@Kitten значи цел шприц плус 2мл? Јас ко што рачунав 15 мл ми идеше затоа да прашам реков, сигурно утнав нешто од паника.
Мајки сношти не му дадов Далерон, до кај 38 креваше и се ладеше сам. Сабајлето ко ништо. Два дена вака прави, што може да е, дали сте имале вакво искуство со децата? Инаку преку ден е се во ред, трча, јаде, игра, се нормално и вечерта исто си спие само што е топол по цело тело, и стапала и рачиња.
@mariz Ги има сите одамна, уште од пред да наполни 2 години. Не е претопло, по куси е дома. Неделата бевме на два родендени, во игротеката многу дечиња имаше со растечено носе, па се мислам некој вирус да не е ама никакви други симптоми нема, тоа ме чуди.
Да да, може да е вирус, штом не крева над 38 раат си Дај боже така да помине. Јас таман тебе ти давав вчера совет за дозирањето, и ние вечерта завршивме со Блок макс Во градинка повеќе од пола деца фалат.
Не знам што е, ама истото го поминуваме изминатите три дена. Тт варира, а далерон не пие. Крвна слика добра. Ноќта немаше тт, сабајлето 37.8. Не ја пратив во градинка. Си стана, весела и почна да си игра. Мерам тт 37.2, по пола саат 36.5. И вака е цело време. А да, и носот многу ѝ тече.
@Kitten оф леле, со помин да е. @NarCis@ И моево ништо нема сега, ама него ни носот не му течи. Што вируси се овие се чудам. Инаку исто варираше температурата, ќе се излади па пак се вжештува. @An-na не му дадов воопшто, прашав вчера за во случај да крева повеќе ама цела ноќ така беше до кај 38 и на крај сам ја спушти.
Не знам, навистина. Јас мислев дека е до топломерот, ама и по погледот секогаш ја заприметувам. Башка жешка. И по пола саат, пак ќе ја пипнам, добра е. На два ума сум дали да ѝ правам пак крвна слика, оти ме плаши дека толку се навикна и сака да оди, ѝ даваат балонче таму
Тоа го викам летечи вирус дај боже да е така, па да не се доразболи повеќе, да си помине... Може има јак имунитет па фатил нешто ама не се манифестира ептен страшно..
И мојот така пред 5 дена, скоро 3дена со ред качуваше Т 38,5 и сам ја спушташе, навечер ни беше потешко оти немирно спиеше и плачеше во сон па давав блок макс. Инаку денски весел беше па кога ќе качеше Т легнуваше и пола саат до саат лежеше додека да се спушти,после пак весела фаза па пак повисока Т. Ама кај нас заби беа во прашање долните 5ки никнаа, уште 2 петки фалат.
Мојава ноќта дигна тт до 38.2. Цела ноќ дежурав и тт сама спадна. Сабајле мерам, 36.5. Без далерон. Веќе 4-ти ден вака. Денес ја носам да испитаме кс. Се мислам дали и брисеви да ѝ земат од грло и нос. Можно ли е од бактерија тт да варира, сама да се покачува и сама да спаднува?
Можно е. Може и да има само еден ден темп а може и цело вр да има. направи и брисеви за да не одиш по сто пати. Ако даде високо црп како и да е ќе мораш брисеви. вака на сигурно си
Јас мислев да направиме кс и да почекаме одма резултати, па според тоа и брисеви ако има потреба. Ама пошто оди во градинка, 100% има нешто закачено
Растечен нос, ама со инхалации се држи некако, имаше само една мека столица, пред 2 дена, апетит никаков, а и вода намали со пиење, што е чудно, пошто претходно многу пиеше.
звучи како заби да ја мачат ама може и да е некој лесен вирус или бактерија. сето тоа си личи едно со друго. по црп и брисеви најдобро ќе знаеш кое е. мојов у принцип кога има вирус не крева тт а кога има бактерија знае да крене па да спушти и така во круг.
Заби не се, освен ако почнале 6-ки, ама мислам дека е рано за нив, има 3 и пол години. Со бактерии имаме скромно искуство, и уште не знам кои се симптомите. Високо црп и покачени леукоцити значат бактерија, така? Тоа во комбинација оди или како?