I mojata ic ne go sakase lekoklarot deka kako granuli ima ama se zalazvavme od ko ke go ispiese odma sokce i davav i taka nekako go pievme
Со шприц, ако не сака нема друг начин. И јас порано само така успевав, сега веќе прифаќа и со лажичка од што има уплав од шприцот
Пак јас дали Недела зимаат крв..Не сум од Скопје но ако знае некој да ми каже..Керка пак цела вечер со тт цела се поти незнам колку пати ја пресоблеков само плаче ладно мине па после една мин жешко ми е и се така во круг..Уште спие нема тт сега но главата и е цела водена испотена..Да стане и ке ја носам ама незнам дали земаат крв
Ќерката е тука некаде со возраст и исто, понекогаш оди на прсти. Нас не советуваа да ја предупредуваме да престане кога ќе приметиме и да прави вежби за истото побргу да го надмине. Истото вроди со плод и има подобрување. Инаку кај нас е неуспешно и со шприц... Да не навлгувам во опис на ситуации и пто се не пробавме. Не и не. Последниот пат го дадовме во сок. Се надевам делуваше оти инаку беше неизводливо.
Па нели одењето на прсти е клучно за правилно развивање на стапалото? Кај нас ортопедите советуваат да се остави детето, за стапалото да добие правилен лак одоздола. Големиот не одеше на прсти, само пред да прооди, и сега има рамни табани како резултат на тоа. И генетиката игра улога, ама одењето на прсти е еден од клучните фактори за развој на стапалото. Ортопедот ни кажа дека рамни табани и не се така страшни, дури сега и се сметаат за варијација на здраво стапало, оти премногу се чести во популацијата. Утре сме на ортопед за малово, баш ќе препрашам.
Taka e. Na kontrolata na 18m ni rece ortopedot da go terame doma da odi na orsti radi oravilen razvoj na stopaloto. Ne go teram, sam si odi ponekogas.
Мислам дека Дани е во право. И мене последниот пат во Букурешт ме прашаа дали цело време оди малата на прсти. Јас реков не, само повремено. И мислам дека рекоа ок, во смисла што помалку тоа подобро.
Ако повремено оди на прсти не е проблем, ама кај дете кое цело време гази на прстиња, на едната или на двете нозе укажува на проблем и треба да го види ортопед. Ако ја однесеш на дежурен во болница и со упат од педијатрија ќе и земат крв.
Не знам што да речам... Така ни кажаа, така правиме. Кај нас големата најнормално прооде, но покасно, од радозналост за да види што има на маса или кога сакаше да зеде нешто што е на повисоко, започна да се поткрева на прсти...и навиката зачести и се влошуваше. Нема рамни табани, но ни нагласија дека може да се оштетел или погрешно да се развива некој дел (на жалост не сум најкомпетентна за превод на стручните термини). Претпоставувам дека дискутабилно е што е повремено, ако еднаш два пати на ден гази секако дека не би било проблем, но доколку е во повеќе наврати, тогаш да. Кај нејзе констатираа и малку послаба мускулатура, односно опасност за истото поради ваков од, па препорачаа да спортува и поголема физичка активност. Со физичката активност и најарзлични вежби се зајача мускулатурата и еве, се намалува и одот на прсти.
Видоевски објасни зошто децата оделе на прсти. Нормално било, мислам дека е во врска со стапалото. Син ми одеше на прсти и да има нормално стапало.
Сега баш читав на интернет и пишува дека до две години не е загрижувачки доколку детето оди на прсти. Но после втората година ако постојано оди на прсти тогаш може да е знак на кратка тетива (ахилова жила), на мускулна дистрофија, церебрална парализа или аутизам. Баш ме интересира што кажуваат докторите кај нас. @Annath кажи што ќе ти кажат. И јас следна прилика ќе прашам подетално.
Јас дефинитивно ќе прашам денес кога ќе одиме на преглед, попладне сме закажани. Но да, се сложувам дека не е нормално цело време да гази на прсти, ама повремено мислам дека нема проблем. Во однос на скратувањето на мускулите, големиот има скратена задна ложа и ортопед препорача само вежби за истегнување. Се случува поради нагло растење на коските, а мускулите не растат со исто темпо. Затоа се јавува тоа.
Во разговор со дефектолог, кажано ми е дека повремено одење на прсти е во ред и исто препорачливо за формирање на сводот на стапалата. Доколку детето поголем дел од времето или цело време оди само на прсти, се зема како индикација за можен проблем. Видоевски на последна контрола ни кажа дека треба повремено да се подига и оди на прсти, на пр. кога сака да досегне нешто.
Некогаш претеруваат тука . Да, опасност од скратување ни рекоа, да ја масираме позади жилата и да спортува за да зајакнела.
дали му викате(ги карате) вашите деца? ете некогаш од толку немирна шо е, знам да и се развикам па после да ми биде криво. ама па на глава знае да се качи.
Најискрено не. Само негативен ефект би имало кај мојава. Зборам објаснувам учам. Доколку и тоа не упали, она си тера по нејзино, тогаш ќутам. Сама сфаќа дека згрешила и не и е сеедно дека сум лута, па она иде и се гали и извинува.
Poznato e deka mnogu cesto ili postojano odenje na prsti ukazuva na mozno imanje na nekoj zdravstven problem. Fizicki ili psihicki.
Не знам колку ми е за тука прашањево, ама темава ми се виде најсоодветна. Какви велосипеди им купувате на дечињата (со помошни тркала) И од каде? Цени? Ние гледавме во Вучко и во Агротехна. Исти ми се видоа во квалитет, а цената скоро дупло поскапа во Вучко. Предлози каде на друго место да разгледуваме?