Здраво мајки,ме интересира до колку часот примаат примероци за копрокултура во Институтот за јавно здравје?Можда знае некоја од вас
Ги гледам по маркетите спакувани по десетина од фирма некоја. Купувал ли некој такви? Мене ми е многу страв од човек јајца да купувам. А како ги давате? Термички необработени јајца не би. Јас не конзумирам така, не па на дете да дадам.
Јас до сега немам давано, јас имам само јадено.. си зимав од тетка, чуваше она пилиња, но веќе не чува...
Фала на советите, решивме да оди, утре заминуваат. Тешко ми е бидејќи прв пат сме разделени, ама се надевам дека ќе му е убаво.
Мајки, од име на мојата пријателка која бара совет или искуство ќе прашам. Моментално се во болница со синчето 2.5 год,кое пред недела дена од играње во двор се закашлал и добил напад за повраќање( кашлаше и претходно) изгубил свест, побледел а устата помодрела. Со кидлород се средило се, но по некое време повторно истата случка. Сега има и бронхопневмонија,затоа се сеуште под терапија. Мајката кажува дека од тогаш уште два пати дошло до тоа но не до степен да се онесвести, туку само пребледува. Се жалел и на мешето пред ова, ехото е чисто. Мајката како мајка бара искуства совети решенија. После болница во нашиот град секако ќе го носат на дополнителни испитувања.
@LaDyDoLl срцето да се испита плус. Ако има бронхопневмонија сега, може и од тоа да е, ама обавезно на детски кардиолог да го однесат.
Тоа ја буни неа, не буни и сите. Беонхопневмонијата беше откриена другиот ден, откако беше хоспитализиран. Ден Пред случката со колапсот, го носеа кај матичен доктор, кашлаше и имаше шлајм, добил терапија Макропен сируп. Вечерта испил една доза и утрото на гладно пак. Докториве во болница ја карале и зошто дала атб на гладно. Фала за советот, добредојден ќе и биде многу е исплашена и збунета.
@alana @TheSecret Лошо е што докториве сеуште им немаат дадено дијагноза, или и они сами немаат откриено. Примаше само лендацин(тоа даваат во нашава болница) за бронхопневмонијата. Детенцето скоро цело време кашлаше, и мајката го носи кај матичен лекар, нема ништо на гради, и ај или атб и тоа од типот на Зинат, Трицеф... или нешто за алергија. Цело време и велев барај мислење од друг доктор, барај упат за Козле, моето внуче така го ,,лекуваа,, тука и само болен беше, откако отидоа Козле е друго дете, со одредена дијагноза и соодветна терапија. И сеуште се во болница, веднаш откако ќе бидат испуштени одат во приватна клиника.
Како се откажавте од ноќно пиење на млеко, ако воопшто има нркоја мајка со таков проблем сеуште? 2 год и 2 мес станува по 3 пато. Преку ден пие се од чаша а навечер ми бара млеко од шише. Ако не дадам не продолжува да спие а да ја залажам во раце не сака да ја кренам. Плаче и бара млеко и тоа јасно со збпрови ајдеее малку дај ама малку . Како да се одвикнеме?
Мојата јатрва имаше ист проблем до три можеби и повеќе пиеше млеко навечер и тоа скоро литро.Почна да му го меша со вода значи многууу вода и малку млеко и сам престана изгледа веќе не му беше така убаво.
Кај нас со мешање не поминуваше. Нити со постепено намалување. Плачки и врискање во радиус од 1км, две недели, со зборовите: сакам млекцееееее. После тоа виде-не виде, престана да бара. Ама да напоменам дека почнавме и теравме до крај, ниеднаш не се откажавме.
Мој совет што порано , тоа подобро да се одвикне детето од ноќното млеко. Ќерка ми почна да преспива нормално кога и го укинав ноќното млеко, а до тогаш хаос со спиењето беше, никаков ред (нормален ) на спиење. Различни периоди ја фаќаа тогаш, де во 5-6 разбудена за млеко и после се расонуваше, два часа си играше и после презаспиваше до кај 11-12 часот. Јас кога одлучив дека завршува со млекото, така и бидна. Не и попуштив, за неколку дена како ново дете беше. Јас, како мама една ноќ успеав да преспијам како човек. Некаде после 2-от роденден се скаравме со ноќно млеко, а требаше порано. Ако не пие ноќе, гладна да не остане случајно, а за забите да не зборувам...
еве пробавме 2 ноќи, некако добро ни оди, се договоривме и го фрливме шишето , сега стана во 4 и ми бара вода, дека шише нели за млеко нема, а вода пие од нера критис дизни шишенцата и се напи малку поплака 5 мин и заспа во 7 ми побара млеко во мало шише, дека олемото го фрливме , и стана го зема и полни ми вика ќе треба и тоа да го фрлиме, иначе еве 2 дена заспива и денски и навечер без млеко без шише т.е нудам од чашка колку испие толку
Супер напредок Фрлете све што е шише, и немора да заспива со млеко ако не сака. Нека си го пие во текот на денот. Еве син ми е скоро 2 год одамна не пие од шише, а адаптираното пред спиење ми го одби пред 2м. Па пие кравјо еднаш до два пати преку ден кога ќе побара
е кај нас пие млеко само пред спиење од шише иначе не заспиваше, исто беше и навечер станува на 2 до 3 часа и плаче и млеко бара, е сега сакам тоа преку ноќ да го укинам ама мислам дека и пред спиење ако и дадам од шише ќе бара и преку ноќ