Ке ја носам обавезно. Денес дури и се отечени очињата.. Не верувам декa е алергија, може од градинка да ни е но ај ке бидиме што ќе каже доктор. Фала мајка @gjoker4e мојава од бебе се будеше на пола час, а сега има 3.5 години и се буди 2-4 пати зависи. Намали со будење откако и исфрлив млеко. Не се жалам, сега сум наспана или пак навикната . 2 пати во ноќта јас одам кај нејзе во соба за да ја покријам Тоа е мајка
Поздрав мајки.Не знам што да правам,некако сум испаничена,па си помислив можеби би ми помогнале.Пред две недели дојдов во Франција,тука ќе бидам уште еден месец,а малиот(3 г.) закачи темперстура во петокот навечер.Уште од Скопје,му земав блокмакс,мукоплант да ми се најдат за секој случај.Добро,се намали температурата,ама утредента почна да кашла,му дадовМукоплант за искашлување,ама се приметува дека има шлајм,оти никако не го исфрлува,не разбира.Вчера ми изгледаше подобар,ама еве денес стана плачејќи,се жали на болки во увото.Ова му е прв пат да го болат уши,и само вриштеше.Му дадов пак Блокмакс,еве сега заспа.Многу се загрижив некако,да го носам по доктори тука,не ми се даваат толку пари,а вака пак,не знам како да стигнам до антибиотик,само тоа може да му помогне изгледа.Некакво искуство да поделите слично?
Немате осигурување? Со ушна болка и инфекција нема зезање, јас мало дете не би оставила без да му ги прегледаат ушите.
За болки во уво обавезно на лекар, немој да чекаш. @Asja @gjoker4e големава од 9 месеци ја преспива цела ноќ, понекогаш (ретко) се буди за млекце и одма презаспива. Сега има 3 год Малава ( 3 месеци) се буди два пати ноќе ( сега за сега ) Секое дете е различно.
Повеќе би го поврзала моментот кога ќе прекинеш со доење, тогаш престануваат да се будат навечер. Инаку на три часа до 12 месеци се будеа за доење, потоа знаеа да сврзат 6 часа понекогаш . Незнам дали доиш или не, секако не пали светло дај му да цица на бебето, малце галење и после создади најдобра атмосвера за спиење. Мене ми беше најтешка првата година, цицањето прави да се будат почесто на поголема возраст мислам дека повеќе сакаат да се галат и да легнат до тебе отколку самата потреба за јадење. Ама ако не дозволуваш станување, туку неколку ноќи по ред веднаш после млекцето кажеш дека е време за спиење би требало да прифатат (моите спиеа со мене кога сакаа, јас и мм немавме проблем со тоа). Се разбира се е индивидуално, од повеќе работи зависи. Имам другарка која навечер кога ќе се разбудеше бебето му пушташе цртани - што за мене е огромна грешка. Му тече ли носето? од напорот при дување на носето се полни ушниот канал со секрет и тогаш се јавува болка од притисокот кој го создава секретот. Затоа немојте често да го терате да го дува носето туку само бриши му го или со пумпица вади го секретот. Ставај загреана сол во памучна вреќичка и држи му ја на увото. Ако болката продолжи утре носи го на лекар.
Веке ти одговориле некои членки, со уво зезање нема. Од мајки што сум слушала, уво без антибиотик не поминува. А боли многу. Посетете лекар. Се надевам ќе помине брзо...
@gjoker4e Тоа зависи од детето. Исто има улога и дали го доиш. Навечер, ако имаш воведено вечера давај му за да го држи да не е гладно и да спие. Еве мојата од 5 месеци ја преспива цела ноќ без проблем. Знаеше и да сврзи 11-12-13 часа сон. Сега сме 2 год и 3 месеци и си спие без проблем.
@gjoker4e Моето никогаш не беше и не е некој спијач. Сам се одби од цицање на 10 и пол месеци па после почна да бара млеко еднаш ноќе. Некогаш бараше и само да го допрам, гушнам и слично. Сега на 2 години и неколку месеци нити бара млеко нити ништо ама знае да се буди по неколку пати ноќе понекогаш. Некогаш бара вода, некогаш само цуцла. Некои деца се едноставно такви. Ах, најново сака да спие скроз непокриен, малку ако му е топло се врти и превртува додека не се открие потоа е помирен. Вадење заби е исто поврзано со често будење ноќе кај нас.
Да со тобрекс најчесто поминува за два три дена,ама сепак треба до крај да се истера терапијата и навечер хлорамфеникол маст.Јас веќе си знам од градинка фаќат најчесто и таа ни е терапијата,ама сепак однеси ја на лекар ако не си сигурна.
@gjoker4e моево почна да преспива кога ја одбив од цицање на 27м. Бараше мчеко во сред нпќ шрвоте ден два, издржав некако не и дадов и почна да преспива по цела ноќ. @Asja однеси ја на лекар, ако имаш патничко осигурување и да не може директно да покријат би требало тук да ти вратат пари, чувај извештаи и сметки и ако можеш пријави во осигурувањето на тел.бр што ти е назначен за контакт за да не ти прават проблем со враќање. Гледам сега дека каснам многу така да сигурно сте завршиле работа до сега
Мајки од вчера керка ми е со затнат нос..Синока качи тт дадов блок макс и се симна повеке нема качено..Очите и се жар црвени и и течат па плаче зошто и течат..Знаа да дува нос но неможе некако и е затнат а и тече незнам и јас како да објаснам..Не ми се носи по доктори да не закачи плус уште нешто во вирусиве сега..Инхалирам друго што би можела да направам..По цел ден плаче од што не и е добро
Мојата е таква една недела. Затната, очињата и солзат но првите три дена и течеше зелен секрет од нос цело време. Ја болеше и грло првите две ноќи. А сега дува неколку пати во текот на денот. Ми дадоа оперил П за пред спиење но и тоа баш не помага кај нас. Мислам дека и е активиран третиот крајник. Чекам термин за на уво нос и грло. А утре планирам и брис да и направам, ова со зелениов секрет некако ми е чудно.. Давај многу течности, навечер кромид исецкај, чист лимун. И јави се кај педиајтарот на консултација може ќе ви дадат и вас некои капки. Мајки сакам д аи земам на малата наочари за сонце. Што мислите дали очилава од Окаиди се добри? Ми рекоа дек асе со заштитен филтер но да не и го расипам видот ми е страв. Евтини се накај 800 денари, а по оптикиве се над 6000 денари. Но мало главче има и и се големи сите, плус знам дека ќе ги скрши. Ич не пази...
@chocolade ти благодарам многу нејзе секретот и е прозирен воден..Иначе баш вчера влегов во аптеката Еликсир и се загледав во наочарите за сонце имаа доста избор и детски само за цена не прашав
Наочари има насекаде детски но не знам кои се добри за видот. Сакајки да ја заштитам од сонце, да не и расипам вид. Овие по оптикиве брендираниве знам дека се ок, но мала ми е за такви. Крши се што ќе фати За секретот не знам што да ти кажам, давај витамин Ц тој помага за носето. Па се надевам ќе помине само од себе. Со помин и со лесно
Ние имаме наочари на Chicco. Не знам колку ги купивме ама не беа нешто прескапи. На нив си пишува дека имаат заштита и дека се сертифицирани. Пластични се целите па не се кршат. Инаку му стававме од тие на Chicco од 7 месеци а натаму кога го однесовме првпат на езеро, а потоа и на море. Му ги ставам и на планина кога одиме заради снегот.
Знам почесто од мене се занимавате со настинки и вируси. Кај да носам денес дете ама и крвна слика да и ѕирнат 2дена до 39 на 6часа качува. Има шанси за ЈСандански или ич да не губам време.
Може веќе сте биле, ама чисто како информација да ја знаеш, на детска клиника во рок од 5 минути се готви резултатите. Вчера го носевме син ми, исто за висока температура, не се задржавме повеќе од 15 минути.