Син ми оди на прсти а е веќњ 8г. Се имам консултирано со повеќе ортопеди, никој не ми укажал дека е некој поголем проблем меѓутоа да го потсетуваме да пробува да гази на цела нога. На последен преглед ни кажаа дека има затегнати тетиви и дека може понатака да има проблем со рбетниот столб поради неправилно држење на телото. Инаку може да има голема врака и генетика, јас одев на прсти може некаде докај 9, 10г, и брат ми исто а и сопругот мој одел до некоја помала возраст исто на прсти. Му збориме нонстоп, ќе пооди малку на цела нога па ќе се заборави и продолжува пак на прсти, меѓутоа се надевам дека уште некое време ќе се одвикне постепено.
Ана агротехна имаат макс и би требало да се посоодветна цена но можеш да видиш и кај пластичарите посебно ако е големината за некој пократок период 1 до 2г, ама пак гледај да е барем на max бидејќи за 2роденден доби некој понеквалитетен кинески кој на лик беше супер ама за 1 месец буквално се распадна. А max се добри и релативно евтини Ние на големиот му земавме на 2 пати capriolo првиот го возеше од 4 до 7г па му го земавме поголемиот на 7 и мислам дека минимум 3-4г ќе го вози. Само се малку поскапи caprioloto. Ако се решиш за вакво нешто разгледај по интернет: bike market, bike center, capriolo mk, има еден куп места каде што продаваат точаци и има разлика секаде во цените и плус може да видиш онлине каде има нешто на акција
Фала ти. Мене на Макс ми се видоа ок и со цена и квалитет, ама маж ми сакал поквалитетен А не ми се дава повеќе од 3-4000 за точак кој ќе го вози максимум 2 години. И дали ќе го вози којзнае Ќе ги разгледам и овие продавници што ги спомна, па ќе видиме.
Ние не сме имале макс ама скоро сите деца во маалово имаат и се задоволни. Убеди го дека наредниот точак кога ќе потпорасне може да биде некоја по марка за да го вози повеќе. И мм е фанатик по точаци арно досега и specilized не му купил ама осеќам наредното тоа ќе е
За одењето на прсти. Само што се вративме од ортопед. Рече дека е пожелно и сосема нормално да оди на прсти до три години, па дури и постојано ако оди на прсти не е страшно. Клучно е за развојот на стапалата и формирање на сводот. Треба редовно следење за да се исклучи постоење на друг здравствен проблем, ама во глобала не е причина или последица на друг проблем.
Фала ти на споделеното мислење, добро е да се прочита дека повремено не е така страшно и не би оставило последици на стапало/мускули. Ние кој тренинг му удривме на детево со спорт.
Земавме упат направивме во државна. Сакам сега да прашам дали во Систина, Ремедика има добар доктор за ехо на абдомен кај деца? Прашав денес на детска клиника ми се испонаша една дека немало добри доктори приватно... Систем им падна чекав 4 саати и се мрднав, не сакам државно да правиме и да се изначекаме, лудило го фати дете денес.
Има, и баш ни ја препорачаа, ама ич не ми текнува како се викаше. Знам дека е постара докторка во пензија и прави ехо на абдомен кај деца. Мислам дека е ентерохепатолог, ама ич не ме држи за збор. Јави се во ремедика и ќе ти кажат. Мислам дека доаѓа секоја втора среда. Ни ја препорачаа две различни докторки, па некако им верувам, но искрено немам лично искуство.
@mariz Сега ме замисли Можно е. Ама со сигурност знам дека е постара, пензионирана, а можно е да е и професорка. Нас ни требаше пред една година, и педијатарката по телефон се консултираше со неа, не стигнавме до преглед. Ама еве сега вторпат друга докторка ни ја препорачува. Ја барав на страната на ремедика, ама ја нема, изгледа дека не е редовно вработена таму. Најубаво јави се и прашај.
Се јавив, закажав, ако не отидеме до среда на ехо ке одиме, ако не ке се јавам да откажам.. Стевка се вика инаку
Во Рес Хумана е докторката. Не сум била ама ни ја препорачаа. Кај нас сите резултати беа во ред освен тоа дека има зголемени жлезди во меше. Затоа и не го однесов. А на Клиника бевме кај Ацо Костовски. Не се вратив пак.
Матична ми е во Рес Хумана, од скоро сме таму, ама сега три недели е веќе во Америка, од наредна недела е тука, така да утре ке одиме ке прашаме за ехо да направиме таму ако може. А зашто не си задоволна од Ацо? Бевме кај него, он не препарати на други испитувања па со резултатите да одам кај него... само во петокот систем им падна на клиника и неможеа упат за ништо да ни дадат, крвни испитувања си направивме сами приватно... ни остана уште ехо на мешето и тест за алергија на млеко, пукнав веќе главата ке ми експлодира!