Мојава погаѓа една недела пред одмор, како зимоска Блокмакс минатиот пат не и спушти ич, далеронот повеќе спушта. Конечно малку стана од кревет и јаде прв пат денес
Има некој искуство со коксаки? Не сум сигурна дали е тоа ама малку е исфрлана на ноџињата, сега на рацете и кај мешето. Црп покачено 2.15, ле мирни, брисеви стафилокок во нос. Се жали и устата дека ха боли а неможам да видам дека има нешто, изгледа се ситни афтучки. Осупот беше прво како шаренило ама сега има 2, 3 брунчиња како плулчиња. Сипаници не се сигурно има прележано. На лекар ја носев одма првиот ден и вајда беше рано да се каже. Поради покачено црп и црвено грлце докторот што ја гледаше ми даде амоксиклав а нејзината докторка после на тел.ми кажа да почекам. Ја се зезнав у паника, бидејќи знае да влоши брзо го почнав, сега ме јаде јанза, коксаки нр се лечи со антибиотици . Ќе ја носам секако пак ама добро би мо дошол совет од паталец
Мислам дека малиот на @LiliBoz имаше коксаки. Ако лажам Лили ќе ми извиниш сум помешала Инаку како што слушав за коксаки не даваат ништо, само антипиретик ако има тт и се друго по пропис како за обичен вирус. Мојата матична кога ја прашав (оти во градинка цела група кај големава го прележаа освен она) ми рече, не се секирај, не е толку страшен како што го прикажуваат.
И мене микробиолог ми кажа дека е малку напунпана паника а не е толку страшен, мене ми е шубе што се избрзав со антибиотикот ама тоа е, нека го испие ова шишенце едно 5дена не чини да го прекинувам
Мојата имаше пред 2-3недели. Поима немам дали беше коксаки иако беше од др потврдено.Сликите на интернет и како таа изгледаше беше сосема различно.Такви како на интернет имаше 2-3брумченца.На нозете и рацете имаше многу ситно непримето осип.Изгледа и во уста ама не можевме ние ништо да видиме.Исто и по цело телце многу ситни брумченца.Не јадеше многу и качи еден ден 38,5 тт. За 3-4 денови помина.Ние поминавме многу лесно.На нога. Со лесно и побрзу да оздравее малата и на одмор да одите
Фала ти. Исто е исфрлена како ти што опишуваш ама изгоре 2 дена до 40, сега е подобра само јадење кубуриме ама со молење нешто каснува
Може да качи и до 40 .Отидете пак на др да ви потврди дали е тоа.Кај нас не ни мерат крвна слика и не знам да ти кажам колку е било црп.Да не ви е или тој вирусот со 3 дена 40 па 41 и после 3 ден осип по цело тело кој трае исто 3 дена.Не е заразен осипот.Незнам на мк како се викаше. ЕДИТ .Ама од кога ќе избие осипот снемува тт.
Да во право си. Мојот имаше коксаки на 19 месеци. Многу лесно го пројдовме. тип А беше. За една недела се исчисти. Без терапија.
M&M како е малата? И мојата имаше коксаки, и исто не ѝ спаѓаше температурата ни со далерон, ни со блокмакс.
Исто ние поминавме, температурата не спаѓаше никако и се исфрли во устата цел. Не ти треба антибиотик, мене ми даде само прополис да прскам, ама да знаеш ќе ја боли од него и нема да може да јаде два дена. Со лесно и побрзо да помине
^^Мислам дека е од топлото.И кај нас (Германија) овие денови е претопло и често моите три деца се со брунчина (малечки болчина)по цело тело.Цел ден се само по шорцеви, а маичка не носат претопло е.На моменти им се губат , па поново се појавуваат и се така во круг сиве денови. Како и да е следи го детето ако има температура или ти е нешто невообичаено утре патот и посетете доктор. Без паника и добра ноќ.
Цел ден ја пратам весела е нема тм.на 2-3 пати ја заприметив се чешкаше ама онака на кратко.па и другово гледам има не толку колку малечково ама сепак има ке видиме до утре дали ке ги снема ако не на док.Фала на одговор и добра нок
Вруќици излегуваат од топло, ама па тие не чешаат и вака мене не ми личи ова на врукици од топло, еве малава е склетџика и ептен се поти, нонстоп има врукици и не се вакви. Може и некоја алергија да е...
Мене ова ми личи на алергија, и моето имаше ваков осип испадна дека е алергија од купечка каша на холе која содржи боровинка.
од жешко е ова. бањај со купка од невен лаванда нешто такво ќе се смират. ништо не мачкај. кога е алергија повеќе се како дамки и кога ќе ги стиснеш обледуваат на кратко.
Жалосна на мене ова ми изгледа од топлото. И син ми има вакви ама не се чеша, може онака се причешала само.. Јас мислам дека е од топлото
Мајки утрово син ми стана со кашлица однеднаш немаше ништо..Утрово ретко се закашлуваше сега почнува почесто мокра кашлица и некако длабоко..Пред еден час го забележав и гласот му е зарипнат малку..Почнав да го инхалирам го намачкав со маст expulmo..Матичната ни е на одмор не сакам по дежурно да го носам аама ако морам ке одам..Некој слично искуство што да дадам друго нешто природно