој ќе и ја зацврсти косата ,и полесно ке ја расчешлува .постои ли некој таков и ако го има каде да го барам
Бебешките шампони сите ја заплеткуваат косата. Преминете на детски шампончиња. Баш имав пишувано за едно шампонче (но незнам во која тема) за Корин де фарм со слика на Рапанзел. Нас ептен ни се погоди шампонов, ќерка ми е со долга коса и ептен имав проблем со расчешлување.
Од кај е изворов дека е добро за ОМЕга 3. Јас се заинтересирав ама од тоа што го читам освен рибино масло ниту еден друг извор не е баш споредлив. На пример за маслото од репка прочитав дека има и Омега 6 и кога телото треба да го претвори видот на Омега 3 во двете киселини што всушност требаат за развој на мозокот (EPA и DHA) не му е лесно заради тоа што телото полесно искористува Омега 6. Наводно во ваквите масли (кои не се рибино) има ALA форма на Omega 3 која треба да се разложи на другите две компоненти, а Омега 6 го спречува тоа. Се мислев да купам масло од репка затоа прашувам.