Собирам 3 за на клиника да оставам, а денес приватно оставив... @LiliBoz не не, не ни имаме дома таков зачин, никој љуто не јаде.
@mariz има ли шанси да се хемороиди? Знам дека е мал ама во денешно време многу работи не изненадуваат. Имаше скоро случај кај познаници, на синчето му пронајдоа внатрешни хемороиди, од таму било и крварењето во каката. Детето не е многу постаро од твоето.
Имало слуз или само чиста крв? Ми рекоа ако е само чиста крв е од хемороиди, а слузови крв не било од хемороиди туку баш крварење од подлабоко, од дебело црево.. не се раствара во мокрачата дури, парчињата со чеплалка за уши можам да ги земам и да ги развлечам од едно на др место во нокширот... цели се како крвави мрсули...
Не знам да ти кажам каква била крвта кај детето. Снаа ми исто го има овој проблем и вели кога и пукаат исто како да има добиено менструација, значи крвари обилно и плус има болки. Кога ептен е неподносливо користи цепови и апчиња против болка. Се надевам се ќе помине во најдобар ред.
Не ќе да е од хемороиди ова, оти свежа црвена крв е од нив, а по описов на @mariz детето нема проблем со тоа. Читам деновиве и се мислам што би можело да биде, не сум специјалист во таа област, и искрено се надевам дека брзо ќе најдете што е причина за крвави столици кај детево. Кога ќе се знае причината, полесно ќе биде и да се отстрани.
Највеќе ме плаши што прашав тука, прашав и во др групи и нема никој толку слично искуство и извадена сум од памет. Стигнаа резултатите од еден фецес, нема паразити и нема ламблија.., како и да е уште три државно ке оставам на испитување и ке видиме.. денеска одам кај матичната и да и кажам дека сакам приватно да продолжиме.
Не се плаши, битно е да видете што е, па потоа ќе лекувате. Неизвесноста е најлоша. Затоа земај и иди си на приватно, и се што треба. Колноскопија ваљда ќе треба. А јас се надевам ќе биде се во ред набрзо.
Дечкото е супер, но столиците се сеуште крвави помалку или повеќе. Закажав приватно преглед, приватно да правиме иригографија. По консултација со др. Стевка, обавезно рече да правиме иригографија.. а што ке рече др. Трајковски во Систина ке видиме, може и директ колоноскопија да прават.. бидејќи ако има нешто на рентген, ке мора пак колоноскопија..
Ехо му правеа, океј беше. Др. Ацо од Детска клиника и др. Стевка, двајцата се гастро детски доктори рекоа иригографија, незнам зашто баш тоа прво..
ПравИ што ќе речат и дај боже да е од некоја глупост. пишувај ни ве мислиме. Ако на ехо не се гледа крварење може треба погоре да бараат..
Јас пак си мислам да не е од храна.. ама морам пак да се тешам така за да не мислам па на полошо. Ке ви пишам обавезно, во пон сме на лекар таму, па ако му прават нема да чекаме многу, ке биде истата недела. Обавезно ке ви пишам.. фала ви Па кога го гледаа и реков на таа, а дебелото црево како е? И ми рече е тоа вака не се гледа...
иригографија се прави кога колоноскопија не може од икс фактори.Претпоставувам кај вас ја избегнуваат заради возраста.Не е ни малце пријатен преглед. не верувам дека има во горен дигестивен тракт крварење.Тогаш би имал црни столици(мелена ги викаат) .
@mariz и јас се надевам од храна дека е, ме пресече ко пиша дека пак има по неколку дена. Со среќа од понеделник, се да се среди.
@mariz и јас само да ви пуштам многу гушки. Не знам што да ти кажам ама на една бивша колешка синчето имаше полипи баш на таа возраст му ги открија. Му ги отстранија со колоноскопија и во ред си беше детето. Со неа изгубив контакт за да ти кажам нешто подетално. Како и да е се надевам дека брзо ќе го решите проблемот.
Мајки може не е заовде прашањево но се надевам ке добијам одговор..Дали има неккој случај на детето косата да не расте..Керка ми е 3год значи неможам да и ја соберам убаво од сите страни и пага па морам со шноли да и ја пресоберам..Дали има нешто детско за побрз раст на косата..Секој совет е добредојден @mariz гушки и нека помине се во најдобар ред
Здраво Мајки! Имам едно прашање за кое се надевам на ваша помош,се работи за внук ми кој има четири години. Значи вака,една недела одвреме на време се држи за курето,вели дека го боли,од прво мислевме така прави за да привлечи внимание оти и се смееше по малку,па велеше го удрило некое дете во градинка,ги прашавме воспитувачките,тие велат не виделе ништо.... Со денови се жали на болка и се фаќа преку панталончиња,а кога мокри нема никакви болки. Што да правиме? Родителите рекоа утре ќе го носат кај матичната,исплашени се оти и на една познаничка вака и било со детето и го носела на уролог да му го "отвора курето". Се извинувам ако бев вулгарна,ама не знаев како да се обратам,како да формулирам прашање,а загрижена сум и јас