Арогантен и препотентен. Кај нас очигледно во прашање се тегоби од исхрана и нетолеранција. Ми вика ако го боли од млеко, не давај млеко, ако е од краставица, не давај краставица. После ги виде резултатите, фалеше само од фецесот за паразити, кажа нешто и ме откачи во ходник. Син ми го боли меше откако ќе се најаде и му се кака. Или од жлездите. Не се вратив на клиника. Оставив така. Во тој момент се појави проблемот со видот и баталив. Ама планирам еден преглед кај др во Рес Хумана. Она е во пензија и била најдобра на Клинка. Ехо инаку ќе ти направат на Радиологија, не гледа он, што стварно ми безсмислено. Што мака имате вие?
Крв во каките, темни крвави слузови. Не во секоја кака, ама во последно време се почесто. Тврда столица нема, нормална е... а доста крв, се гледа и со голо око.. Инаку почна и да се стиска, да не сака да кака, па пушта по малку во гаќи. Му викам те боли нешто кога какаш? Да мешето ми вика На газето нема ништо.. викаат хемороиди неможе да се, не се крварело толку од хемороиди, башка нема тврда столица. Сумљаат во полипи Чекаме резултати и од копрокултура, да не е бактерија и ни остана да провериме да не е и алергија на млеко..
Тогаш испитувај и терај до крај. Кај нас нема ваква клиничка слика. Син ми од пиење млеко столицата му беше бела. И дијареа имаше. Сега само со бисквити јаде. На ехо зарем сеуште не го видоа? Копро на Клиника или Авицена види. Напрај си ги испитувањата на Клиника и со резултати кај др во Рес Хумана кај Проф. Др. Стефка Грујовска.
Копро оставив на микро на клиника, резз вторник ке имаме. Не го видоа на ехо, систем им падна неможеа упат да издадат за ехо и чекавме 4ч таму, синчево лудило го фати и си отидовме, утре ке одиме пак. А докторот за прво упознавање океј се виде во петокот, не прими, убаво се не испраша, фин ми се виде па мене како и да е не останувам на едно мислење ако не откриеме што е работата...
Он е стручен, но се само двајца на цела Детска Клиника, па може и затоа се однесуваат така. Види што ќе ти кажаат и побарај си и второ мислење ако не ти е во ред дијагнозата.
Имам проблем си ќерка ми. Две и пол години е, си јадеше скоро де. Сега детето се смени преку ноќ, мн малку јаде, а пред спиење и во текот на ноќта пие се три пати млеко... Значи гладна е не знам што да правам само правам и фрлам јадење
Исфрли млеко преку ноќ. Голема е за да пие толку млеко. Инаку имаат периоди на нејадење, ама со млекото навечер, нема да се подобри.
Пробав но не знам како плаче вришти млеко и готово. Пробав со вода, но голема е, разбира.. А млеко си пие одсекогаш, но по едно шише и тоа башка вечераше , а сега по три дури и четири. Не знам како ,која метода да ја применам.
Нема да чуваш млеко дома. Драстично е, ама инаку не може. Посебно затоа што е голам и разбира. Забите лом ќе и станат од толку млеко навечер.
На јатрвата малиот беше иста приказна пиеше ако ти се верува точно по литро млеко во вечер.Почна да му меша пола млеко пола вода,па после третина млеко две вода и изгледа гадно му стана наеднаш престана да пие.Мислам детето ко надувано беше од толку млеко.Сега воопшто не пие.
Ќе вришти неколку вечери, нема да спиеш, ама после ќе јаде преку ден и помирно ќе спие. Мораш да издржиш и да не попушташ.
Мојата вриштеше 3-4 ноќи, потоа кенкаше уште 5-6. Вкупно за 10 дена се одвикнавме од ноќно пиење млеко. Но устата пена ми факаше од зборење, никако нервоза или викање кога детето вришти/плаче. Би ти препорачала да и дадеш и бекомплекс витамини, нас со тоа ни се врати апетитот. Поздрав..
Фала ви на сите.. Се мислам првин да и ги померам времето на велера за пола саат може и саат подоцна, и да пробам млеко од шоља, сега и зборував, па ќе видам резултат. Ќе пробам и да и го мешам млекото со вода да видам и од тоа дали ќе има ефект. Инаку и давав бкомплекс, па престанав, мислев ос тоа пие повеќе млеко, но сфатив дека не е до тоа па пак и дадов. Ќе видам па ќе пишам
Мое мислење е дека треба одма да пресечиш. Ова од мое искуство, кај нас немаше ефект намалување на млекото и мешање со вода, чај, само одложување на денот кога треба скроз да го тргнеме.
Може ми е смотано прашањево, ама се збунив нешто Интолеранција на лактоза и алергија на млеко е различно така? Две различни испитувања се?
Незнам искрено, многу сум исплашена. Копрокултурата е чиста... и ни остана само тестови за алергии на храна да направиме. Он е супер, ама си има крв во каките..
@mariz си пробала да водиш дневниче што јаде секој ден? Дури може да е и зачин некој што прави проблем. Кај малата така испадна, само поинаку се манифестираше. Ти пак направи ги испитувањата, ама пробај и води некаква евиденција колку можеш.
Еве пробав не давам млеко неколку дена, но пак има... еве сега какаше пак имаше лигави слузови со крв, цели каки му се лигави, но имаше каснато сладолед деновиве и сиренце малку.. Пак ке одиме на детска клиника со резултатите од крв, да видиме што понатака.. А он е супер, јаде, весел е, не се жали на ништо. Престанав да давам и Киндеримуно, во него имало лактоза, колострум од крава, па ке видиме како ке биде. Мислам и миризбата не е нормална, многу му смрди кога кака, цела куќа еве смрди како полско веце Дај боже да е од храна.. до вчера викав дај боже да е и бактерија, да не е друго пострашно нешто, но копрото чисто. Ке оставиме и три копрокултури за секој случај. Ме плаши и што барам искуства, се опседнав со ова и неможам да најдам некој со слично искуство и волку време крв во каки... И фала баш од денес ке запишувам што јаде..