Корекција кај дете ретко прават, се чека да заврши растот и развојот. А дали девојчето не сака да оди со собрана коса, или ти имаш комплекси кои и ги пренесуваш? Оти ако девојчето нема никаков проблем со својот изглед, немој ти да и ги пренесуваш своите фрустрации од физичкиот изглед, бидејќи ќе и ја намалиш самодовербата. Инаку, мислам дека не може да се прави пластична операција до одредена возраст, но тоа најточно само доктор ќе ви каже. Имам внук што некаде на 12-13 години се оперираше, а мислам дека го советуваа да почека. Но не сакаше да чека.
Не нема никаков комплекс ниту јс ниту детето но комплексите ги добива од другите деца кои на нејзина смртк кажуват шеги понекогаш внукти каде ја правеше операцијата и колку го чинеше јас имам слушнато дека корекција се прави околу 7и 8 година додека рскавицат е помека
Искрено, немам поим колку чинеше, ниту каде ја правеа. Не знам да ти кажам кое е најдобро време, на нет среќавам дека е од 4-14 години. Децата како деца секогаш ќе кажуваат шеги, сите сме поминале низ тоа. Ако девојчето нема проблеми со тоа, односно не се чувствува засегната, исфрустрирана или искомплексирана, подобро немој да ја малтретираш со операција. Инаку можеш да се консултираш на клиниката за пластична хирургија во Скопје, на други места не знам каде прават.
Каде ги има и која цена се? Прочитав дека имаат до 44% подобра апсорпција на Омега 3 во однос на рибино масло.
што значи покачена седиментија кај 2 годшно дете? Другите вредности се во ред дури и хемоглобинот го средивме
Мајки на поголеми дечиња кога прв пат ги однесовте во театар или на некој претстава? Знам дека е индивидуално колку ќе ги интересира ама сепак треба да имаат и некоја минимум возраст за да може да им се задржи вниманието и да разберат (колку толку). Некое искуство?
И двете ќерки ги носев на детска претстава пред навршена втора година, и двете се исклучително живи деца но на претстава си седат мирни. Мислам дека за се` е најважно да ги подготвиш со време, две недели пред да одиме им зборев за театарот, дека таму е многу интересно, но дека го исклучуваат светлото и единствено е осветлена бината, а публиката во која се воглавно деца мора да биде тивка и внимателно да слуша. За време на претставата си ја држам ќерката во скут и се` и објаснувам, доколку од нешто се исплаши, гасењето на светлото и на двете им беше чудно, но кога ќе ги спремиш со време подобро го прифаќаат. Мене Пипи долгиот чорап ми е супер за прва претстава. Веќе на второто одење и двете си седеа сами на столче и без проблем ја следеа претставата.
Внук ми од полни три го носев и обожаваше да оди, моево во јуни ке прави три, ама мислам не е уште за театар. Ке направам обид околу третата година, но сепак мислам не е спремен. Се е индивидуални.
Инаку моето беше неколку дена пред да наполни две години прв пат на театар на претстава за деца. Се било супер само морале да излезат со татко му кога се појавил Дедо мраз на сцена. МОжеби затоа што сите деца околу почнале да викаат или зашто не го сака баш Дедо Мраз. Како и да е мислам дека беше малку мал за театар. Од есен би пробала пак.
Ќерка ми првпат ја однесовме на детска филхармонија кога имаше една година. Го исслуша скоро цел концерт. Сега сакам да пробаме и со оперите за деца во МОБ. Некако мислам дека се мали за да ги разберат детските претстави, а на музика сите се радуваат.
Мислам дека прв пат ја однесов лани на Поточиња ,немаше ни 2,5 години и беше многу среќна и иседе до крај,си играше си пееше.После тоа бевме и на Златно славечје ,на претстава точно на три години во Драмски,и на детски балет во МОБ,балетот посебно ја заинтересира и го изгледа со внимание до крај.Си седеше кај мене во скут и и ги објаснував сцените,а и она сама си поврзуваше од приказната што ја слушала. Сега сакам и на филхармонија за деца да ја носам некој нареден настан,па да видиме дали ќе ја нтересира да слуша
Ви благодарам за споделените искуства. Решив ќе пробаме една претстава во театар за деца и младинци па колку ќе седи толку, нема да знам додека не пробам. Е сега претставиве за викендов ми изгледаат малку како за поголемки (Волшебната флејта и Дванаесетте месеци) а и место има само во последните два реда, па ќе почекаме нареден викенд. Барем понапред да седи за да може да гледа. Ќе се пробаме и на некој фестивал, не знам кој е следен Поточиња или Златно славејче, ама едвај дочекав да е доволно "голем" за такви настани.
Е видиш ова не го знаев. Фала многу за информацијава. За некој месец 3 год. Читајќи ве можеби сум требала и порано да пробам ,ама сега имам впечаток дека е тајмингот прав. Се гледаме на Поточиња.
Мајки кажете што да превземам за конјуктивит? Да ја носам на лекар? Почнав Торбекс капки да ставам затоа што утре ни е матичната втора смена па да не чекаме толку.. Друго?
Јас ја бришев со памукче натопено во млака вода. Никако камилица, оти може да е и алергиски па полошо да направите. Ако од капките за ден-два нема подобрување, сменете терапија. Може да е алергиски конјуктивит (кај мојава најчесто во лето се јавува) и Торбекс нема да ви делува. Секако нека ја види матичната.
Дали после 3 години децата ја преспиваат цела ноќ односно го регулираат ноќното спиење. 11 месеци сме будни по неколку саати ноќе па дали има надеж
Individualno e, ne znam od kade ti e ova 3 godini, nekoja studija? Mnogu deca uste od bebinja ja prespivaat. Sin mi e 20 meseci a ja prespiva nokjta vekje cela godina. Se slucuva da se razbudi nekogas, sonuva ili pak od zabi ama ne sedi buden