Не му е отворено целосно,матичната им кажа да му го отвораат,од прво му го отвораја по малку,плачеше и прекинаа,подолго време го немаат чепнато,ама детето само понекогаш се чепка,се отвора,и ние го караме да не прави така. Што советуваш?
Да тркнете кај матичната и да и кажете дека не му е целосно отворено но и дека на удар се жали. Ако има потреба да ве препрати на уролог.
Фативме ние да испитуваме се по ред приватно, па ваљда ке се најде што е. Има неколку опции што би можело да биде и ќе откриеме. Деновиве видлива крв немаше, чепкав и не видов.. три пати по ред немаше.. исто вака беше и минатиот пат и одеднаш повеќе крв, па ке видиме денеска. Е сега сакам совет за афти во устата, огромни кругови се, плаче цело време... имаме голем пад на имунитетот, минатата недела 10ка хемоглобин, вчера паднато на 8... Ни дадоа некој спреј за афтиве, еднаш прснав, втор пат не сака да чуе.. Можам ли од онаа плава течност да му ставам? Имам ставано јас и бар таа знам нема грд вкус..
За афти, што и да му ставиш ќе го боли. Што спреј ви дадоа? Да не е проафтол? Пробај да го мачкаш со чепкалка за уши или со мала стерилна газа. Испрскај убаво со спрејот и намачкај. Мене метиленското плаво не ми помагаше воопшто, ама за афти ептен е индивидуално што годи. И се разбира, ако може да прави промивка со сода бикарбона, најубаво.
Да проафтол.. ама тоа мене грозно ми е на здрав јазик (се прснав), а не него.. Ке пробам со газа и со содата, фала.
Нека каже @Annath дали може да се става на дете гелот NBF Gingival. Ја читав дека помагал и за афти, и не е лош на вкус, мислам на природна база е. Само не знам од која возраст може да се користи.
@mariz мојата скоро имаше цел јазик со афти како резултат пад на имунитет, и поминаа за 7 дена единствено подобрување видов од гаргара со бетадине
Паѓањето на хгб може да е предизвикано од крварењето што го има. Значи дефинитивно има некое крварење во цревата и нешто го предизвикува. Дај Боже што побрзо да откриете што е, да се среди детето. Можеш метиленско плаво на афтите, слободно, а можеш и бетадине за орална употреба, за да не го пече. НБФ после 6 години, барем така пишува на упатството, затоа што не смее да се голта.
@mariz. За три дрна ни поминаа афтите а пишував колку само плаче..Ни дадоа едно мало шише на него пишува borax-glicerin на газа капнував и бришев за три дена се исчисти
Дека си прснала на здрав јазик, затоа Инаку во проафтолот има анестетик, и подолго време ќе биде без болка (колку-толку). Ти викам пробај со чепкалка за уши, мене така ми ги мачкаше стоматологот, за да не растекува течноста низ устата. Можеш и метиленското така да го мачкаш.
@mariz ко имаше Стефан коксаки, за раните на грло најмногу му помогна гел за непца Gengigel baby, вкус има на ванила и може да се голта, хијалурон е во состав за обнова на слузокожа во уста. Малку е поскапо, околу 600-700 денари, ама за 2-3 дена му поминаа, а цел беше меурчиња како ангина. Е сега ако го пробаш, прочитај прво во упатство да не содржеше лактоза. Не знам и за прополис без алкохол дали смееш, ама и тоа боли и лути.
@mariz pokraj ovie lekarstva i domasen med ako imas mackaj na aftite. Mnogu e efikasen protiv afti em i vkusen.
Почна сам да бара да го прскам од спрејот. . Значи дефинитивно многу му помага. Ке земам и Бетадине и плус плакнење со сода. Фала ви
Подобар е да, јадеше денеска бар повеќе без да се жали. Правевме снимање едно завчера со контраст, нешто невообичаено нема.. само надразнети му се најверојатно многу цревцата, бидејки контрастот и таму беше задржан по 24 часа. Направивме тест за интолеранција на храна, 176 видови.. зашто најверојатно е храната проблем. Крв многу малку имаше вчера, а 4 дена предходно немаше ич.. ама касна пак сладолед млечен завчера. Од денеска строго ке тераме без млечни производи... веќе сум 80% сигурна дека е млекото проблем. Ке чекаме резултати, па ке видиме што понатака...
Барем ти поолесна малку за тоа другите работи што се сомневаа, полипи и други работи. Кога ќе имаш резултати и од другото се ќе се реши. Се намачивте со трчање наваму натаму. Мило ми е што читам дека не се полипи и дека сте подобро.
Уште не е сосема веројатно дека не се полипи... колоноскопијата на крај ке ја остават, ке видиме прво резултативе од храна што ке кажат. Докторот не сака ништо да пропушти и да му направи директ колоноскопија... тоа на крај ако и покрај отфрлање на храната која смета има крв. Приметувам разлика од кога не давам млеко..
Мајки малиот ми е како топол на челото, а дома имам само Далерон сируп. За во случај да крене повисока, на 15-16 кг колку мл да му дадам?