Тогаш даваат антибиотик според антибиограм. Ако е со полесни симптоми, само малку растечен нос, тогаш капки или маст (мислам хлорамфеникол, ама не ме држи за збор, ни кажаа дека не ја оштетува слузокожата и е поделотворна отколку капките).
имаме веќе пие и аб ,него читам дека доста упорна и досадна бактерија е затоа прашав за искуство.Дали после една доза некој ја излечил или пиел повеќе?Ке прскам и ацидосалус од денес
седете таму. посигурни сте. Џојка ако прави компликации даваат антибиотик ако не не. Мојов од една доза се излечи што е за чудо
За најголемата? Брис не земаат од нос и грло да се исклучи бактерија? На плуќата како е, се исчисти? Најчесто повисоки леукоцити укажуваат ја бактериска инфекција, ама не се многу кај вас.
Јас би те советувала антибиотик плус локално Цитерал. Ние така ја излечивме. Само орално со антибиотик не сакаше. Зборам за пневмониа, пиогенис не сме имале во нос, само во грло.
Оф не знам прскај ацидосалус не е на одмет, после антибиотикот не знам ни колку има фајде па да правиш брис под антибиотик и лажно негативен може да биде. @danichap се надевам дека ќе бидете добри, штом ви рекле да останете може поарно бар додека не видат што е
Ацидосалус е демек заштита да не фати. Ко превентива. Баш кога почнав да прскам фати Абе нема лекарство кое е фалено а ги немам дома...
Леле и ние исто. Почнав Ацидосалус, по 10 - тина дена стрептокока во грло Ќе го дотрошам секако, може треба да се користи некое време за да има ефект
џабе е се. дур не створат имунитет се е џабе. еве од наш гледен аспект ќе зборам. 1 год на органска храна. Од кога е роден прима пробиотик. Од 12+ матичен млеч дефендил пробиотик ацидосалус и уште не знам што не сум дала а ми рекле е добро за имунитет. Може помага кај дечиња 3+. Не знам. Ама еве кај нас дали дека е помал и нема створено дефанзивен имунитет еве џабе е све. А да. Плус прополис прскам секој ден...
Леле Мариз, со помин нека е...до млекото нека е, барем ќе знаеш што да не даваш. Знам колку е тешко...и ние имавме еден период со слуз во столицата...едно 3 месеци лечење секако не фати (поужасен период сум немала...цело време по доктори)....кај нас вирус или бактерија беше, не откривме што до крај. Јас после една недела од кога почнаа столиците со слуз, ја ставив на строга диета и веднаш се среди (дури мислам дека и порано требаше на строга диета да ја ставам) и нормално + лекарства од доктор. Се надевам подобри сте сега....трпение само и трчање по доктори. Со помин кај сите нека е.
Неколку дена, едно 5 може немаше крв.. малку лигаво само, не давам млеко и млечни производи, а вчера пак крв и тоа парченца се како лигави мрсули ама темни крвави може со стапче да се фаќаат да се разнесат во нокшир, а во мокрачата не се раствараат... викаат дека и треба да се исчисти организмот од лактоза ако е од тоа, едно 10тина дена. Инаку сникерс пола изеде пред 2 дена, пола му го земав.. земал од кај прадедово доле во двор си јадел и не успеал да го излаже да му го земе... Не е лесно и особено по нашиве клиники, до сега требаше и да се знае што е проблемот, не само не акаат ваму таму, системи паѓаат, шетање по 4,5 саати.. и без никаква предност за деца.. хаос. Ама најдобро било за овој проблем државно да се одело, тоа е препораката.. инаку одма би отишла приватно..
@mariz обавезно и тест за нетолеранција на глутен да направите, многу често лактозата и глутенот одат заедно. Во Веро има млеко без лактоза, можеш да му правиш десерти и сладоледи од тоа, на вкус е исто. Кај нетолеранциите не е важно колку количински млеко ќе внесе, и една голтка млеко и една чаша ќе го имаат истиот ефект.
Да да си земав Алпско без лактоза и бадемово. Проблем е што сме во куќа и со доста луѓе.. ке треба сите да се кријат или ич да не купуваат ништо млечно. Јас ке направам сладолед од млеково и овошје, има пудингчиња без млеко со црно чоколадо, среќа па и си сака темно чоколадо и такво ке земам, не ни бил ептен по благото до душа. Инаку сиренце па сиренце деновиве, многу сака сирење и незнам како тоа да му го заменам...
Се имаме испитано.. денес ке зимам резултати од три фецеси, а еден чист имаме до сега. Инаку има прележано на 1год и 3м салмонела (и ние лежевме на инфективно) и тогаш една недела имаше крв поради еден куп столици во денот.. се надразни слузокожата од многу какање.. оваа крв не е таква Ова се цели темни крвави парчиња.. а нормална столица има, едино ептен му мириса кога е со крв!! Во несвест ке паднам од миризбата, цела куќа мириса од толку мало човече..