И јас вака знам, не дека детето може да пренесе. Но почекај уште неколку дена, кај нас даде реакција после десетиот ден, имам пишувано. Уште неколку дена не го изложувај.
Не не домче сме си, за секој случај пазење до крај на викендов.. денес 11ти ден, бар две недели не сакав да го изложувам.
Керка беше до радтечено носе и кашлица околу 10-тина дена..Утрово кога стана се напи млеко и почна да поврака шлајмови само..Сега е весела игра ретко закашлува..Дали да ја носам на лекар или добро е што поврати..Едни ми велат носи мм вели така ке се исчисти..Совет..?
Ако е весела и нема други симптоми јас не би ја носела по лекари. Со толку вируси што се шират сега може поголем проблем да си направиш. Ако продолжи да повраќа тогаш би мислела за лекар. Вака ако само шлајм ифрлила супер. Се сичистила од тоа што и сметало.
@Mashaaa ми помина времето за редактирање..Сега гледам не ми е стигнало известување уште два месеци ке полни 3години..
Витоси земавме ние, за деца од три до пет години а може и поголемки и возрасни. Јас ги пробав многу се вкусни Витоси се со Д3 и омега 3, со вкус на портокал
Мајки совет ве молам. Од понеделникот поткашлува , до вчер качуваше тт до 37,5. На два пати качи над 38,5. Бевме на преглед, грлото не е црвено, плука чиста, од носот се слева вика др. Овие денови сме со хербион и инхалации. Превентивно направив брисеви. Резултатот вика стрептокока пнеумонија во носот. И го покажав на матичната ни даде антибиорик локално т.е капки цитерал. Значи од вчера нема тт и многу малку кашла. Исправно ли е ова, ваше мислење.
Мајки на малото му беше пред неколку дена зацрвенето окото, горниот капак. Сега го заприметив му се има формирано како топче горе внатрешно напред кај каналот до помалку од пола капак. Не знам дали е јачменче, не делува дека го боли, не се има пожалено. Ќе го носам понеделник на доктор, но ме интересира што може да е друго, многу се исплашив? Имав и јас пред неколку месеци вака, ми стоеше подолго време и само се изгуби, само не знам дали е исто.
Истата терапија и ние ја имавме кога имаше стрептокока во носот, тие капки ги дават на сите,па не гледам ништо страшно ако му ги ставаш и на мојава и беше одма подобро од нив, престана да кашла
Ги ставам капките, не е проблем тоа. И пред два месеци имаше друга бактерија во носот и тогаш ги стававме. Во дилема бев да не треба да пие антибиотик на уста. Инаку со капките, сируп за кашлање и инхалации со физиолошки и проспан од средата наваму е многу многу подобар. Нема тт, скоро и да не кашла, ни ноке ( инаку ноке беше најголемиот проблем). Но сега малото е со тт, час крева, час спушта.
Па мислам дека за бактерија во нос не дават антибиотик преку уста само локално, а може и некој вирус сте закачиле па сега малото да го прифатило. Со помин да е, и ние пред две недели дома сите бевме болни со вирус 40 тт и страшна кашлица, ништо не ни дадоа само инхалација
Мислам дека се работи за масно ткиво. На син ми му излегуваа такви 2,3 пати, го имам носено и на очно и ништо страшно. Поминуваат со топли облоги и крема тобрал (кај нас не знам дали ја има). Додека го види доктор ставај му само топли облоги, ако не дозволува пробај кога спие. Ако не се третираат со време знаат да стојат и со месеци.
@Monella вчера бевме до Еурофарм за друго и го виде фармацевтот, ми даде хлорамфеникол да пробам да ставам неколку дена. Се мислев дали да го мачкам, ама сношти сосема му ставив и денес имаше жолт секрет напред ко стана и малку му е намалено. Како да истече нешто. Ако не помине ќе го однесам сепак. Фала ти за одговорот.
Мајки дали некоја од вас имала искуство со др Мери?? сакам на малата да и ги исчистам ушните и носните канали
Здраво мајки можеби не ми е текстов соодветен за темава ама не видив друга слична тема се извинувам ако малку сум ја погрешила темава вака ќерка ми има 6 години и веќе неколку дена почна меѓу нозете да се чеша и понекогаш кажува дека ја боли од надворешна страна нема ништо ни црвено ни бубалици ќе ја водам налекар да проверам да видиме до шо е дали некој случајно се соочил со вакво нешто.
Направете уринокултура, да не е некоја бактерија во мокрачата. Тоа што ја боли е мочниот канал најверојатно, при уринарни инфекции знае да боли, пецка. Нека пие чајче, повеќе течности за да мочка повеќе и да избегава благо, се додека не ви бидат готови резз. Па ако е бактерија, ке си пие антибиотик..
Мајки ве молам некој природен лек за сува кашлица..По цела вечер неможе да спие сега и поврати..Ниту сирупи ниту антибиотици ништо не помага се е во ред но кашлицата е присутна..Се преполови детево..
Многу да не ви е топол и сув воздухот дома? Да не ви треба навлажнувач? И дали си пробала со сируп за алергија? Можеби е кашлица од алергија. Баш золва ми кашла периодов и пие апчиња, само така не кашла.. ден да заборави се корне од кашлање.
@mariz а како да откријам дали е од алергија треба некои испитувања или само да земам сируп за алергија