Мајки, изгледа и ние заработивме коксаки. Пд сношти два пати со тт до 38 а денес Нафрлен(благо) е на дланките и во усната шуплина, на нозе многу малку. Матичната го кажа вирусот медицински, но дете беше толку вознемирено не слушнав како рече, ама претпоставувам е ова. Е сега, ни препиша атб Оспен 3*5мл, пробиотик, вит ц, б комплекс... Мисла ми е само Оспенот, до сега не покажал фала Богу реакција, ама дека има пеницилин заби тресам. Имате искуства со овој антибиотик?
И ние си закачивме коксаки пред 2-3 недели, од каде да ми е да знам. Антибиотска терапија за вирусот не се дава, така ни кажаа на лекар а 3 пати го однесов. Нас ни дадоа само Б комплекс, нешто за афтите во уста ако има болка (јас мед му давав и два пати капки Нистатин). Повеќе овошје, зеленчук и течности. Јас дадов и се уште давам пробиотик и витамин Ц. Температура немаше воопшто, а еднаш сам побара сируп од малаксаност и истоштеност па му дадов Далерон 5 мл. Осипот трае долго, помеѓу недела и две. Не ги чеша и не им смета (освен афтите во уста ама тие траат пократко). Се раширил вирусов како плева. Најчесто е безопасен и без последици. Да знаеш дека може да се пренесеи 2-3 недели откога ќе мине. Ви посакувам побрзо заздравување. Со лесно.
Фала ти. Сега се консултирав и со друг педијатар, ќе го однесам утре и кај неа да го види, само да не качува веќе тт. За антибиотикот цело време се сомневав, иако не сум доктор, читам и запознаена сум,и затоа памет немам во глава. Инаку, од 6-7 дечиња што ги видовме, 5 обавезно беа со овој вирус.
А оспенот врз основа на што е препишан? Инаку ако е само за вирусов, не се дава антибиотик, туку само витаминска терапија и евентуално да се мачка осипот со нешто ако многу го чеша.
Она кажа дека е само вирус и името го кажа, па пренесе на сестрата да пријави плус еден случај. Толку разбрав. Утре го носам на друго мислење, се надевам нема да биде полошо за еден ден. Хгб одличен, леукоцитите малку покачени, но рече не е ништо страшно и опна Оспен. Човек да не знае што да прави веќе и со доктори и со болести. Да се редактирам дури има време Нему дури и не му се познаваат, едвај по 5-6 на рака има.
Еве една веб страница за деца со алергии. Знам дека н е ви е баш алергија во прашање ама има да бираш рецепти што нема да содржат одредени работи. http://www.kidswithfoodallergies.org/page/recipes-diet.aspx на следнава па имаш совети што е замена за јајце , млеко и слично, односно како да прилагодуваш рецепти што на пример имаат јајце во себе да ги подготвиш без јајце https://www.mamamia.com.au/allergy-recipes-for-kids/
Коксаки е, денес го носев кај друг педијатар. Денес веќе има и на нозе, под пазуви, во устата, кај газето.... Секаде кај што е меко се нафрлале децава, а моево е како перниче машала и ништо чудно цел да се нафрли Само со помин да е, кај сите па и кај моето.
Мајки сама му испитав крвна слика во Ремедика, вредностите се поразлични од други лабаратории... незнам дали има рипнато бар малку хемоглобинот. Но некако ептен ниски се и другиве работи... Од што сте задоволни за покачување на хемоглобин?
Мојава пие фероглобин, на наредна проверка веќе ѝ беше покачен хемоглобинот. Сируп е, вкусен е, благичок и не прави мачнини. Имаше еден од Бугарија, ама ич не ми текнува како се викаше, ако ѝ текне на некоја мајка нека пише. И тој сируп многу го фалат.
Да, Малтофер. Нас фероглобин ни го препорачаа. Пробавме неколку месеци со исхрана, ама немаше подобрување.
Пробај, јас гледам дека не влијае кај неа на столица или нешто стомак да ја боли, а и се разјаде. Башка кога ќе ѝ кажам дека треба да пие сирупче, како кученце трча по мене
Јас ставам скоро во секоја манџа како зачин, како оригано и во супи исто И просо во секоја супа ставам наместо фиде, малово ми беше од раѓање со низок хгб ама еве последниве 2, 3 пати кога беше болна и беше веќе над горна граница. Види само што смее Тео од природни работи, колку што те читав просо може, коприва може не ми текнува нешто друго